Забава
Џони Деп се појави на „Ем-ти-ви“ наградите како астронаут
Актерот Џони Деп, кој се обидува да ја обнови својата кариера по грдата судска битка за клевета со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, се појави како лебдечки астронаут на доделувањето на „Ем-ти-ви“ наградите за музика и видео во неделата.
Лицето на Деп беше дигитално вметнато во кацига на вселенски човек, инспирација на Moon Person статуата на организаторот на наградната церемонија.

Тој кажуваше куси шеги во текот на настанот во живо.
„Ми требаше работава“, се пошегува ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ на почетокот на шоуто.
Подоцна на церемонијата, Деп рече дека е достапен за „родендени, Бар Мицва, свадби, будење, сите стари нешта што ви требаат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Mисица падна на сцената на „Мис Универзум“, па кажа дека било дел од настапот
На изборот за Мис Универзум 2025 во Тајланд, претставничката на Велика Британија, 37-годишната Даниел Латимер, предизвика големо внимание кога падна на сцената за време на претставувањето на националните костими. Снимката веднаш се прошири на социјалните мрежи, а публиката и жирито беа шокирани – сè додека не се откри дека падот бил дел од настапот.
Латимер се појави во костим инспириран од ликот Елајза Дулитл од филмот „My Fair Lady“, делеше цвеќе, а потоа намерно се сопна и падна. По неколку секунди стана сама, го соблече капутот и ја откри раскошната балска тоалета, што предизвика силен аплауз. Подоцна објасни дека падот симболизира трансформација, како на Елајза, така и нејзината лична.
View this post on Instagram
На Инстаграм пошегува се дека „веројатно ќе заврши во Daily Mail поради падот“, и откри дека при настапот си скршила нокт – единствен дел што не бил планиран.
Латимер вели дека приказната за Елајза ја гледа како своја: израсната во сиромашниот Ист Енд во Лондон, сама си го изградила патот до светската сцена.
Настапот стана еден од најкоментираните на годинашниот избор, додека преднатпреварите влегуваат во финална фаза. Финалето на Мис Универзум 2025 ќе се одржи на 21 ноември во Бангкок.
Забава
Сопругата на словенечкиот премиер е мисица и активистка, со својот стил повторно го привлече вниманието, гласајќи на референдумот
Сопругата на словенечкиот премиер Роберт Голоб, поранешната мисица Тина Габер, го привлече вниманието кога двајцата денес заедно гласаа на референдумот за асистирано самоубиство. Габер се појави во едноставна црна комбинација со елегантен светлобеж капут.
Голоб и Габер се венчаа на 6 септември 2025 година, на интимна церемонија во Струњан, со присуство на блиски пријатели и семејство. Врската ја потврдија во 2023 година и оттогаш повремено се појавуваат заедно на настани, иако приватноста ја чуваат внимателно.
Тина Габер е позната од 2008 година кога ја освои титулата Miss Hawaiian Tropic Slovenia. Студирала социологија, а подоцна станала водителка, инфлуенсерка и активистка за правата на животните и заштита на животната средина. Изградила имиџ што ги спојува модата, ангажираноста и здравиот стил на живот.
Прочитај и: Сопругата на словенечкиот премиер за свадбата: „На гостите им ги одзедовме мобилните телефони“
Забава
(Видео) Ставил камера во машината за миење садови – реакциите: „Чао, пријатно, од сега ќе перам на рака“
Кратко јутуб видео предизвика лавина реакции кога стана јасно што точно се случува во машината за садови додека работи. Каналот @povsadventures одлучи да го сними целиот процес одвнатре и да ја открие тајната на циклусот на миење.
Авторот поставил светло и камера внатре, ја наполнал машината со садови, додал капсула, ја затворил и го снимил целиот циклус. „Како и многумина, и јас се прашував што точно се случува внатре“, објасни тој.
Сè изгледало нормално – додека не се појавила жолто-кафена вода.
На почетокот, видеото покажува како млазовите вода прскаат низ машината и садовите постепено се чистат. Но, вниманието на гледачите го привлече бојата на водата – течноста станала кафено-жолта, што предизвика шок и многу прашања.
Во коментарите се појавиле различни теории:
– дека бојата доаѓа од капсулата за миење,
– дека причината може да биде железо или манган во водата,
– или дека машината е неиспавна и не ја исфрла водата како што треба.
Интернет реакциите беа бујни и духовити. Некои корисници се пошегуваа:
„Брат му ја поврзал машината со септичката јама.“
„Фала што ми покажа зошто е најдобро да се мие на рака.“
Други беа искрено загрижени:
„По ова, не сум сигурен дали садовите навистина се чисти.“
„Добро е што не сум единствениот шокиран од кафената вода.“
Се јави и лице кое тврди дека работело како инсталатор на вакви апарати:
„Пред машината да се вклучи, се гледа како стои кафена вода на дното – тоа не е нормално. Или ова е направено за реакции, или машината е расипана и не ја исфрла водата.“

