Забава
„Џон Вик 4“ го враќа Ленс Редик како хотелски консиерж

Со почнувањето на продукцијата на „Џон Вик: Поглавје 4“, новото продлжение на сагата за еден од најопасните филмски убијци, познато лице се враќа во екипата – Ленс Редик.
58-годишниот актер го даде својот потпис за да ја репризира улогата на Шарон, мистериозниот рецепционер на хотелот „Континентал“, објави „Дедлајн“.
Редик му се придружува на повратникот Кијану Ривс како главен лик заедно со Лоренс Фишбурн повторувајќи ја улогата на кралот Бровери од последните два филма.
Третото продолжение на серијалот го врати главниот протагонист со уценета глава на 14 милиони долари. „Џон Вик 3“ продолжи каде што заврши минатиот пат – со Џон (Кијану Ривс), кој има време од еден час да направи план за бегство по изгубената заштита од хотелот „Континентал“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Снаата на Трамп објави песна, луѓето и се потсмеваат: „Ова е најлошото нешто што сум го слушнала“

Лара Трамп, снаата на американскиот претседател Доналд Трамп, минатиот петок објави песна наречена No Days Off, која е создадена во соработка со музичарот Френч Монтана.
Сопругата на Ерик Трамп ја изненади јавноста со нов сингл во кој пее за тоа како нејзината работа често се одвива надвор од очите на јавноста. Лара во стиховите зборува за тоа како една личност е многу посложена од она што јавноста го гледа на екранот, а инспирацијата за фотографијата ја најде во филмот „Mr. & Mrs. Smith“.
Додека некои обожаватели на Доналд Трамп се воодушевени од нејзината музика, други безмилосно ја исмеваа, а имаше и интересни коментари, како на пример дека нејзиниот глас е „злосторство против човештвото“.
„Не мора ни да го слушам ова за да знам дека е страшно“, „Ова е најлошото нешто што сум го слушнал“ и „Таа има ужасен глас“, се само дел од коментарите.
Забава
Канје Вест објави 18+ фотографија од Бјанка Ценсори

Канје Вест ги изненади своите следбеници споделувајќи гола фотографија од неговата сопруга Бјанка Ценсори за да го промовира нивниот претстоен филм.
Тој на Инстаграм објави фотографија од Бјанка како лежи гола на подот, откако последните недели се појавија гласини за нивното раскинување.
Среде гласините за развод, Вест ја пофали Бјанка, истакнувајќи дека е многу горд на својата сопруга за нејзиниот претстоен филм, чиј продуцент е тој. „Толку сум горд на мојата сопруга што глуми во нејзиниот прв филм снимен во Јапонија, во режија на Ванеса Бикрофт и продуциран од мене“, напиша тој покрај фотографијата, која предизвика бурни реакции, а многумина напишаа дека повторно ја преминал границата.
Забава
Неверојатно ефикасни – тренинзи кои согоруваат до 1.000 калории

Тренингот е секогаш корисен. Точно, но само делумно, бидејќи различните тренинзи согоруваат калории на различни начини.
Сè би било едноставно доколку бројот на потрошени калории за време на тренингот би бил секогаш ист, но тоа не е така. Бројот на калории што ги согорувате за време на вежбањето зависи од повеќе фактори, меѓу кои најважни се времетраењето и интензитетот на вашето вежбање.
Ако си поставите одредено темпо, колку подолго тренирате, толку повеќе калории ќе согорите. Исто така, ако си поставите одредено време, колку поинтензивни се вежбите, толку повеќе калории согорувате. А сепак, математиката не завршува тука.
Некои тренинзи согоруваат само 150 до 200 калории, додека други можат да согорат до 800 калории за еден час, а за да изгубите килограм за две недели, треба да согорите најмалку 500 калории. Дали сега е појасно колку е важен изборот на тренинг?
1. Најефикасните тренинзи за слабеење: Вежби кои согоруваат до 1.000 калории
Интервален тренинг со висок интензитет или HIIT: до 1000 калории
Овие активности согоруваат многу: до 1000 калории на час. Ова е тренинг со многу висок интензитет и не е за секого. Тоа е комбинација од џогирање, кардио и тренинзи за сила и не може, а да нема ефект.
Табата: до 900 калории
Табата е погодна за оние кои сакаат активни тренинзи. Ова е одлична техника за интервални тренинзи за зголемување на издржливоста и целокупниот тонус. Теоретски, програмата е дизајнирана да комбинира 20 секунди интензивно согорување проследено со 10 секунди одмор, што ви овозможува да согорите до 900 калории на час.
2. Најефикасни тренинзи за слабеење: 500 до 800 калории на час
CrossFit: околу 800 калории за 1 час
Тоа е многу интензивна активност, па не е изненадување што ќе согорите огромна количина на калории додека трчате, кревате тегови и скокате со јаже. Ова е ефикасен тренинг за слабеење, градење сила, агилност и флексибилност.
Бокс: 500 до 800 калории на час
Овој популарен спорт не само што ќе ви даде затегнати раце, туку и ќе ви овозможи да согорите од 500 до 800 калории на час. Дополнително, боксот може да помогне да се подобри рамнотежата, издржливоста, па дури и држењето на телото. Освен тоа, вие ќе бидете последната личност со која некој сака да се бори.
Body By Simone: околу 600 калории
Кардио рутината на фитнес гуруто Симон Де Ла Ру и донесе следбеници дури и меѓу познатите личности. Основата на овој час е танц-кардио со висок интензитет во комбинација со вежби за сила и тонирање.
3. Најефикасни тренинзи за слабеење: Од 350 до 500 калории на час
Пливање: околу 450 калории
Постојат различни стилови на пливање кои го менуваат вкупниот број на потрошени калории. Но, во просек, пливањето ви овозможува да согорите од 180 до 300 калории за половина час. Доколку планирате интензивно да вежбате, вашата потрошувачка се зголемува на околу 450 калории.
Зумба: 400 до 600 калории
Ако танцувате со сета сила, можете да согорите од 400 до 600 калории за време на овој латиноамерикански танц. Веројатно ќе се забавувате толку многу што нема ни да забележите. Зумбата влијае на неколку различни мускулни групи одеднаш за целокупното тонирање на телото.
Бикрам јога: 350 калории за 90 минути
Не е ни чудо што инаку се нарекува „жешка“ јога. Можете да согорите околу 350 калории во сесија од 90 минути.
Качување по скали: околу 300 калории за 30 минути
Не мора ни да одите во теретана за активно да согорувате калории. Заборавете на лифтот, најдете ги скалите. Качувањето е одличен тренинг за долниот дел од телото, кој вклучува и кардиоваскуларна работа. Качувањето по скали со умерен интензитет согорува 180 до 300 калории на секои 30 минути. Забрзувањето на темпото може да го зголеми овој број.