Забава
Џон Стамос: Дадилката сексуално ме злоупотреби кога бев дете
Ѕвездата на хумористичната серија „Полна куќа“, Џон Стамос, во своите претстојни мемоари открива дека како дете бил сексуално злоупотребуван.
Тој пишува дека неговата дадилка го злоупотребила кога имал 10 или 11 години и дека тогаш никому не му кажал за тоа.
„Тоа беше како – ако се правам мртов, ќе престане. Но, не беше целосно агресивно, сепак, не требаше да се справувам со тие чувства“, рече тој во интервју за „Пипл“.

Тој го потиснал тој настан длабоко во себе.
Актерот вели дека било потребно да напише книга за да ја разбере тежината на инцидентот.
„Секогаш ми беше во потсвеста и затоа толку многу се залагам за оние што доживеале злоупотреба. Секогаш по малку се сеќавав на тоа. Секогаш беше таму, но го потиснував како и повеќето луѓе“, вели тој.
Мемоарите If You Would Have Told Me излегуваат следната недела во САД и се навраќаат на низа мачни моменти од животот на актерот, вклучително и неговата борба со алкохолизмот и наркотиците, како и смртта на неговиот долгогодишен пријател Боб Сагет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Никогаш не е доцна за љубов, вели новиот партнер на Џенифер Анистон
Новиот партнер на Џенифер Анистон, Џим Кертис, изјави дека никогаш не е доцна да се најде љубов, пренесе „Пипл“.
На прашање како да се пронајде љубов по 40-тата година, Кертис одговорил дека тоа се прави исто како и на 22 или 32 години – но со повеќе самодоверба, искуство и автентичност.
„Прво сакајте се себеси и знајте дека сте во совршени години“, рекол тој, додавајќи дека „животот не завршува на 42“.
Кертис и Анистон првпат биле видени заедно во јули, а потоа и на премиерата на новата сезона на серијата The Morning Show и на заедничка вечера со актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга. Според извор за „Пипл“, „тие повремено излегуваат и уживаат во дружењето“.
Забава
Дали знаевте дека во Европа постои село на Штрумфовите? Сè е сино!
Фото: Селото Júzcar, скриено во срцето на Андалузија, Шпанија, со своите сини куќи и ѕидни мурали инспирирани од Штрумфовите, стана една од најнеобичните европски атракции.
Во срцето на Андалузија, во Шпанија, се наоѓа необично место – селото Хускар (Júzcar), познато како „селото на Штрумфовите“, каде што сите куќи се обоени во сино.
До 2011 година, Хускар бил обично бело андалузиско село, сè додека продукциската куќа „Сони“ не го избрала за промоција на анимираниот филм Штрумфови, целосно обоивши го во препознатливата сина боја.
View this post on Instagram
По завршувањето на кампањата, куќите требало повторно да се вратат во бело, но мештаните одлучиле да ја задржат сината боја, откако туристите почнале масовно да пристигнуваат. Денес, селото е познат туристички бисер – украсено со мурали од Штрумфета, Папа Штрумф и Гаргамел, големи скулптури од печурки и патеки за прошетки меѓу зелените планини.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Хускар, кој некогаш бил индустриско село, денес живее од туризмот и гордо го носи прекарот – „најсинoто село во светот“.
View this post on Instagram
Забава
Ѕвездата на „Очајни домаќинки“: Не сум била под нож, да се биде жена е тешко, стареењето е тешко
Холивудската ѕвезда Тери Хачер, позната по серијата Очајни домаќинки, во ново интервју изјави дека никогаш не се подложила на естетска операција, иако призна дека не ја исклучува можноста во иднина.
Во подкастот „Д Скини Конфиденшл Хим енд Хер Шоу“ таа истакна дека ѝ пречи неискреноста на познатите жени кои тврдат дека не направиле ништо, а очигледно имаат естетски зафати.
„Кога славните лажат, сите други се чувствуваме лошо“, рече актерката, додавајќи: „Да се биде жена е тешко, стареењето е тешко.“
Хачер објасни дека нејзиното решение за стареењето е „внатрешна работа – интелектуална и емоционална“, а не пластична хирургија.
Таа се осврна и на двојните стандарди во Холивуд: „Светот е поблаг кон стареењето на мажите. Тие и на 70 изгледаат како ’најсексапилни живи луѓе‘, а жените постојано се под лупа.“

