Забава
Џорџ Клуни со сопругата Амал на премиера на нов филм под негова режисерска палка
Големата холивудска ѕвезда и миленик на дамите Џорџ Клуни го истакна класично добриот изглед додека присуствуваше на премиерата на своето ново режисерско остварување, The Tender Bar, во неделата во Лос Анџелес.
Сопругата на Џорџ (60), Амал Клуни (43), изгледа софистицирано во црна креација со сребрени апликации.
Џорџ и Амал, кои имаат четиригодишни близнаци Ела и Александар, ретко се појавуваат заедно на настани. Но, моќната и ценета меѓународна адвокатка за човекови права очигледно не можеше да ја пропушти премиерата на новото филмско остварување на својот сопруг.

Џорџ Клуни зрачи со гордост додека ја држи сопругата близу до себе, со раката лесно префлена околу нејзината половина. Дефинитивно, еден од најубавите славни парови.
Исто така, присутни на настанот со многу sвезди беа и актерите од филмот, вклучувајќи ги Бен Афлек, Лили Рејб, Тај Шеридан и Кристофер Лојд, како и други големи имиња кои излегоа да ја видат специјалната проекција на филмот на „Амазон студиос“.
Ова е филмска адаптација на автобиографијата на писателот добитник на Пулицерова награда, Ј. Р. Моринџер, познатиот бестселер од 2005 година со оригинален наслов The Tender Bar.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Се одложува концертот на Божо Вреќо во Македонската филхармонија
Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини.
Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум.
Сите купувачи кои сакаат да го остварат своето право на поврат на средствата за купените билети можат да го направат тоа на продажното место каде што билетите биле купени, вклучувајќи ја и онлајн-платформата karti.com.mk.
Забава
Влатко Лозаноски со мегашоу: „Километри љубов“ на 7 март во арената „Борис Трајковски“
Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност.
„Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко“, вели Лозано за концертот во арената „Борис Трајковски“.
Картите за настанот се веќе во продажба. Промотивни понуди за истите веќе можат да се најдат на сајтот на kupikarta.com.
Забава
(Фото) Крие магија под капутот: една од најубавите жени во најкраткото фустанче досега
Актерката Ања Тејлор Џој се појави на настан во Њујорк организиран од „Тифани и ко.“ и ги потсети сите зошто баш таа е избрана за најубава жена на светот.
Русокосата убавица за овој настан избра краток бел фустан, со асиметричен топ и висока јака, што му даде на целиот моден изглед доза драма.

Но, и покрај сето тоа, нејзините долги нозе беа во преден план, па нема некој кој не ѝ обрна внимание на Ања кога се појави пред фотографите.

За дополнително да го нагласи својот изглед и шминката, Ања ја исправи косата и ја собра во пунџа, а белиот фустан го спои со едноставни потпетици во иста боја. Преку него носеше преголем капут, исто така во бела боја, кој од сите детали имаше само ремен за да ја нагласи половината.

И тоа беше доволно Ања Тејлор Џој да биде главна тема уште од првиот чекор.
фото: принтскрин

