Забава
Џулиен Мур: Фразата „грациозно стареење“ е тотално сексистичка
Холивудската актерка Џулиен Мур ја критикуваше фразата „старее достоинствено“ нарекувајќи ја тотално сексистичка затоа што најчесто се користи за жени.
60-годишната црвенокоса, која секогаш воодушевува со својот стил, коментарите ги даде во новата насловна статија за магазинот As If, пренесува неделникот „Пипл“.

„Има голема доза на осудување во поимот достоинствено стареење. Зарем постои недостоинствен начин на стареење?“ рече ѕвездата на „Ханибал“.
„Секако, немаме друга опција. Никој нема опција за стареење, па затоа не е позитивна или негативна работа, едноставно е. Тоа е дел од човековата состојба, па зошто секогаш зборуваме за тоа како да е нешто над кое имаме контрола?“
„Како деца ни е даден наратив дека продолжуваме да растеме во училиште, потоа можеби одиме на факултет, и тогаш завршува и идејата за раст“, рече Џулиен. Таа сепак истакна дека во тој момент на луѓето им останува да го живеат својот живот и во меѓувреме постои потенцијал за внатрешен раст.
„Да продолжиме да се предизвикуваме себеси, да се интересираме, да учиме нови работи, да бидеме покорисни за другите луѓе, да бидеме личност што им е потребна или посакувана на вашите пријатели и семејство. Како да продолжуваме да се развиваме? Како подобро да се снаоѓаме во животот за да имаме уште подлабоки искуства? Тоа треба да биде стареењето.“
Џулиен со одобрување ја цитираше оскаровката Хелен Мирен, која еднаш рече: „Во животот имаш две можности: или да умреш млад или да остариш“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

