Забава
Џулиет Бинош го одбрани Харви Вајнстин
Оскаровката Џулиет Бинош ја повика јавноста да стави крај на цензурата на случајот со Харви Вајнстин и додаде дека „правниците треба да си ја вршат својата работа“.
„Се обидувам да се ставам во негова кожа. Мислам дека е доста“, изјави Бинош, која е на чело на жири-комисијата на Берлинскиот филмски фестивал.
Актерката додава дека таа немала никакви проблеми кога работела со филмскиот магнат на своите филмови „Чоколадо“ и „Англиски пациент“.
Вајнстин беше обвинет за сексуално вознемирување од преку 80 жени.
Голем број од овие обвиненија се однесуваат на инциденти од пред десетина години, а Вајнстин призна дека неговото проблематично однесување предизвикало многу болка, но ги отфрли обвиненијата за сексуални односи без согласност, за кои кажа дека се лажни.
Харви Вајнстин во моментов е обвинет за сексуална злоупотреба и силување.
Бинош во 2017 во интервју со францускиот весник „Ле Монд“ призна дека била нападната од филмски продуцент кога имала 18 години.
Таа вели дека никогаш немала таков проблем со Вајнстин, но дека забележала оти тој има некакви проблеми.
„Како продуцент, тој беше прекрасен. Сметам дека е одличен продуцент. Не смееме да го заборавиме тоа, иако некои режисери и актери искусија проблеми. Особено актерки“, вели Бинош.
„Сакам само да додадам дека му посакувам мир, а вистината ќе излезе на виделина“, додава Бинош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

