Забава
Џулиен Мур тажна дека не била со синот кога дипломирал на колеџ

Џулиен Мур се етаблира меѓу најистакнатите актери од својата генерација, со многу емотивни и незаборавни улоги во текот на својата речиси 40-годишна кариера.
И во редок потег, нетипичен за неа, оскаровката своите лични емоции ги изнесе во јавност откривајќи дека срцето ѝ е скршено поради тоа што семејството не можело да биде со синот и да го слави денот на неговото дипломирање.
Келеб е меѓу милиони матуранти и средношколци кои мораа да пропуштат каков било вид традиционална церемонија во услови на пандемија на Ковид-19.
Како резултат на рестрикциите, актерката (59) не можеше да присуствува на настанот, но, сепак, на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од 22-годишниот син на денот на дипломирањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Мајли Сајрус објави емотивно црно-бело видео, плаче додека ги пее стиховите

Мајли Сајрус објави емотивна песна и видео од нејзиниот албум „Something Beautiful“.
Денес, поп-ѕвездата го објави синглот „More to Lose“, втората песна од нејзиниот претстоен албум, кој треба да излезе на 30 мај.
„Во песна како „More to Lose“, се обидувам да отпеам сè од првиот обид. Toa е навистина приказна и не сакам ништо да ја прекинува, да ја преиспитува или да брка совршенство“, рече Сајрус во разговор за песната.
Забава
(Видео) Тони Цетински им ја посвети новата песна на децата на разведени родители: „Тие страдаат“

Тони Цетински објави нова песна. Се вика „Пиши пропало“. Композитор на песната е Анте Пекотиќ.
„Морам да признаам дека имав тешка задача во оваа нова песна, бидејќи не само што Анте напиша нешто многу искрено, интимно и силно, а таквите работи воопшто не се лесни за изразување во песна, туку и јас самиот поминав низ истото што Анте го подвлече во зборовите на авторот во оваа песна. Многу ми е чест и му благодарам многу за довербата, бидејќи не секој може да напише нешто вакво и да го изрази пред луѓе“, рече Цетински.
Тој ја посвети песната на децата на разведени родители.
„Многу луѓе, некаде таму, можат да се идентификуваат со она што го претставува ‘Пиши пропало’, па затоа се согласивме да им ја посветиме оваа песна ним, како и на сите деца на разведени родители. Да, за жал, денес има многу разводи меѓу родителите и го сметам тоа за пораз за двете страни, каде што децата многу често страдаат. Би сакале да не биде така и љубовта кон децата секогаш да биде на прво место“, додава тој.
Забава
(Видео) Пополни усни без хијалурон за 3 минути, сосема природно

Ако сакате пополни усни, популарна блогерка покажа како да го постигнете овој ефект користејќи сосема природен метод.
Познатата јутјуб блогерка „Rclbeauty101“ обожава да споделува трикови и совети за убавина на својот популарен канал, а овој пат покажа како можете да ги зголемите усните природно, без да одите во салон или да се подложите на козметички третман.
Таа детално го опиша секој чекор од нејзината процедура за зголемување на усните, а еве што ви е потребно ако сакате пополни усни за само неколку минути.
Пилинг за усни
Добро истријте ги усните со четка за заби за да ја подобрите циркулацијата.
Смеса за апликација
Вазелин – ви треба таков што можете да го купите во аптека. Ставете една лажичка вазелин во сад.
Цимет – по можност капсула или масло.
Добро измешајте го циметот и вазелинот, а потоа нанесете ја оваа смеса на усните и оставете ја да делува околу половина минута. Може да остане на усните колку што сакате, а можете да го отстраните со марамче.
Вшмукување
Позната техника за која се зборуваше толку многу пати и со која мора да бидете многу внимателни за да избегнете повреди. Не смеете да одите подалеку од линијата на усните, затоа никогаш не смеете да ја допирате кожата надвор од пределот на усните со садот, бидејќи тоа ќе остави модринки и дамки.
Најдете сад што ќе одговара на вашите малку стиснати усни, така што садот нема да допира друга кожа. Создадете вакуум со вшмукување на воздухот од садот.
Шминка
Усните ќе ви бидат отечени по оваа процедура, но ако сакате малку да ги разубавите и да постигнете поголем ефект на пополни усни, шминката ќе ви биде од голема корист.
Исцртајте ги усните со молив, потоа нанесете кармин во вашата боја на усните и, на крај, течен кармин или посветол сјај – само на средината на усните.
Рејчел објасни сè чекор по чекор и детално во нејзиното видео на „Јутјуб“, па погледнете како го прави тоа, а ако сакате пополни усни – без хијалуронска киселина, следете ги нејзините упатства.