Забава
Џ. К. Роулинг заработувала повеќе од 1 милион долари месечно во изминатите две години
Џ. К. Роулинг, авторката на романите за Хари Потер, заработувала дури 637.321 фунта месечно во последните неколку години, делумно благодарение на успехот на своите книги за приватниот детектив и воен ветеран Корморан Страјк, кои се претворија во ТВ-серија.
55-годишната авторка што ги напиша книгите „Страјк“ под псевдонимот Роберт Галбрајт заработи 12.850.000 фунти во 2018 година и 2.445.725 фунти минатата година од компанија што се занимава со нејзините ТВ-дела, според весникот „Сан“.

Книгите Strike се трансформирани во фасцинантна драмска серија „Детектив Страјк“ од нејзината продукциска куќа „Бронте филм и телевизија“.
Команијата е одговорна и за серијата The Casual Vacancy на Ејч-би-о, како и за серијата „Хари Потер“ во лондонски Вест Енд.
Компанијата пријавила обрт од 18 милиони фунти минатата година, според пресметките поднесени во „Компанис хаус“, со што се потврдува значителен раст од 13,5 милиони фунти пријавени во 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кети Пери и Џастин Трудо ја потврдија својата врска со романтичен состанок во Париз
Кети Пери и Џастин Трудо официјално ја потврдија својата врска и решија да ги прекинат гласините со романтичен состанок во Париз. Двојката беше видена како се држи за раце во саботата навечер на забавата по повод 41-виот роденден на познатата пејачка.
Според видео објавено од „ТМЗ“, го прославија роденденот на пејачката во Париз. Пери блескаше во тесен црвен фустан, додека насмеано се држеше за раце со поранешниот канадски премиер пред познатото кабаре „Крејзи Хорс“. Обожавателите и фотографите ги поздравија кога го напуштија театарот, а двојката, не криејќи ја својата љубов, се упати кон автомобилот што ги чекаше.
Ова заедничко излегување доаѓа само еден ден откако извори открија за „УС Викли“ дека пејачката е „навистина заинтересирана“ за врска со Трудо.
„Кети е навистина заинтересирана за тоа. Таа е многу среќна“, рече изворот.
„Тој се обидува да го држи тоа во тивка атмосфера и поминале многу приватно време заедно. Не сака јавно да зборува за оваа врска.“ Истиот извор додава дека нивните пријатели мислат дека се добар пар, иако Трудо сè уште не се запознал со многумина од нејзиното друштво. Гласините за нивната романса првпат се појавија во јули, кога беа видени на вечера во Монтреал.
Романсата доаѓа откако Пери ја заврши долгогодишната свршувачка со актерот Орландо Блум, со кого ја има петгодишната ќерка Дејзи Дав, претходно оваа година. Нивните претставници потврдија во јули дека одлучиле да се фокусираат на заедничко родителство.
Од друга страна, Џастин Трудо објави во 2023 година дека по 18 години брак, се разведува од сопругата Софи Грегоар, со која има три деца. Трудо беше премиер на Канада од 2015 до март 2025 година.
Фото: Принтскрин од видео „ТМЗ“
Забава
Карма според датумот на раѓање: духовни лекции што треба да ги совладате
Според астрологијата и нумерологијата, датумот на раѓање ја открива вашата кaрмичка мисија – животните лекции што душата ги учи за духовен раст.
Родени 1, 10, 19, 28 – Карма на независност и водство
Под влијание на Сонцето, треба да научите самостојност и скромност. Добрата карма доаѓа кога инспирирате други, а не кога доминирате.
Родени 2, 11, 20, 29 – Карма на сочувство и емоционална рамнотежа
Под Месечината, тука сте да развиете емпатија и да верувате во својата интуиција. Балансот доаѓа кога негувате, а не кога им угодувате на сите.
Родени 3, 12, 21, 30 – Карма на изразување и комуникација
Водени од Меркур, треба да ја користите моќта на зборовите за позитивност и поврзување, избегнувајќи трачеви и површност.
Родени 4, 13, 22, 31 – Карма на стабилност и труд
Вашиот пат е дисциплина и одговорност. Успехот доаѓа преку посветеност, не преку материјални добра.
Родени 5, 14, 23 – Карма на слобода и флексибилност
Животот ве учи да се прилагодувате и да не се плашите од промени. Вистинската сила е во прифаќањето на трансформацијата.
Родени 6, 15, 24 – Карма на љубов и одговорност
Под Вeнерата, треба да ги негувате другите и да научите да давате без да се исцрпувате.
Родени 7, 16, 25 – Карма на духовно будење и вистина
Нептун ве води кон интроспекција и вера. Игнорирањето на интуицијата носи немир.
Родени 8, 17, 26 – Карма на моќ и материјално мајсторство
Со влијание на Сатурн, тука сте да градите успех со интегритет, не со его.
Родени 9, 18, 27 – Карма на страст и цел
Под Марс, треба да ја насочите силата и амбицијата кон создавање, а не контрола.
Забава
Како да се изборите во недостатокот од енергија кога денот станува пократок
Со доаѓањето на есента и пократките денови, многумина чувствуваат пад на енергијата и мотивацијата. Пократките периоди на светлина влијаат на нашиот внатрешен часовник и можат да предизвикаат чувство на замор, раздразливост, па дури и блага депресија. За среќа, постојат едноставни навики кои можат да ни помогнат да останеме енергични и продуктивни, пишува „Стил“.
1. Користете ја дневната светлина
Дури и ако времето не е сончево, престојот на дневна светлина му помага на телото да го регулира својот ритам. Обидете се да поминете барем 20-30 минути надвор, без разлика дали станува збор за прошетка или утринско кафе на терасата.
2. Редовна физичка активност
Вежбањето го зголемува нивото на енергија и ослободува ендорфини, хормони на среќата. Кратка утринска прошетка, јога или лесни вежби дома можат значително да го подобрат расположението и концентрацијата во текот на денот.
3. Правилна исхрана
Комбинацијата од протеини, здрави масти и сложени јаглехидрати помага да се одржат нивоата на енергија стабилни. Есенските намирници како тиква, јаткасти плодови, јаболка и интегрални житарки се одличен избор. Избегнувајте премногу слатки и брза храна, бидејќи тие предизвикуваат ненадејни падови на енергијата.
4. Хидратација
Често забораваме да пиеме доволно вода кога времето станува постудено. Дехидратацијата може да предизвика замор и главоболки, затоа држете шише вода при рака и пијте редовно.
5. Паузи и одмор
Кратките паузи за време на работата му помагаат на мозокот да се ресетира и да ја зголеми продуктивноста. Медитацијата, длабокото дишење или неколку минути со затворени очи можат значително да го освежат телото и умот.
6. Одржувајте рутина за спиење
Пократките денови можат да го нарушат сонот. Одете во кревет и будете се во исто време секој ден, намалете ја употребата на екрани пред спиење и создадете мирна средина. Квалитетниот сон директно влијае на нивоата на енергија и расположението.
7. Внесете топлина и светлина во просторот
Дополнителната светлина во станот или канцеларијата, топлите бои и пријатната атмосфера можат да имаат позитивен ефект врз енергијата и расположението. Малите промени во околината го прават денот попријатен и помотивирачки.
Заклучок
Падот на енергијата во текот на пократките денови е нормален, но со едноставни стратегии како што се престој на светлина, физичка активност, правилна исхрана и квалитетен сон, можно е да се одржи енергијата и доброто расположение. Есента може да биде продуктивно и инспиративно време од годината – доволно е да се усогласи телото и умот со промените во природата.

