Забава
Лејди Гага и Бијонсе го започнаа мега-настанот „Еден свет: Заедно дома“
Лејди Гага, Пол Мекартни, Ролинг Стоунс и Бијонсе започнаа глобален ивент исполнет со музика, комедија и лични сведоштва, а Гага настанот го нарече „љубовно писмо“ посветено на здравствените работници и сите други од првите редови во борбата против пандемијата на коронавирус.
Во двочасовната ТВ емисија со наслов „Еден свет: Заедно дома“, емитувана преку повеќе телевизиски канали во САД и во други држави ширум светот, учествуваа ѕвезди на поп музиката и други познати личности снимени од нивните домови, а меѓу другите свој придонес дадоа Елтон Џон, Стиви Вондер, британската фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам и поранешните американски први дами Мишел Обама и Лора Буш.
Се очекува да се појават и Опра Винфри, Андреа Бочели, Селин Дион, Били Ејлиш и десетици други.
„Јас сум многу благодарна на здравствените работници, медицинските работници, сите работници во супермаркетите, курири-испорачувачи, поштенските работници, и на сите вклучени во непрофитни активности за нивните надчовечки напори во екот на пандемијата“, рече Гага.
„Ова е вистинско љубовно писмо до сите вас низ целиот свет и се надевам потсетник за добротата и љубезноста што се случува во моментов“, додаде таа.

Настанот е организиран од Светската здравствена организација (СЗО) и непрофитната организација “Глобал Ситизен“ со цел да се одбележат напорите на здравствените работници во справувањето со пандемијата на коронавирус во која загинаа повеќе од 150.000 луѓе во светски рамки.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

