Забава
200 милиони часови гледаност: Серија за злогласен убиец најпопуларна на „Нетфликс“
Изминатата недела гледачите на „Нетфликс“ поминале повеќе од 196 милиони часа гледајќи ја серијата за Џефри Дамер, еден од најозлогласените американски сериски убијци.
Серијата насловена Dahmer Monster: The Story of Jeffrey Dahmer е убедливо најгледаната содржина на „Нетфликс“ на глобално ниво.
Еван Питерс го глуми Дамер во серијата, потпишана од Јан Бренан и Рајан Марфи, кој познат по „Американска хорор приказна“.
Приказната за овој сериски убиец е веќе документирана, но „Нетфликс“ со својата серија се обиде да им понуди на гледачите поинаква перспектива. Имено, серијата е фокусирана на неговите жртви, како и на неспособноста на полицијата да го фати со години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Пет хороскопски знаци што ги исполнуваат ветувањата
Во свет каде што често се соочуваме со празни зборови и неисполнети ветувања, вистински благослов е да се најде личност која стои зад своите зборови.
Според астролозите, одредени хороскопски знаци се познати по тоа што се толку сигурни што секогаш ги исполнуваат своите ветувања.
Бик
Биковите се стабилни и решителни. Кога нешто ветуваат, тоа за нив е прашање на гордост и лична чест.
Без разлика на предизвиците или пречките, припадниците на овој знак ќе најдат начин да го исполнат своето ветување, дури и ако тоа бара дополнителни напори или промени во плановите.
Зборот им е цврст како карпа.
Лав
Лавовите се познати по својата лојалност и искреност.
Кога ќе дадат ветување, тоа го прават со цело срце и со вистинска намера да го одржат.
Нивната внатрешна чест и гордост не им дозволуваат да ги изневерат луѓето што ги сакаат. Лавовите попрво ќе претрпат лични тешкотии отколку да го прекршат ветувањето и на тој начин ќе покажат колку ја ценат довербата на другите луѓе.
Девица
Девиците се перфекционисти, што се гледа по нивниот однос кон ветувањата.
За Девиците ветувањето е сериозна работа, обврска која мора да ја исполнат за да го зачуваат сопственото чувство за морална одговорност.
Тие често прават повеќе од што треба за да се погрижат да го исполнат ветувањето до најмалите детали.
Јарец
Јарците се неверојатно одговорни и посветени. Кога ветуваат нешто, тоа е договор што не можат да го раскинат.
Колку и да се промени ситуацијата, Јарците ќе останат доследни на зборот.
Нивната упорност и посветеност често ги надминуваат сите пречки што ќе им се најдат на патот.
Водолија
Иако водолиите често се однесуваат независно и слободоумно, кога ветуваат, тие се свесни за одговорноста што ја преземаат.
Нивното чувство за праведност и лојалност ги тера да се држат до зборот, дури и ако тоа им носи тешкотии.
За Водолиите ветувањето е знак на доверба и почит, па затоа се трудат да ги исполнат сите очекувања.
Забава
Продолжението на „Џокер“ со најмногу номинации за наградата за најлош филм на годината „Златна малина“
Заедно со номинациите за Оскар, објавени се и номинациите за најлоши филмови на годината за наградата Златна малина, а на листата доминира продолжението на Џокер, филмот „Joker: Folie à Deux“.
Овој филм води со седум номинации, а блиску се Мадам Веб (Madame Web), Мегалополис (Megalopolis), Бордерлендс (Borderlands) и Реган (Reagan) со по шест номинации.
Џокер 2 – музичкото продолжение на филмот на Тод Филипс е номиниран за награди за најлош филм, режисер, сценарио.
Лејди Гага и Хоакин Феникс се номинирани за најлоша актерка и најлош актер, како и за најлоша комбинација на екранот.
Продолжението на „Џокер“ доби многу лоши критики по неговата премиера на филмскиот фестивал во Венеција и на крајот доживеа дебакл на бокс офисот, заработувајќи 206 милиони долари ширум светот наспроти продукцискиот буџет од 200 милиони долари.
За споредба, првиот „Џокер“ заработи повеќе од 1 милијарда долари на глобално ниво, а Феникс доби Оскар за најдобар актер.
Во категоријата најлоша актерска комбинација на екранот, интересно е што беше номинирана целата актерска екипа на „Мегалополис“.
Забава
Синот на Одри Хепберн за фустанот на Иванка Трамп: „Очигледно е дека мајка ми ја инспирирала“
Фустанот на Иванка Трамп на инаугурацијата на нејзиниот татко го привлече вниманието на светските медиуми. Се зборуваше дека е инспирирана од стилот на холивудската дива Одри Хепберн, чиј син Шон Хепберн Ферер сега проговори и ја коментираше ситуацијата.
„Не е чудо што таа реши да црпи инспирација од неа. Таа ја бараше врвната елеганција и софистицираност за ваква пригода – инаугурацијата, 32-годишнината од смртта на мојата мајка, и што е најважно, Денот на Мартин Лутер Кинг, изјави Шон за Дејли Мејл.
Белата куќа соопшти дека Иванка изразила големо задоволство од можноста да облече фустан сличен на оној што ја прослави Одри Хепберн.
„Таа е исклучително благодарна на семејството Арно и Живанши за создавањето на ова ремек дело.
„Одри Хепберн служеше како инспирација на Иванка долги години и таа го гледа ова како голема чест и привилегија“, велат тие.
Ова не е прв пат Иванка Трамп да црпи инспирација за својот моден избор од стилот на холивудските икони. На свадбата на нејзината сестра Тифани, таа носеше син фустан кој изгледаше речиси идентично со фустанот на Грејс Кели во филмот „To Catch a Thief“ од 1955 година.