Забава
Мишел Обама ќе ги едуцира децата за здрава исхрана

Поранешната прва дама Мишел Обама оваа пролет ќе почне серија за готвење на „Нетфликс“ во која ќе ги охрабри децата да се хранат здраво.
Проектот е во нејзина продукција, а таа и ќе глуми глуми заедно со кукли. Серијата има за цел да ги научи децата на радостите на домашната кујна – да уживаат во здрава храна подготвена дома, а не во готови јадења.
Госпоѓа Обама ќе игра сопственик на супермаркет наспроти „Вафлс и Мочи“, кои потекнуваат од Земјата на замрзната храна.
Во серијата од 10 епизоди учествуваат две кукли, Вафл и Мочи, амбициозни готвачи и најдобри пријатели, регрутирани од локален супермаркет. Заедно – и со помош на љубезната сопственичка на супермаркетот, г-ѓа Обама – тргнуваат на кулинарско патување во кујни, ресторани, фарми и домови низ целиот свет.
Во серијата ќе има рецепти со секојдневни состојки, а јадењата ќе се готват заедно со познати готвачи, домашни готвачи, деца и селебрити личности.
Поранешната прва дама на САД ја опиша серијата, со наслов Waffles + Mochi како „урнебесна и едноставно магична претстава“.
Серијата ќе почне да се прикажува следниот месец. Таа и сопругот Барак се меѓу извршните продуценти.
Во 2018 година, двојката потпиша договор за продукција на серии и филмови за „Нетфликс“. Резултат на оваа соработка е документарецот Becoming (2020), кој се базира на нејзината најпродавана автобиографија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хит на пролетта: Маслинести панталони инспирирани од ретро армиски стилови

Една од креациите што ќе ја гледаме насекаде во текот на претстојната пролет се практични панталони со џебови, во пригушени нијанси на зелена боја, а освен патики, се носат и на чизми и сандали.
Ретро панталоните инспирирани од стилови од седумдесеттите, се враќаат на сцената во низа интересни комбинации.
Забава
Сопругот на кралицата Елизабета закрепнува по операцијата на срцето

Војводата од Единбург, принцот Филип, бил подложен на успешна процедура за постојната срцева состојба и ќе остане во болница уште неколку дена до целосно закрепнување, соопштија од Бакингемската палата.
Дедото на принцот Хари бил опериран вчера во болницата „Свети Вартоломеј“ во Лондон, најдобрата болница за срце во Велика Британија, откако бил пренесен таму во понеделникот од приватната болница „Крал Едвард Седми“ во Мерилбоун, каде што се лекуваше од инфекција.
Нејзиното височество, кралицата Елизабета Втора, и војводата од Единбург, принцот Филип, беа вакцинирани против коронавирусот на 9 јануари.
Војводата од Единбург ќе наполни 100 години на 10 јуни.
Забава
Колин Фарел во топ-форма како и секогаш

Ирскиот срцекршач ги покажа своите тонирани раце во маичка без ракави на улица во Лос Анџелес оваа среда.
44-годишниот актер ги привлече погледите на случајните минувачи кога излезе на дождлив ден за да земе неколку кафиња за носење.
Минатата година актерот, роден во Даблин, беше искрен во интервју за ирскиот „Сандеј мирор“ во врска со осаменоста на самоизолиран самец среде пандемија.
Тој за весникот рече дека бил целосно сам во својата куќа цели две недели на почетокот на целосното затворање во Лос Анџелес.
„Немам партнерка, а моите две деца беа со мајките. Се сеќавам дека во периодот кога бев сам 10 дена, чувствував отсуство на допир во својот живот“, откри тој.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер