Забава
Сонг Јунг-ки си отвори „Инстаграм“ и доби над 680.000 следачи за 2 дена
Тој еднаш во едно интервју рече дека не се појавува на социјалните мрежи затоа што не е добар во ракувањето со технологијата. Но, сега се чини дека коронавирусот принуди уште една личност да стане технолошки попаметна.
Јужнокорејскиот миленик Сонг Јунг-ки си отвори свој официјален профил на „Инстаграм“ на Денот на вљубените. 35-годишниот актер привлече над 684.000 следачи и 1,7 милион лајка за само два дена, а бројот расте секој час.
Јунг-ки, кој глуми во „Вселенски чистачи“, неодамна објавен на „Нетфликс“, досега има ставено четири објави и што е мошне интересно, сите објави ги опишува со фотографии со емотикони и без текст, освен хаштази со неговото име во хангулска и римска азбука.
Научнофантастичниот филм „Вселенски чистачи“ (Space Sweepers), кој е опишан како корејски „Војна на ѕвездите“, дебитира глобално на стримерот на 5 февруари.

Првиот корејски научнофантастичен блокбастер поставен во вселената се искачи на врвот на скалата на гледаност на „Нетфликс“ веднаш по неговото деби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Емилија Кларк се повредила при снимање експлицитна сцена во новата серија
Актерката Емилија Кларк (39), позната по улогата во „Игра на тронови“, откри дека се повредила на сетот на новата серија Ponies, додека снимала експлицитна сцена.
Во интервју за The Wrap, Кларк изјавила дека при снимањето на долга интимна сцена со тројца мажи, почувствувала болка и подоцна ѝ било утврдено дека има повреда на едно ребро.
„Само реков: ќе седнам тука, вие доведете ги, а ние ќе се правиме дека имаме секс. Тој ден си го повредив реброто“, изјавила Кларк, со доза на хумор. Додала и дека на лекар отворено рекла: „Секс. Три пати.“
Нејзината колешка од серијата, Хејли Лу Ричардсон, го потврдила инцидентот, коментирајќи дека „Емилија е толку ситна и чувствителна, затоа ѝ се случило тоа“.
Кларк прецизирала дека реброто не е скршено, туку само „малку се поместило“.
Серијата Ponies е премиерно прикажана на 15 јануари на стриминг-платформата Peacock. Кларк и Ричардсон играат две американски секретарки кои работат во амбасадата на САД во Москва во 1970-тите. По мистериозната смрт на нивните сопрузи – агенти на ЦИА – тие започнуваат потрага по вистината и се соочуваат со завера.
Иако Кларк има искуство со снимање интимни сцени, особено од „Игра на тронови“, ова е првпат ваква сцена да резултира со повреда.
Сè уште не е познато кога серијата Ponies ќе стане достапна и за гледачите надвор од САД.
Забава
Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“
Американската актерка и оскаровка Гвинет Палтроу изјави дека ѝ била одземена улога во филм поради медиумското внимание што го предизвика нејзиниот развод со фронтменот на групата „Колдплеј“, Крис Мартин.
Во подкастот „Гуд ханг“ со Ејми Полер, Палтроу откри дека разводот од 2014 година оставил последици врз нејзината кариера.
„Требаше да снимам филм во тој период, веднаш по објавата за разделбата со Крис, а тогаш во медиумите се објавуваа многу остри изјави. Мислам дека дистрибутерот рече: Ова можеби ќе биде премногу за филмот“, изјави Палтроу.
Актерката и музичарот беа на насловни страници ширум светот кога објавија дека се разделуваат по повеќе од една деценија брак и две деца.
„Пред сè, ние сме родители на две неверојатно прекрасни деца и молиме за почитување на нашиот и нивниот простор и приватност во овој тежок период“, стоеше во нивната заедничка изјава тогаш.
Палтроу не откри детали за филмот или продукциската куќа, но јасно стави до знаење дека одлуката ѝ била тешко прифатлива.
„Тоа беше прекрасно – се разведував, па потоа ме отпуштија“, рече иронично.
Таа додаде дека верува оти нивната намера – да избегнат бурен развод – била погрешно сфатена од јавноста.
И покрај сè, Палтроу и Мартин останале во добри односи и по официјалниот развод во 2016 година. Во 2019 година, актерката откри дека Крис им се придружил на неа и нејзиниот сегашен сопруг, Бред Фалчук, на меден месец, заедно со нивните деца.
Забава
„Ми делуваше како некој дедо“: Сара Фостер за состанокот со Џорџ Клуни кога имала 19 години
Сара Фостер откри дека во 1990-тите, кога имала 19 години, била на состанок со Џорџ Клуни, но искуството за неа било „многу непријатно“. Состанокот ѝ го договориле Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер.
Во подкастот The World’s First Podcast, Фостер раскажа дека веднаш почувствувала дека состанокот е „тотално не“, додавајќи дека Клуни ѝ изгледал „како дедо“ и дека разликата во години ѝ била многу чудна. Таа истакна дека никогаш не ги разбирала врските меѓу 19-годишни девојки и многу постари мажи.
„Сигурна сум дека Џорџ Клуни е супер човек, но се сеќавам дека сите четворица седевме на маса, а јас во главата си мислев: ‘Сакам да пропаднам во земја.’ Тој ми делуваше како некој ‘дедо’. Навистина ми беше многу непријатно. Бев тотално во лоша состојба“, раскажа таа.
Фостер смета дека ни Клуни не бил особено заинтересиран и дека состанокот бил резултат на добра намера на заедничките пријатели. Подоцна, таа беше во долга врска со тенисерот Томи Хас, со кого има две ќерки. Клуни, пак, е во брак со Амал Клуни од 2014 година и имаат близнаци.
Фото: ЕПА

