Забава
Расте бројот на жени кои не го менуваат своето презиме откако ќе стапат во брак

Според нови податоци, расте бројот на жени кои избираат да го вклучат своето родено име заедно со презимето на нивниот сопруг по стапувањето во брак.
Според Deed Poll Office, адвокатска фирма специјализирана за промена на имињата, објави статистика која покажува дека барањата на младенците да го задржат своето моминско презиме заедно со презимето на сопругот (наместо да го променат целосно) се зголемиле за 30 отсто помеѓу 2020 и 2021 година.
„Kонечно, бракот станува попрогресивен – барем кога се во прашање жените. Се чини, жените одат напред иако не доволно брзо“, пишува Викторија Ричардс во статија за британски „Индепендент“.
„На крајот на краиштата, ова е 2022 година: ниту една жена не треба да се откажува од сопствениот идентитет заради идентитетот на својот сопруг. Ние не сме движен имот“, се наведува во статијата на Ричардс.
„Го променив презимето во моето моминско презиме додека бев сè уште во брак. Повеќе жени треба да го направат истото.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Откриена причината за смртта на Ози Озборн

Легендарниот рок пејач и фронтмен на групата Блек Сабат, Ози Озборн, почина на 22 јули на 76-годишна возраст, опкружен со своето семејство. Сега вистинската причина за смртта е официјално откриена.
Според официјалниот извештај, причина за смртта била акутен миокарден инфаркт и срцев застој, пишува „Дејли Мејл“.
Ози, кој во 2019 година откри дека боледува од Паркинсонова болест, беше погребан минатата недела на имотот на неговото семејство, за време на приватна церемонија на која присуствуваа членови на семејството и бројни претставници на рок сцената, вклучувајќи ги Мерилин Менсон и гитаристот на Ози, Зак Вајлд.
Фото: ЕПА
Забава
Денис Ричардс упаднала кај поранешниот по кучето, има забрана за приближување

Актерката Денис Ричардс е видена како разговара со полицијата откога неочекувано влегла во куќата на поранешниот сопруг Арон Фајперс и покрај тоа што има изречена забрана за приближување.
Според медиумски извештаи, Ричардс во неделата попладне упаднала во куќата во Калабасас, Калифорнија, каде што моментно живее Фајперс со неговите родители и со братот наводно за да го земе својот милениче – кучето. Извор близок до настанот за ТМЗ изјавил дека таа тропала на задната врата по што родителите на Фајперс ѝ отвориле. Потоа, според истиот извор, таа почнала да им вика да ја напуштат куќата.
Се тврди и дека 54-годишната актерка им покажувала со прст на родителите на поранешниот сопруг, се обидела да го удри брат му, а наводно фрлала и пошта кон зетот.
По интервенцијата, полицијата заклучила дека нема основано сомнение за кривично дело и не презела дополнителни мерки.
Адвокатот на Ричардс, Брет Берман, негира каква било вина на својата клиентка. За магазинот „Пипл“ изјави дека Ричардс не ја прекршила забраната за приближување бидејќи претходно се уверила дека Фајперс „не бил присутен во нејзината куќа“.
„Госпоѓа Ричардс влезе во куќата за да си го земе кучето откога дозна дека господинот Фајперс, без нејзино знаење и дозвола, успеал да однесе едно од нејзините миленичиња“, рече Берман.
Од друга страна, извор близок до Фајперс ги нарече овие тврдења 100 отсто лажни.
Ова е само последниот развој во контроверзната врска меѓу Ричардс и Фајперс. Минатиот месец актерката доби привремена забрана за приближување до Фајперс откога тој поднесе барање за развод по шест години брак.
Ричардс го обвини Фајперс за психичко и физичко насилство тврдејќи дека ја удирал, ја давел и ѝ се заканувал со убиство.
Претставниците на Денис Ричардс сè уште не дале официјална изјава за медиумите.
Забава
Мел Би се омажи вторпат за истиот маж во Мароко

Поранешната членка на поранешната група „Спајс грлс“, пејачката Мел Би, го кажа судбоносното „да“ вторпат на Рори Мекфи.
Мел Би и нејзиниот партнер Рори Мекфи се венчаа првпат на почетокот на јули во Лондон, а двојката не можеше да одолее на желбата да се венчаат втоерпат во Мароко во луксузниот хотел „Селман Маракеш“.
Поранешната „спајсица“ објави фотографии од уште една гламурозна прослава на „Инстаграм“ со опис:
„Се венчавме! Повторно! Свадбата беше толку добра што моравме да ја продолжиме прославата со нашите најблиски на нашето омилено место“, напиша Мел.
Ова можеби е трета среќа за Мел Би. Таа беше во брак со Џими Гулзар (1998 – 2000) и со Стивен Белафонте (2007 – 2018).
Таа е во врска со Рори од 2017 година, а се свршија во 2022 година. Тој е фризер по професија, а пред тоа ѝ беше долгогодишен пријател на пејачката.