Забава
7 јадења со замрзнат спанаќ што ќе ги јадат дури и оние кои не сакаат спанаќ

Спанаќот е познат како омилен зеленчук на Попај, кој им дава сила на оние што го јадат. Дури и љубителите на зеленчук понекогаш им е тешко да се убедат себе да го јадат, а да не зборуваме за тоа колку е тешко да натерате дете или пребирлив партнер, но тој секогаш додава мала доза зеленило во исхраната. Затоа секогаш е добро да имате при рака вреќичка со замрзнат спанаќ.
Една чаша замрзнат спанаќ има повеќе од четири пати повеќе количество хранливи материи – како што се влакна, железо и калциум – од чаша свеж спанаќ, а е добра опција во оние денови кога фиоката за зеленчук содржи свеж ама свенат магдонос или скиселана тиквичка.
Замрзнатиот спанаќ има завидна количина хранливи материи, затоа кулинарските експерти споделија неколку неколку креативни начини за користење на овој зеленчук.
Измешајте го со урда и намачкајте на лиснато тесто
Ако обожавате лиснато тесто, сега можете да го збогатите и со спанаќ. Исцедете ја водата од замрзнатиот спанаќ пред да го измешате со неколку лажици урда. Потоа ставете го во рерна 10-15 минути, додека убаво не пожолти. Можете да го исечете лиснатото на мали квадрати или триаголници.
Додадете го во кој bilo сос
Ако правите шпагети со популарниот болоњезе сос, можете да додадете малку спанаќ во него. Едноставен кари сос: додадете замрзнат спанаќ во него. Можностите се бесконечни, можете дури и да го додадете во сос од маринара. Ставете го директно во тенџере додека ја додавате главната течност (како домат) и оставете да се раствори во сосот, со што додавате вистински извор на витамини.
Лесен омлет од спанаќ
Лесно растопете го во тава со малку маслиново масло, потоа прелијте со две изматени јајца, посипете со млеко и зачинете добро. Печете неколку минути, преклопете и превртете. Додавањето сирење или неколку парчиња домат добро функционира со овој омлет.
Додаток во супа
Ако треба да направите супа за брз ручек, можете да додадете замрзнат спанаќ. Добро функционира со супа од коски или со оние супи што се прават брзо што ги купуваме кога не сакаме да готвиме.
Збогатување на пица
Замрзнатиот спанаќ е одличен за пица! Одмрзнете го, исцедете ја течноста и додајте го во вообичаените домашни додатоци за пица. Ако сакате да пробате нешто различно, спанаќот е одличен за бела пица – размислете да комбинирате различни сирења и спанаќ, без домати.
Пире од компири со спанаќ
Можете да додадете замрзнат спанаќ на компирите за да ја подобрите количината на хранливи материи. Функционира најдобро кога прво се одмрзнува, или можете да додадете спанаќ да се вари последните 30-60 секунди од готвењето на компирот, ако немате доволно време за одмрзнување.
Тортиљи со спанаќ
Ова е популарно јадење за деца и возрасни. Изрендајте една или две омилени сорти сирење и измешајте ги со малку одмрзнат замрзнат спанаќ (исцедете ја вишокот течност).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајли Сајрус: Издрогирана халуцинирав дека убивам фоки

Пејачката Мајли Сајрус призна дека халуцинирала како убива фоки додека била издрогирана, па дека тоа ја натерало да стане веган во 2013 година. Сепак, шест години подоцна, таа пак почнала да јаде месо. Мајли ова го раскажа во интервју во живо со Џои Роган.
„Трипав дека убивам фоки и дека шаман од уста ми го извлекува секое мртво животно што некогаш сум го изела. Не беше забавно“, вели Мајли во интервјуто.
Таа откри дека во тоа време користела пијалок што содржи халуциногена состојка, а шаманите го користат за време на нивните ритуали.
Забава
Роберт Ретфорд: Носев штитници на пенисот за да се одбранам од Барбара додека снимавме секс сцени

Популарниот актер Роберт Ртфорд (86) открива дека имал проблеми поради Барбара Стрејсенд (80), па бил принуден да стави два генитални штитници пред првпат да легне во ист кревет со неа на снимањето на филмот.
Ова тој го раскажал во книгата „The Way They Were: How Epic Battles and Bruised Egos Brought a Classic Hollywood Love Story to the Screen“ која била објавена на 24 јануари.
Книгата содржи детали за продукцијата, снимањето, но и продукцијата на филмот од 1973 година која на Стрејсенд ѝ донела номинација за Оскар за најдобра главна глумица.
Хофлер наведува дека Редфорд се двоумел дали да ја прифати улогата во истиот филм со Барбара затоа што не ја сметал за сериозна актерка, а исто така сакал да се заштити со оглед на тоа дека во тој момент бил во среќен брак.
Таа пак, била воодушевена од физичката убавина на Роберт и била очајна од желба да се забавува со него, пишува во книгата. За време на снимањето носела и бикини, но сепак Редфорд носел два пара штитници за гениталии и се погрижил кадрите воопшто да не бидат жешки, да може да ги гледаат дури и деца.
Филмот бил снимен во периодот кога Редфорд имал 36, а Стрејсенд 30 години.
Книгата открива и дека актерот одбил во текот на снимањето на втората секс-сцена да ја изговори реченицата „Овојпат ќе биде подобро“ затоа што верувал дека ќе мислиат дека и во реален живот е лош во кревет.
Режисерот на филмот Синди Полак открил дека Барбара се заљубила во Роберт пред да почнат со снимање, иако тој веднаш и поставил граници.
Се вели дека ѝ рекола: „Доколку работиме заедно, мораш да знаеш дека сè што ќе ти кажам во соба ќе биде кажано затоа што јас сакам да знаеш. Не затоа што ти мислиш дека имаш некое право тоа да го знаеш“.
Но, како што се тврди во книгата на Барбара тоа ѝ била дополнителна мотивација затоа што таа сакала силни и арогантни мажи.
Сепак, и покрај тензијата зад камрите, филмот постигнал неверојатен успех, а кога се полемизирало за тоа дали ќе има продолжение, Редфорд не прифатил: „Барбара би го сакала тоа, но јас не“.
Забава
Џереми Ренер го прегазила машина за чистење снег додека се обидувал да го спаси својот внук

Актерот Џереми Ренер се обидувал да спречи машина за чистење снег да удри во внук му, но тој самиот настрадал од машината, која се залетала кон него и го згмечила, дознава британски Би-би-си.
Според полицискиот извештај, Џереми, ѕвездата на „Марвел“, го користел својот плуг PistenBully, тежок шест тони, за да му помогне на Александар Фрис да го исчисти снегот од својот автомобил.
Но, големото возило почнало да се тркала по ридот, се наведува во извештајот на одделот на шерифот на округот Вашо.
Ренер во несреќата добил повреди на торзото, лицето, екстремитетите и на главата.
Актерот оттогаш закрепнува во болница.
Ренер претходно изјави дека во инцидентот скршил повеќе од 30 коски, но нагласи дека тие ќе зајакнат исто како што се продлабочува љубовта и врската со семејството и пријателите.
Несреќата се случи околу Нова година, во близина на автопатот Маунт Роуз, кој ги поврзува езерото Тахо и јужниот Рено, на границата меѓу Невада и Калифорнија.