Забава
76-годишниот Спилберг доби награда за животно дело
Режисерот оскаровец Стивен Спилберг се закити со уште еден трофеј – награда за животно дело – која му беше врачена во рамките на Берлинскиот филмски фестивал.
Еден ден потоа медиумите ја пофалија неговата решеност да продолжи да снима, без разлика на неговата возраст.
Во говорот по добивањето на „Златната мечка“, Спилберг изјави дека можноста за снимање нови филмови и понатаму го возбудува иако има 76 години.

Режисерот, чии заслуги вклучуваат некои од најуспешните и најомилени дела во историјата на кинематографијата, меѓу кои „Е.Т. вонземјанинот“, „Ајкула“, „Индијана Џонс“ и многу други, штотуку заврши два филма еден по друг: полуавтобиографскиот „Фабелман“ и „Приказната од западната страна“, адаптација на бродвејски мјузикл од 1957 година.
„Што и да беше тоа што ме обзеде како мало дете е истото чувство што го имав сите тие децении подоцна“, им рече тој на новинарите во вторникот.
„Кога ќе најдам книга или сценарио или ќе дојдам до оригинална идеја што мислам дека би направила добар филм: таа возбуда… надминува сè“.
Спилберг сега го финализира сценариото оставено недовршено од својот близок пријател Стенли Кјубрик, кој почина во 1999 година.
„Подготвуваме голема продукција за Ејч-би-о заснована на оригиналното сценарио на Стенли, со наслов „Наполеон“, рече тој. „Лимитирана серија од седум епизоди.“
Спилберг, познат по своите достапни, уверливи филмови, ги советуваше идните филмаџии да почнат со приказна.
„Ако сакате да бидете филмски режисер, пред сè, пишувајте“, рече тој. „Затоа што приказните ќе ја натераат публиката да ви обрне внимание вам, а не кадрите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Најбрзата торта на светот – готова за 5 минути: без печење, а сè имате дома
Заборавете на часовите поминати во кујната. Ако некогаш сте сакале да го засладите денот без никакви маки, овој брз рецепт за најбрзата торта на светот е идеален – готова за само 5 минути, без печење, без неред во кујната и без чекање.
На прв поглед, оваа торта плени со својот изглед – сочна, луксузна и совршена за фотографирање. Но, она што навистина ќе ве воодушеви е фактот дека се подготвува побрзо отколку што можете да направите кафе. Без печење, без комплицирани чекори, без неред во кујната – само неколку состојки, една чинија и пет минути од вашето време. Да, добро прочитавте: пет минути! Затоа со право ја носи титулата најбрза торта на светот.
Совршена е за оние моменти кога имате гости, кога имате шеќерна криза или кога едноставно сакате нешто благо – веднаш. Мека, кремаста, а сепак доволно цврста за да се исече на совршени коцки, овој десерт е доказ дека брзината не мора да значи компромис со вкусот. Ако мислевте дека е невозможно да направите десерт за пет минути, време е да се запознаете со најбрзата торта на светот – бидејќи понекогаш најубавата е онаа што се создава за еден момент.
Состојки: сè што веќе го имате дома
– 1 јајце
– прстофат сол
– шеќер 50 г
– ванилин шеќер 10 г
– брашно 20 г
– пченкарен скроб 20 г
– млеко 500 мл
– путер 50-60 г
– чоколаден бисквит 300 г
– млечно чоколадо 180 г
– павлака за готвење 33-36% 90 г
– мелени кикирики 90 г
Подготовка:
За детали за тоа како да го подготвите овој колач, погледнете го видеото.
Слатко задоволство без чекање
Во свет каде што постојано брзаме, оваа торта е мал потсетник дека уживањето не мора да трае со часови. Потребни се само пет минути, неколку состојки и желба да го разубавите вашиот или денот на некој друг. Без разлика дали сте почетник во кујната или искусен гурман, најбрзата торта на светот ќе стане ваш таен адут за сите пригоди. Пробајте ја денес – и уверете се сами дека брзината и вкусот можат да одат рака под рака.
фото: принтскрин
Забава
Ким Кардашјан објави нови фотографии во бикини: облините во преден план
Риалити ѕвездата Ким Кардашијан не е премногу вознемирена поради уште еден неуспех, со оглед на тоа што не го положи правосудниот испит. Сепак, таа рече дека ќе работи понапорно и ќе се подобри.
Во меѓувреме, познатата старлета објави серија провокативни фотографии на Инстаграм на кои позира во бикини, враќајќи ги своите облини во центарот на вниманието.
Серијата фотографии беа претежно снимки од забавата по повод 30-тиот роденден на нејзината сестра Кендал Џенер на Карибите.
„Толку си тажна“, беше еден коментар.
Како што обично е случај со секој во ова семејство, провокативноста е секогаш присутна и се чини дека ниту една од сестрите никогаш нема да престане да објавува провокативна содржина на социјалните мрежи. А зошто би престанале, кога луѓето редовно ја обсипуваат со комплименти во коментарите.
Сепак, Ким може да се најде и мета на негативни коментари, главно поради начинот на кој ги воспитува своите деца, но и поради нејзината облека на некои престижни настани кога неколку пати ја промашила поентата или ги налутила обожавателите со своите модни избори.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Србин ја претставува Норвешка на изборот за мистер универзум: жените полудеа по згодниот доктор
Србинот Петар Гочобија ја претставува Норвешка на овогодинешниот избор за Мистер Универзум, кој ќе се одржи на 21 декември, но неговите фотографии веќе ги преплавија социјалните мрежи.
На официјалниот профил на The Mister Universe се наведува дека Петар е роден во Србија и има 22 години. За време на неговото претставување на тој профил, тој откри и дека токму ова е остварување на неговиот сон. Освен што е еден од кандидатите за најубав маж, тој е и студент на последна година по медицина.
„За Петар, натпреварот Мистер Универзум не е само сцена или рефлектор; станува збор за почитување на неговите корени, претставување на неговата земја и инспирирање на другите да веруваат во себе и бестрашно да ги следат своите соништа“, наведуваат под видеото.
Неговите фотографии набрзо се проширија на социјалните мрежи, а Петар стана главна тема.
„Сакам да ме прегледаш“, „Балкански воин“, „Аполон од Србија“, „Убавец, благослов за жените во Норвешка“, „Барам таков маж“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин

