Забава
Aвантуристите ги посетуваат глечерите додека сè уште ги има

Шенон Каелин и Ворен Мадокс уживаа во синилото на глечерите на Алјаска. Тие со кајак дошле до тунелот во мраз каде што се искачиле на висина од околу 20 метри и така дошле до скриеното езеро на врвот на глечерот Матануска.
Топењето на мразот во Алјаска отвора некои возбудливи туристички потфати, како што се посети на новонастанатите тунели и скриени езера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Драмата Лајвли-Балдони продолжува: уште еден актер се сврти против Блејк

Мислевте Блејк Лајвли и Џастин Балдони се смириле? За жал (или за среќа на оние кои го чекаат исходот на ситуацијата), сте погрешиле. Заедно со Балдони, уште еден актер од филмот It Ends With Us се сврте против Блејк.
Адам Мондшајн, кој го играше д-р Данбар во сцената на раѓање, се осврна на претходните тврдења на Лајвли дека неговиот пристап на снимањето бил „инвазивен и понижувачки“. Мондшајн рече дека не сакал да шпекулира за нејзините мотиви, но го дал своето мислење за сцената.
„Мислам дека е непотребно да се каже дека моето искуство во работата со неа беше значително различно од она што таа го опиша во нејзината тужба. Всушност бев изненаден од нејзиниот опис на сцената. Никогаш не се пожали ниту рече дека и е непријатно бидејќи ништо необично или несоодветно не се случило. Се беше целосно професионално“, изјави тој за Дејли Меил.
Тој додаде дека е подготвен да сведочи во судскиот процес меѓу Лајвли и Балдони доколку е потребно: „Ако бидам повикан да сведочам, ќе ја кажам вистината и ќе бидам отворен, што и да побараат од мене со соодветна правна заштита“.
Судењето треба да започне на 9-ти јуни следната година.
Забава
(Фото) Дали знаете колку е висока Марија Шарапова: таа застана до Меџик Џонсон

Американската тенисерка Били Џин Кинг (81) доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. На церемонијата на доделување на ѕвездата присуствуваа многу познати личности, меѓу кои беа Џејми Ли Кертис, Марија Шарапова и Меџик Џонсон.
Руската тенисерка Марија Шарапова застана до поранешниот кошаркар Меџик Џонсон. Многумина беа изненадени од нејзината висина. Имено, Џонсон е висок 206 сантиметри, а Марија која носела високи потпетици била само малку пониска од него.
Марија е висока 188 сантиметри, поради што во штикли беше висока речиси колку славниот кошаркар.
Шарапова (37) замина во пензија во 2020 година. Со години живее во Америка. Таа го доби својот син Теодор во јули 2022 година со британскиот милионер Александар Гилкс.
Забава
(Видео) Гвинет Палтроу го покажа сопругот кој ретко го гледаме, обожавателите во шок

Актерката Гвинет Палтроу е доста активна на социјалните мрежи каде сега ги изненади фановите со нова објава. Таа на Инстаграм објави видео со сопругот Бред Фалчук, кого ретко го покажува.
Во видеото, таа рече дека го поканила нејзиниот сопруг да и се придружи во новата епизода од подкастот Goop, на што тој се согласил. Оваа снимка која траеше неколку секунди, предизвика чудење кај фановите.
„Да се види Бред на интернет е толку ретко како да се види снежен леопард во дивината“, напиша Џес Сајнфелд, сопруга на комичарот Џери Сајнфелд. Некој се согласил со неа во одговорите, додавајќи дека се чувствуваат „привилегирани“ поради овие сцени.
„Најдоброто дуо досега“, „Имате истите џемпери! Толку слатко“, „Вие сте прекрасен пар“, „Бред има смирувачка енергија. ГП, ти си среќна девојка!“, „Бред е најдобар. Едвај чекам да ве слушнам во епизодите“, „Изгледа толку млад! Морав да погледнам колку години има“, се некои од другите коментари.
Да потсетиме, Гвинет и Бред се запознаа во 2010 година на снимањето на серијата Glee. И двајцата во тоа време поминуваа низ разводи – Гвинет од пејачот Крис Мартин, и Бред од неговата прва сопруга. Тие се венчаа на 29 септември 2018 година на интимна церемонија во Њујорк.