Забава
Aлесандра Амброзио на промоција на свој бутик во Бразил
Алесандра Амброзио носеше долг зелен фустан со голем шлиц на отворањето на својот прв бутик GAL Floripa Lifestyle Brand во Бразил во вторникот.

„Ми недостига чекорењето на модната писта во шоуто на Викторија сикрет, кое е откажано. Добро се забавувавме“, рече Алесандра. Други модели во шоуто беа и Адријана Лима, Бела Хадид и Кендал Џенер. „За нас, тоа беше како почеток на Божик затоа што шоуто се одржуваше непосредно пред празникот“, рече убавицата.

„Кога шоуто се емитуваше на ТВ, порано ги собирав сите мои пријатели и правевме забава во пижами. Секогаш беше забавно и многу божикно, па сигурно ќе ми недостига тоа“.
Во вторникот таа беше во Бразил, каде што ја отвори првата продавница на својот бренд за костими за капење и бикини „ГАЛ Флорипа“.
Претходно, Амбросио ја искористи својата фотографија за насловната страна на декемврискиот Harper’s Bazaar Arabia за да сподели порака за глобалното затоплување и загадувањето во океаните
Таа отпатува во Арабија, едно од нејзините омилени места, за фотосесија во топлите води околу островот Заја Нураји во Абу Даби.
„Во мојата кариера посетив многу места и поминав многу време во нуркање на оддалечени места низ светот“, изјави таа за списанието. „Сакав да ја откријам убавината на подводниот живот – тој е таков магичен свет и ние сме тие што треба да го сочуваат,“ рече таа.

„Растејќи во Бразил јас отсекогаш го сакав океанот. Кога пораснав, сакав да бидам морски биолог. Поминував многу време со семејството на плажа.“
Црнокосата убавица минатото лето се придружи на иницијативата на ООН (TOGETHERBAND), глобално движење посветено на постигнување на 17 цели – од борба против сиромаштијата и гладот до градење одржливи градови и зачувување на животот под водата.
Мајката на Ања (11) и Ноа (седум), додаде: „Наскоро нашите деца ќе пливаат во море од пластика. Тие нема да уживаат во она што ние го направивме. Ова е пораката што се обидувам да ја кажам.“
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

