Забава
Deeper underground фестивал во Охрид од 14 до 16 август

Првиот Deeper underground фестивал во Охрид ќе се одржи од 14 до 16 август, најави „Авалон продукција“. Капацитетот е адаптиран по протоколите за само 3.000 посетители од вечер, што е 20 отсто од капацитетот во Касарна каде што ќе се одржува фестивалот.
„Задоволство ни е да ви најавиме дека ‘Авалон продукција’ од оваа година патентира нов бренд Deeper underground, чие име зборува самото за себе. Па така, ви најавуваме дека по откажувањето на масовниот фестивал Ohrid Calling, успеавме Охрид, Македонија и регионот сепак да имаат неверојатно квалитетен електронски настан со најголемите светски имиња на house, d’n’b и техно-сцената и тоа по следниот редослед: MEDUZA – 14 август, LTJ BUKEM X RONI SIZE X MC Dynamite – 15 август и ARTBAT – 16 август“, најавија од продукцијата.
Поради коронавирусот, бројот на посетители ќе биде ограничен. „Тоа значи дека секое друштво кое ќе присуствува на настаните ќе мора да држи физичка дистанца од друго друштво, што нема да претставува проблем, со оглед на тоа дека капацитетот на локацијата е со 15.000 посетители“, велат од „Авалон продукција“.
Влезниците по цена од 1.200 ден за една вечер и блок-влезници за 1.990 денари за сите три дена, ќе бидат во продажба од четврток (30 јули) од 9 часот наутро и тоа онлајн на avalon.mk, Avalon Music & Ticket store и продажните места во мрежата на „Авалон“ низ Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кинескиот iQiyi со бесплатни филмови за новогошниот празник, по сугестија на Пекинг

iQiyi, кинескиот одговор на „Нетфликс“, ќе понуди бесплатни филмови и телевизиски емисии во некои области во текот на новогодишниот празник, откако Пекинг ги повика стриминг-платформите да ги укинат сите претплати имајќи предвид дека многу луѓе се заглавени дома за да помогнат во борбата против пандемијата.
Новата година е најважниот празник во Кина. Тогаш традиционално милиони луѓе се упатуваат кон своите родни места, но властите во последните неколку недели воведоа строги антивирусни мерки откако беа пријавени стотици нови случаи со коронавирус.
Владата ги советуваше луѓето да останат дома или таму каде што се во моментов, стравувајќи дека масовните движења можат дополнително да го шират вирусот.
iQiyi, чиј родител е гигантот пребарувач „Баиду“, соопшти дека ќе овозможи категорија „бесплатно гледање“ што ќе биде достапна во Пекинг и блиската провинција Хебеи, со содржини кои обично се ограничени на членовите.
Забава
Халзи е бремена со своето прво дете

Американската пејачка Халзи се појави на социјалните мрежи во средата за да открие дека го чека своето прво дете, и сподели фотографија на која се гледт трудничкиот стомак.
„Изненадување!“, напиша таа во својата објава на Инстаграм и додаде неколку емотикони со шише за бебе, виножито и ангел.
Веста навистина ги изненади фановите на Халзи, бидејќи за 26-годишната пејачка се сметаше дека не е во врска со никого пред објавувањето на нејзината бременост.
Сепак, таа во својата објава го означи сценаристот Алев Ајдин, сугерирајќи дека тој е нејзиниот мистериозен партнер и татко на бебето.
Забава
Железниот човек Роберт Дауни Џуниор во борба за животната средина

Холивудскиот актер Роберт Дауни Џуниор се трансформираше во суперхерој Тони Старк во блокбастерот „Железниот човек“. Сега кандидатот за „Оскар“ презема акција против еколошките закани на планетата.
Дауни Џуниор (55) бара одржлива технологија за решавање проблеми, како уништување на шумите и микропластика.
Ѕвездата на филмовите како „Железниот човек“ (2008) и „Одмаздници“ (2012) во средата објави дека иницира капитални фондови со цел „забрзување на револуционерни технологии кои ги адресираат најголемите светски еколошки предизвици“.
Дауни, алтер егото на Ајронмен, во 2019 година најави дека сака да ја спаси нашата планета од еколошка криза, ветувајќи дека ќе ја исчисти за една деценија.
Дауновата организација FootPrint Coalition („Коалиција на стапалки“), основана во 2019 година и составена од инвеститори, донатори и волонтери посветени на изнаоѓање нови технологии за обновување на планета Земја, веќе инвестираше во компании како Ynsect, кои одгледуваат глисти, и Cloud Paper, која прoизведува бамбусова тоалетна хартија, меѓу другото.
Сега тој сака „брзо да мобилизира повеќе луѓе и да катализира повеќе капитал“.
„Постојат напредни технологии што ќе ги проверуваме… продолжуваме да го правиме она што го правиме, ќе ги бараме најдобрите во класата и ќе го забрзаме процесот на заштита на животната средина“, изјави Дауни за „Ројтерс“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома