Забава
Eвропски принцези кои еден ден ќе бидат кралици

Иако веројатно многумина знаат за принцот Џорџ, малиот принц кој е наследник на тронот во Велика Британија, помалку се информирани за неговите европски колеги во Шпанија, Норвешка и пошироко.
18-годишната принцеза Елизабета од Белгија веќе вистински тренира да стане следната кралица. Таа посетува исто воено училиште како и нејзиниот татко, кралот Алберт Втори, и држи говор пред стотици луѓе, вклучително и колеги врсници, на нејзината роденденска забава.
Принцезата Катарина Амалија од Холандија, најстарата од трите ќерки на кралот Вилем-Александер и кралицата Максима. Оваа принцеза е воспитувана во знаење дека речиси сигурно ќе биде кралица еден ден, по абдикацијата од нејзината баба кралицата Беатрикс во 2013 година. Таа се најде на насловните страници во нејзината матична земја неодамна откако беше откриено дека ќе добие државно финансирање од 2021 година.
Принцезата Ингрид Александра од Норвешка, уште една креаторка на историја. 16-годишната принцеза Ингрид ќе стане втора кралица во Норвешка кога ќе се искачи на тронот по нејзиниот татко, принцот престолонаследник Хакон. Првата кралица беше кралицата Маргарет од 15 век, и токму поради овој факт нејзиното крунисување би бил вистински подвиг.
Принцезата Леонор од Шпанија – најстарата ќерка на кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција. 14-годишната принцеза Леонор ќе стане првата кралица од 19 век ако се искачи на тронот. Нејзиното крунисување сепак не е загарантирано, бидејќи помалиот брат би можел да стане крал. Течно зборува на шпански и англиски јазик. Таа веќе ги придружуваше своите родители на неколку официјални посети, па дури и одржа говор на нејзиниот 13. роденден, читајќи го првиот член од уставот на Шпанија во Институтот „Сервантес“ во Мадрид.
Принцезата Естел од Шведска. Осумгодишната Естел е всушност втора во редот на шведскиот трон, по нејзината гламурозна мајка, крунисаната принцеза Викторија од Шведска. Таа се најде на насловните страници во јануари по несреќата на скијање, а повторно потоа во февруари со лансирање на нова истоимена фондација посветена на промовирање на уметноста. Естел ќе биде првата принцеза што некогаш се искачила на тронот пред братот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Девет години мир, среќа и пари за нив – сосема заслужено

Универзумот има планови кои не се случуваат секој ден. Три хороскопски знаци влегуваат во период од дури 9 години изобилство, среќа и внатрешен мир.
Ако сте родени под еден од овие три хороскопски знаци, подгответе се секој аспект од вашиот живот – од љубов и финансии до личен развој – да процвета на неочекувани начини.
Според астролошките прогнози, до 2034 година, овие хороскопски знаци можат да очекуваат девет години среќа и просперитет.
Стрелец – истражување и личен раст
Стрелците ќе имаат можност да постигнат лични цели и да истражуваат нови области во следните девет години. Нивната иницијатива и оптимизам ќе придонесат за личен развој, како во нивниот професионален, така и во приватниот живот.
Бик – стабилност и награда за труд
Биковите, благодарение на нивната издржливост и стабилност, ќе прават постепен напредок кон остварување на своите соништа. Се предвидува дека ќе имаат значителен професионален и финансиски раст, со заслужена награда за нивната напорна работа.
Вага – Внатрешен мир и креативност
Вагата ќе постигне внатрешен мир во сите аспекти од животот во текот на следните девет години. Нивните социјални вештини ќе им помогнат да изградат силни врски, што ќе им овозможи да го реализираат својот креативен потенцијал, особено во уметноста и дизајнот.
Како да го искористите овој период на среќа
– Следете ја вашата интуиција и отворено прифатете ги можностите што се појавуваат.
– Фокусирајте се на личен развој и подобрување на вашите вештини.
– Негувајте квалитетни врски во љубовта, семејството и пријателството.
– Мудро управувајте со вашите финансии и планирајте идни проекти.
Ова е период што не треба да се пропушти – ако сте Стрелец, Бик или Вага, предодредени сте да живеете во изобилство и внатрешен мир до 2034 година!
фото: принтскрин
Забава
Герасимовски и Викторија Лоба: Утре, во Паркот на франкофијата музички хепенинг со најпознатите македонски музичари

Градоначалникот Горан Герасимовски и македонската музичарка Викторија Лоба ги покануваат сите граѓани кои викендов ќе бидат во Скопје да дојдат на големиот музички хепенинг што ќе се одржи во Паркот на Франкофонија. На овој музички хепенинг којшто ќе биде бесплатен за сите граѓани ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и групата „2 Бона“.
Музичарката Викторија Лоба истакнува дека концертот „Нешто што ќе остане“ ќе биде вистинска магија со многу музика, емоции и прекрасно друштво.
„Ја имам таа чест на 13 Септември да ве поканам во Паркот на франкофонија, во традиционална организација на Општина Центар, када ве чека голем концерт кој ќе биде вистинска магија и нешто што ќе остане. Со многу музика, емоции и прекрасно друштво под отворено небо ќе создадеме моменти кои ќе останат во нашите срца. Ве очекувам во Парк на франкофонија“, вели Лоба.
Герасимовски потенцира дека концертот веќе прерасна во традиција која ги обединува граѓаните.
„Ова е трет пат како ја организираме оваа манифестација и секој пат Паркот на Франкофонија е исполнет со прекрасна енергија, со скопјани, но и со гости од целата држава. Ве поканувам заедно да уживаме во добра музика и позитивна атмосфера, да создадеме убави спомени и да покажеме дека Центар знае да биде вистинска општина на културата“, истакнува Герасимовски.
Забава
Една од најбараните модели на денешницата планира да се пензионира

Една од најбараните модели на денешницата, Кендал Џенер, е ѕвездата на новата насловна страница на „Вог“.
Таа ја делеше насловната на познатото списание со својата колешка и долгогодишна пријателка Џиџи Хадид и може да се каже дека двете убавици блескаа.
View this post on Instagram
Сепак, најголемо внимание на јавноста привлече Кендал и нејзината контроверзна изјава. Имено, таа планира засекогаш да ја напушти модната писта за да се посвети на дизајнот на ентериер.
„Се колнам, се откажувам од сè и само ќе дизајнирам ентериери на куќи. Не е шега“, рекла таа.
View this post on Instagram
Се чини дека рефлекторите повеќе не ѝ одговараат, а таа сака потивок живот за себе.
View this post on Instagram
„Го сакам просторот во Лос Анџелес, но го сакам и едноставниот живот. Обожавам да се будам секое утро и да облечам костим за капење или тренирка, без шминка. И обожавам да бидам слободна цел ден“, додаде таа.
View this post on Instagram
Животот и воспитувањето на Кендал беа во центарот на вниманието, а кога се појави во реалното шоу Keeping Up With The Kardashians имаше само 11 години.
View this post on Instagram
Подоцна стана една од најплатените модели на новата генерација, а нејзиното рано пензионирање може да го потресе светот на модата.
фото: принтскрин