Забава
„Eј-си/Ди-си“: Премногу сме тврдоглави за промена
Кога „Еј-си/Ди-си“ ја завршија турнејата Rock Or Bust во Филаделфија пред четири години, иднината на австралискиот хардрок-бенд изгледаше мрачна.
Пејачот Брајан Џонсон беше заменет со Аксл Роуз во последните 23 настапи кога лекарите му рекоа да престане со турнејата или ризикува веднаш да го изгуби слухот. Ритам-гитаристот Малком Јанг беше во последен меч во битката со деменцијата, а во меѓувреме и почина. Тапанарот Фил Руд мина поголем дел од претходната година во домашен притвор на Нов Зеланд.
Додека ја свиреше последната нумера For They About To Rock на арената „Велс Фарго“, основачот на бендот, Ангус Јанг, сметаше дека рок-бендот, најверојатно, ќе се пензионира.
„Можеби дискографската куќа би предложила компилациски запис или слично, но не и нов албум“, изјави песимистички основачот пред четири години.

Но, во меѓувреме, Јанг постепено и макотрпно го состави бендот заедно. Дури и Џонсон беше во можност да се врати, благодарение на некои пионерски изуми за враќање на својот слух.
Резултатот е 17-ти албум – Power Up, кој ниту отстапува ниту ја разблажува проверената формула на бендот, која му одолеа на времето.
„Можеби е затоа што бевме тврдоглави, но тоа е како кога сакам да ги слушам момчите од ‘Ролинг стоунс’, не ми требаат ‘стоунси’, кои се обидуваат да бидат џез-група. Ние се држиме до она што го правевме најдобро. Отсекогаш бевме свесни дека нашата сила не е нашата слабост“, вели Јанг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

