Забава
„Егзит“ најавува крај: Ако ова е последниот „Егзит“ во Србија, нека биде незаборавен
Пред 25 години, EXIT беше создаден како студентско движење за мир и слобода во Србија и на Балканот. Од својот почеток до денес, тој прерасна не само во еден од водечките фестивали во светот, туку и во глобален симбол на заедништво, толеранција и сила на младите луѓе. Преку музика, креативност и активизам, поврзувавме генерации и народи, ги обновувавме раскинатите врски и изградивме мостови онаму каде што многумина ги уриваа. Донесовме најпрестижни европски фестивалски награди во Србија и во регионот, како и стотици милиони евра туристички прилив со промоцијата чија вредност е категоризирана од светските експерти како непроценлива, велат организаторите на фестивалот.
„Сепак, од моментот кога минатата година јавно застанавме на страната на студентите и нивната борба за слободно и праведно општество во Србија, бевме изложени на огромни финансиски и други притисоци, со цел да ни се укине нашето право на слобода на мислење и говор. Иако целосно ни беше ускратено јавното кофинансирање на сите нивоа на власта, без кое во ограничените економски рамки долгорочно не е можно да се реализира фестивал од големината и реномето на Exit, не прифаќаме да бидеме замолчени.
View this post on Instagram
Сметаме дека слободата нема цена и токму затоа, годинашново јубилејно издание на фестивалот ќе биде последното што ќе се одржи во Србија во која се задушува слободата на говор. Иако знаеме дека сме добредојдени во многу делови од светот, на нашата публика ѝ должиме последно танцување на Петроварадинската тврдина, поради што целиот наш тим е поодлучен од кога било досега годинашново издание да го направи најемотивното и најнезаборавното до сега.
Тој ќе се одржи од 10 до 13 јули во Нови Сад, кога заедно со студентите ќе одбележиме 25 години заедништво. EXIT не е само фестивал, EXIT сме сите ние кои веруваме дека можеме подобро. И како што пред четврт век заедно ја запаливме искрата на промената, денес уште еднаш го браниме правото да живееме слободно.
Ако ова е последниот EXIT на Тврдината, нека биде незаборавен. Нека биде нашиот најсилен досега. Фестивал кој ќе се памети не по крајот, туку по единството. По љубовта. По слободата!“, пишува на официјалниот профил на Инстаграм.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

