Забава
Fashion Group освои седум награди на E-commerce Awards 2022
Модната групација Fashion Group освои седум награди на годинешната манифестација E-commerce Awards 2022, со што уште еднаш се издвои како апсолутно позитивен пример во сферата на е – трговијата во земјава.
Наградите имаа за цел да ја препознаат напорната работа, иновативноста, тимскиот дух и постојаните напори на е-трговците да бидат поттик за останатите за уште подобро темпо во сферата во 2023-тата година.
Наградите на компанијата се однесуваат на прво место за најпопуларна е-продавница од гласовите од публиката, трето место е-трговец на годината, победник во категорија е-продавница за облека и обувки, прво место во категорија е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега, победник во категоријата најдобар верификуван е-трговец, второ место во категоријата најдобро присуство на социјални медиуми, како и прво место во категорија е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање за аутлет платформата.
Благодарение на исклучителната грижа кон корисниците, постојаните поволности за лојалните купувачи, грижата за брзата достава, навремените информации за сите промоции и останати активности, резултираа со вакво признание кое што е од големо значење за компанијата.
Истото е само мотив компанијата уште повеќе да се насочи кон подобрување на сите активности во иднина, на уште подобра грижа за корисниците и олеснување на начинот на купување.
„Ваквите награди се од особено значење за нашиот тим, бидејќи истите се потврда дека нашите клиенти се задоволни од сето она што го правиме ние како тим за нив, а истовремено е и мотивација за нас да продолжиме со уште посериозно темпо да работиме на новите предизвици. Во иднина, повеќе од сигурно е дека уште повеќе ќе им се посветиме на нашите клиенти сè со цел да доживеат неверојатно шопинг искуство какво што и заслужуваат, а уште повеќе ќе им го олесниме и начинот на купување и доставата“, велат од Fashion Group.
Компанијата останува да сведочи за исклучителните напори да ја подигне е-трговијата во земјава на уште повисоко ниво, заедно со сите останати победници во бројните категории на годинешните E-commerce Awards 2022.










©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Се одложува концертот на Божо Вреќо во Македонската филхармонија
Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини.
Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум.
Сите купувачи кои сакаат да го остварат своето право на поврат на средствата за купените билети можат да го направат тоа на продажното место каде што билетите биле купени, вклучувајќи ја и онлајн-платформата karti.com.mk.
Забава
Влатко Лозаноски со мегашоу: „Километри љубов“ на 7 март во арената „Борис Трајковски“
Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност.
„Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко“, вели Лозано за концертот во арената „Борис Трајковски“.
Картите за настанот се веќе во продажба. Промотивни понуди за истите веќе можат да се најдат на сајтот на kupikarta.com.
Забава
(Фото) Крие магија под капутот: една од најубавите жени во најкраткото фустанче досега
Актерката Ања Тејлор Џој се појави на настан во Њујорк организиран од „Тифани и ко.“ и ги потсети сите зошто баш таа е избрана за најубава жена на светот.
Русокосата убавица за овој настан избра краток бел фустан, со асиметричен топ и висока јака, што му даде на целиот моден изглед доза драма.

Но, и покрај сето тоа, нејзините долги нозе беа во преден план, па нема некој кој не ѝ обрна внимание на Ања кога се појави пред фотографите.

За дополнително да го нагласи својот изглед и шминката, Ања ја исправи косата и ја собра во пунџа, а белиот фустан го спои со едноставни потпетици во иста боја. Преку него носеше преголем капут, исто така во бела боја, кој од сите детали имаше само ремен за да ја нагласи половината.

И тоа беше доволно Ања Тејлор Џој да биде главна тема уште од првиот чекор.
фото: принтскрин

