Забава
Fashion Group Digital Magazine: Една година креативност, мода и инспирација!
Една од најголемите и омилени модни групации, Fashion Group, точно пред една година започна подвиг кој беше исполнет со храброст, желба и мотив нивните клиенти и соработници да добијат сосема нова перспектива на работење и креативност.

Се создаде месечен дигитален моден магазин. Година подоцна, тоа што за многумина беше храброст, денеска е успешна приказна!
Тимот што работи на неговото создавање направи ретроспектива на сите досегашни изданија, приказни – модни, но и лични – и задоволно може да продолжи во новата етапа на испишување страници.

„Навистина сме горди на досега постигнатото. Успеавме да ги споиме модата, успехот, идеите и креативноста и да ги претвориме во производ кој остава препознатливост. Често не е едноставно да се поместуваат граници, но на Fashion Group и овој пат му успеа да го стори тоа. Особено сме горди што целиот овој проект го правиме „in house“, во Fashion Group, и многу е интересно што на моменти изгледа како редакција. Многу љубов, труд и енергија се вклучени во овој проект кој имаше за цел да ја стави модата во фокус и на еден, уште поблизок начин, да комуницира со сите оние што ги сакаат нашите брендови. Сакавме да донесеме светски трендови во Македонија и успеавме во тоа. Благодарност на сите учесници во создавањето на магазинот, на сите наши досегашни соговорници и секако до сите уживачи на овој наш креативен труд“, велат од групацијата.

Познати лица од македонската сцена ги раскажаа своите животни, професионални, но и модни приказни. Секој месец читателите имаа можност да уживаат во модни совети, инспирации, трендови.
„Оваа приказна ќе продолжи и ќе добие уште поубав правец, особено сега кога видовме дека нашата идеја е препознаена, а магазинот е нешто што со нетрпение се очекува“, додаваат од Fashion Group.

А кога сме кај нетрпението, новиот, роденденски број на магазинот е веќе објавен, а на насловната страна овојпат се најде македонската пејачка Антониа Гиговска, сосема поинаква, позрела, со нова приказна која чека да му ја раскаже на светот.



Нејзината насловна фотографија, а и сите останати од изминатата прва година на постоење на Fashion Group дигиталниот магазин, можете да ги погледнете во вид на изложба во трговскиот центар „Ист Гејт“ во делот на „Модната авенија“.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

