Забава
Fenty Beauty: Како шминката ѝ помогна на Ријана да стане милијардер
Кога Ријана го објави својот сингл Better Have My Money во 2015 година, луѓето можеби мислеа дека зборува за хонорари од бр.1 хитови како We Found Love или Diamonds.
Но, тоа е приходот што го остварува од нејзината козметичка компанија „Фенти убавина“ (Fenty Beauty), која во голема мера е одговорна за официјално да стане милијардерка минатата недела.
Ријана (33) ја лансираше „Фенти убавина“, попозната како „Фенти бјути“, во 2017 година во партнерство со компанијата за луксузни производи LVMH (Моет Хенеси Луј Витон).
Ријана тогаш изјави дека целта на „Фенти“ е да им се допадне на „сите типови жени“ со „сите тонови на кожа“.
„За секој производ си велев мора да има нешто за девојка со темна кожа или темен тен, мора да има нешто за бледа девојка, мора да постои нешто помеѓу“, изјави поп-ѕвездата за Refinery29 во 2017 година.

Таа посветеност е она што се издвојува, смета писателката експерт за убавина Џесика Морган, додавајќи дека цврстата заложба на Ријана ја прави поинаква од останатите.
„Ријана се приближи до диверзитетот без пречки. Нејзината цел беше да има опција достапна за секого”, вели 28-годишната Џесика.
Ријана вреди 1,7 милијарди долари, а околу 1,4 милијарди долари доаѓаат од вредноста на „Фенти бјути“.„
„Форбс“, престижниот бизнис-магазин кој објави дека станала милијардер, тврди дека таа поседува 50% од козметичката компанија.
Ѕвездата го лансираше Fenty Beauty во 1.600 продавници низ 17 земји во 2017 година.
Наводно, компанијата заработила 100 милиони долари во првите 40 дена.
Заработува повеќе од другите брендови за убавина основани од селебрити-личности, како што се „Кајли козметика“ на Кајли Џенер, „ККВ бјути“ на Ким Карадшијан, и The Honest Company на Џесика Алба, пишува „Форбс“.
Остатокот од богатството на Ријана главно доаѓа од нејзиниот удел во компанијата за долна облека, „Севиџ икс фенти“, во вредност од околу 270 милиони долари, и нејзината заработка од музика и глума.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

