Забава
Joshua Tree на „Ју ту“ изгласан за најдобар албум на 80-тите
 
																								
												
												
											Тhe Joshua Tree („Дрвото Џошуа“) на ирскиот рок-бенд „Ју ту“е изгласан за најдобар албум на 80-тите години на минатиот век.
Објавен во 1987 година, овој албум го направи U2 еден од најголемите светски бендови, благодарение на химнитe како With Or Without You и Where The Streets Have No Name.

Слушателите на „Звуци на 80-тите“, програма на Би-би-си радио 2, го избраа за најдобар аудиозапис на деценијата, во анкетата по повод Националниот ден на албумите во сабота.
На второ место е Brothers in Arms на британските рокери „Дајер стрејтс“, а потоа следува истоимениот првенец на The Stone Rouses.
Сите, освен едeн од првите 20, се на мажи уметници, со исклучок на Hounds of Love на Кејт Буш, кој e на 11-тото место.
Албумите на Мадона, Џенет Џексон, Трејси Чепмен и Грејс Џонс се наоѓаат подолу на листата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Забава
Кејти Пери со роденденската торта предизвика бес кај фановите: „Ова е патетично“
 
														Пејачката Кејти Пери го прослави 41. роденден на својата турнеја, но наместо честитки, доби лавина критики поради еден потег што го сподели на социјалните мрежи.
На видеото од прославата се гледа како Пери ги дува свеќичките, а потоа ја фаќа тортата и ја фрла кон еден член од тимот, кој во последен момент ја избегна. Тортата заврши на земи, а некои од танчерите потоа јадеа парчиња од подот.
View this post on Instagram
Фановите ја осудија сцената, нарекувајќи го однесувањето на пејачката „незрело и без почит“. „Тимот ѝ подготви торта со љубов, а таа ја фрли на под – патетично“, напишал еден корисник. Друг додал дека Пери „треба да се спушти на земја“.
Забава
Кендал Џенер: Бев многу љубоморна на сестра ми Кајли
 
														Манекенката Кендал Џенер во новата епизода на реалити-серијата The Kardashians откри дека како тинејџерка била љубоморна на својата помлада сестра Кајли, затоа што родителите имале многу полабав однос кон неа.
„Кајли пушеше трева пред мене, и јас се налутив. ѝ реков: ‘Ти си дегенерик!’“, раскажа Кендал, додавајќи дека вистинската причина била љубомората — „бев љубоморна што не бев толку слободоумна како неа“.
На крај, призна дека и самата им се придружила и дека „си поминале супер“. Според неа, тогаш имале само 16 и 14 години.
Кајли потврди дека, како најмладо дете, успевала да избегне многу родителски правила. „Мама беше построга со постарите, а со мене веќе беше поопуштена,“ рече таа, додавајќи низ смеа дека Кендал во тие години била „вистински хејтер“.
Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
 
														Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											