Забава
Kуќата на Сопранови оди на лицитација

Куќата во која се снимаше серијата за прочуеното мафијашко семејство Сопранови ќе биде дадена на лицитација. Почетната цена изнесува 3,4 милиони долари.
Куќата има четири соби, четири бањи и гаража за два автомобила. Исто така, во цената е пресметана и еднособната гостинска куќа. За годишен данок треба да се издвојат дополнителни 34.005 долари.
Вистинските сопственици на куќата живееја во неа 32 години. За време на шестата сезона куќата на Сопранови била користена 30-50 пати за да ја пречека екипата.
Во огласот за продажба е наведено дека семејството ја продава затоа што нивниот син е веќе пораснат и се отселил. Повеќе не им е потребен толкав простор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Жена која работеше со Лајвли ја обвини актерката: „Таа сакаше да го искористи Балдони“

Талија Спенсер, член на екипата на филмот It Ends With Us поради кој започна целата драма помеѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли, ја коментираше нивната врска за време на снимањето.
Спенсер застана на страната на Балдони во шоуто 60 минути Австралија, а таа немаше многу убави зборови за Лајвли. Таа, всушност, рече дека актерката сакала да го искористи Балдони за да ја преземе контролата врз филмот.
„Мислам дека Блејк ја намириса неговата добрина и ја помеша со слабост“, истакна таа.
Таа за Балдони рече дека тој бил еден од ретките режисери со кои соработувала, кој бил љубезен и пристоен. Таа нагласи дека и е жал што филмот го одбележал конфликтот меѓу Џастин и Блејк и дека се надева дека вистината ќе биде откриена.
„Треба да се докаже невиноста на оние кои не се виновни“, заклучи таа.
Да потсетиме дека претходно, друг актер од филмот се сврте против Лајвли. Адам Мондшајн, кој го глумеше доктор Данбар, се осврна на нејзините тврдења дека неговиот пристап за време на снимањето на сцената на пораѓање бил „инвазивен и понижувачки“.
„Мислам дека е непотребно да се каже дека моето искуство со работа со неа беше значително различно од она што таа го опиша во нејзината тужба. Всушност бев изненаден од нејзиниот опис на сцената. Никогаш не се пожали ниту рече дека и е непријатно бидејќи ништо необично или несоодветно не се случило. Се беше целосно професионално“, изјави тој за Дејли Меил.
Забава
(Видео) Вилијам Леви проговори по апсењето: „Се обидував да останам смирен цело време“

Кубанско-американскиот актер Вилијам Леви, кој е познат по улогите на заводник од сапуниците, минатиот викенд беше уапсен во Форт Лодердејл, Флорида.
44-годишникот беше уапсен бидејќи бил пијан на јавно место и упаднал во нечиј приватен имот. Според евиденцијата за апсење до која дошле локалните вести, тој бил „многу алкохолизиран и предизвикувал вознемиреност во ресторанот“, а менаџерот му рекол да не се враќа.
Во вторникот попладне, Леви се појави на суд, каде што судијата му одреди кауција од 500 долари. Истата вечер тој беше ослободен од затвор. Се обиде да ги избегне новинарите, но безуспешно. Леви потоа ја раскажа својата верзија на приказната.
Тој објасни дека се обидел да ја прекине расправијата, но дека на крајот завршил со лисици. Тој негираше дека ја нападнал вработената во ресторанот.
„Цело време се трудев да останам смирен. На крајот јас бев тој што мораше да си замине“, им рекол Леви на насобраните новинари.
Кога го прашале за обвинението за прекршување, Леви кратко рече: „Па, мораа да ме приведат за нешто“.
Забава
Деми Мур за разочарувањето поради загубата на „Оскарот“: „Ќе беше прекрасно да победев“

Актерката Деми Мур (62) конечно откри како навистина се чувствувала откако го пропуштила Оскарот за најдобра женска улога оваа година, пишува Дејли Мејл. Мур не го криеше разочарувањето бидејќи Оскарот наместо неа и припадна на актерката Мајки Медисон.
„Секако дека физичкиот, човечки дел од мене кој има его се чувствува разочаран. Ќе беше навистина прекрасно да победев“, призна Мур.
Но, актерката тврди дека веќе претчувствувала дека 26-годишната Медисон ќе победи и му шепнала на филмскиот продуцент Џејсон Вајнберг за време на рекламите: „Мислам дека Мајки ќе победи“.
За време на преносот на церемонијата, Мур беше видена како му кажува нешто на Вајнберг веднаш откако Ема Стоун го прочита името на победникот.
„Не знам зошто го знаев тоа, но знаев. Бев потполно смирена и прибрана. Не бев уништена. Не чувствував ништо од тие тешки емоции. Само имав верба, и сè уште имам, во се што ќе се случи“, изјави Мур.