Контакт

Забава

Кинески царски печат продаден за рекордни 22 милиони долари на аукција

Објавено пред

Печатот на кинеската империја од XVIII век е продаден за рекордни 21 милион евра (22 милиони долари), повеќе од 20 пати од неговата проценета вредност.

Аукцијата се одржа во Париз во средата, а печатот го купи неименуван кинески колекционер по вистинска војна на вжештени наддавања, соопшти аукциската куќа Drouot.

Печатот со големина на дланка е направен од црвен и бел стеатит, еден вид минерален камен.

Тој беше еден од стотиците печати во сопственост на императорот Кианлонг, еден од кинеските цареви со најдолг стаж.

Претходниот печат што беше продаден на аукција во 2011 година постигна цена од 14 милиони евра. /крај/мф/вс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Вива, Италија! Лејди Гага фрлаше лалиња кон римските фанови

Објавено пред

Лејди Гага минатиот викенд го заврши снимањето на филмот The House of Gucci („Куќата Гучи“) во режија на Ридли Скот, а по напуштањето на хотелот во кој престојуваше неколку месеци, таа со необичен гест ги поздрави и воедно се збогуваше од своите римски фанови насобрани пред хотелот.

Облечена во креација што ја сигнализира драмата од италијанската висока мода, држејќи снопови со пролетни лалиња, насолзената Гага, која ја глуми сињора Гучи во претстојниот филм, елегантно со едната рака во розова оперска ракавица ги расфрли цвеќињата на калдрмата.

Со блејзер Sportmax, свилена шамија Chanel околу вратот и со модни додатоци на Christian Lacroix, чизми и чанта на Valentino Rose, поп-ѕвездата, а сега и актерка, го донесе холивудскиот гламур во Рим. Вива, Италија!

Папараци-фотографиите на кои Гага фрла лалиња кон насобраните фанови станаа вирални во целиот свет.

Во текот на последните два месеца на снимањето на модерната продукција во италијанската престолнина трансформацијата на Гага во наследничка на Гучи се преточи во нејзината сопствена гардероба.

Гага замина за Рим во март. Таа ја потретира Патриција Реџани (сињора Гучи), поранешната сопруга на Маврицио Гучи, која мина 18 години во затвор бидејќи во 1995 година најми платен убиец за да го убие нејзиниот поранешен сопруг.

Премиерата на филмот за скандалот од 90-тите години на минатиот век е закажана во ноември.

Прикажи повеќе...

Забава

Ал Пачино на опуштена прошетка во Беверли Хилс

Објавено пред

Тој се врати дома во Лос Анџелес откако помина неколку недели во Италија на снимање на филмот The House Of Gucci („Куќата Гучи“) на Ридли Скот.

А во вторникот холивудскиот ветеран Ал Пачино (81) беше забележан во Беверли Хилс облечен во лежерен црн комплет и долг шал со реси.

Најновата улога на Пачино е како потомок на модната куќа, Алдо Гучи, чиј внук Маврицио беше убиен во 1995 година, а убиството го нарача неговата поранешна сопруга Патриција.

Адам Драјвер игра во улогата на Маврицио во филмот, а Лејди Гага како Патриција, која издржа 16 години затвор за организирање на убиството.

Снимањето се одвиваше во Рим и Милано. Техничката екипа и актерите беа сместени во ексклузивната вила „Д’Есте“ на брегот на езерото Комо.

Прикажи повеќе...

Забава

Танчар од Англискиот национален балет прогласен за виновен за сексуални напади

Објавено пред

Поранешен главен танчар на Англискиот национален балет е прогласен за виновен за сексуални напади врз негови ученички.

Јатсен Чанг извршил сексуална злоупотреба и злоупотреба на моќ врз девојки и жени од Англискиот национален балет (English National Ballet) и Академијата за млади танчари (Young Dancers Academy) во Лондон во периодот од декември 2009 година до март 2016 година.

49-годишникот е осуден по 12 точки од обвиненијата за сексуален напад и една точка за напад со пенетрација.

Пресудата ќе му биде изречена во лондонскиот суд АIsleworth Crown Court на 18 јуни.

Судијата Едвард Конел му рече на Чанг дека неговиот престап ескалирал сериозно и го предупреди дека се соочува со долга затворска казна.

Четири жени, на возраст од 16 до 18 години во тоа време, го обвинија танчарот дека несоодветно ги допирал за време на масажите во училиштата.

На поротата ѝ беше кажано дека Чанг, кој сега живее во германскиот град Кил, ја користел својата позиција како славен и почитуван балетан за да ги злоупотребува своите студенти.

„Тој верувал дека неговата слава и неговата позиција ќе го заштитат од поплаки или од последици на неговите постапки“, рече обвинителот Џоел Смит.

Чанг ги негира сите обвинувања.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија4 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа5 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа5 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет6 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет6 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија18 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија21 час

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија22 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија24 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија24 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија1 ден

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија1 ден

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Досие