Забава
Maшко е! Официјално потврдено дека Кајли Џенер има син

Кајли Џенер го објави раѓањето на своето второ дете со раперот Тревис Скот и потврди дека нивното дете се родило еден ден по четвртиот роденден на ќерката Сторми.
Намјладата од сестрите Кардашјан во неделата попладне откри дека вторпат станала мајка.
Иако не го откри полот на детето, 24-годишната милијардерка сугерира дека родила машко бебе со тоа што стави емотикон со сино срце во својата објава на „Инстаграм“. Таа не го открие името на новороденчето.
Покрај црно-белата фотографија од раката на новороденчето, таа стави емотикон со сино срце и датум 2/2/22.
Претставникот што зборуваше во нејзино име подоцна потврди за „Пипл“дека таа родила син. Во неделата извори за ТМЗ изјавија дека на Кајли ѝ е добро по породувањето и дека Сторми е возбудена што има помлад брат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Три хороскопски знаци кријат планина од емоции во себе, но никогаш нема да зборуваат за тоа

Тие не се ладни. Тие се само затворени. Овие хороскопски знаци честопати изгледаат далечни или незаинтересирани, но вистината е сосема спротивна.
Нивните емоции се длабоки, сложени и ретко се искажуваат. Кога не ги разбираат, лесно можат да се помешаат со рамнодушност. Всушност, тие чувствуваат повеќе отколку што би рекол кој било.
Кои се овие хороскопски знаци?
Девица
Девиците сакаат да анализираат, но емоциите не се безбедно место за нив. Кога им е важно, тие стануваат грижливи, но не зборуваат за тоа, туку го покажуваат тоа преку мали нешта. Кога ќе ги прашате како се, тие често велат „добро“, иако тоа ретко значи она што вие мислите.
Шкорпија
Шкорпиите длабоко чувствуваат, но молчат за тоа. Не затоа што не им е гајле, туку затоа што премногу им е гајле. Тие се плашат од отфрлање, губење на контрола и разоткривање. Нивното молчење често е одбрана, а не рамнодушност.
Водолија
Водолиите не се без емоции, тие едноставно не знаат како да ги објаснат. Кога се збунети од сопствените чувства, се повлекуваат.
Се чувствуваат побезбедно кога зборуваат за идеи отколку за своите срца. Но, кога се отвораат, тоа е знак за најголемата доверба што можат да ја дадат.
Забава
(Видео) Јелена Розга изгледа како милион долари

Пејачката Јелена Розга настапи во познатата Канли кула во Херцег Нови и, како што рече, конечно го оствари својот сон.
За време на настапот, Јелена воодушеви и со своето модно издание, што не е изненадување кога е во прашање таа.
Подоцна објави видео од концертот во кое ги искажа сите свои емоции, а покажа и како изгледа на настапот. Сите се согласија за едно, таа е достојна за светската сцена.
Розга носеше краток црн фустан со пуфкасти ракави и светкав материјал, а сето тоа зрачеше со неверојатен гламур.
Забава
(Фото) Латинодивата Џенифер Лопез воодушеви во модерно бикини

Латино дивата Џенифер Лопез, и кога работи и кога не, се труди да ги оправда очекувањата и секогаш да биде на висина на модната задача, без разлика каде се наоѓа.
Иако неодамна предизвика хаос со својот прекрасен костим и кореографија, овој пат пејачката ужива во Шпанија, од каде што ги испраќа своите поздрави на малку полежерен начин.
Славната Џеј Ло позираше на плажа, облечена во модерно бикини преку кое носеше преголема бела кошула.
„Здраво, Шпанија. Се гледаме наскоро“, напиша таа во описот на објавата, која за многу кратко време собра голем број лајкови.
Латино дивата сето тоа го комбинираше со големи очила за сонце, но и неколку ѓердани, додека секако на една фотографија нејзината позадина беше во преден план. Впрочем, тоа е она што сите чекаа да го видат…
„Ти си божица“, „Кралица“, „Ти си неверојатна жена во секоја смисла“, „Европа е твоја, едвај чекаме да те видиме“, беа некои од коментарите.