Забава
NUMB – Tribute to Pink FLoyd со нов концерт на 18 јули во Охрид

Повторно е време за најголемите хитови на култната англиска четворка, во рамките на проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd, настанот што го одбележа минатото лето во Охрид.
По „Долни сарај“, следи нов настап на плажата Cuba Libre в четврток, на 18 јули 2019 година, со почеток по 21 часот.
Ноќта ќе биде посветена на еден од најголемите и највлијателни рок-бендови воопшто во музичката историја, легендарниот Pink Floyd. Посетителите ќе можат да уживаат во 16 безвременски хитови на Pink Floyd, придружени со спектакуларно видео и лајтшоу.
Зад проектот стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (сајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали. Ќе се изведат некои од највредните дела на култниот Pink Floyd како Shine on your crazy diamond, Learning to fly, Hey you, Another brick in the wall и уште 12 од најголемите хитови, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација.
Pink Floyd е една од највлијателните и најуспешни рок-групи на сите времиња. Со својата квалитетна мелодика и извонредна хармонија си обезбеди почесно место во историјата на рокот, и е на самиот врв на светската музика. Ако за некоја музичка група може да се каже дека ги премостила психоделичниот рок од 60-тите години на 20 век и електронските рок-експерименти од 70-тите години, сигурно, тоа се секако култната Pink Floyd.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Жената која „не старее“ шокира со нови фотографии: го прослави 76. роденден и не ја открива својата тајна

Познатата дизајнерка на венчаници наполни 76 години, но кога ќе видите како изгледа, ќе ви биде тешко да поверувате.
Славната Вера Ванг, верувале или не, наполни 76 години, а по тој повод организираше забава во Париз за своите најблиски пријатели.
Познатата дизајнерка сподели неколку фотографии на својот Инстаграм профил, но исто така докажа дека возраста и модата дефинитивно не треба да се поврзуваат. Вера и претходно беше тема на дискусија кога станува збор за младоликоста, па затоа често се дискутираше за неа.
Таа позираше во краток црн џемпер и долго здолниште, а сè беше дополнето со ремен со синџири.
„Се обидувам да бидам малку модерна“, напиша Вера, очигледно правејќи шега на своја сметка.
Таа го комплетираше својот екстравагантен моден изглед со високи платформи и црна лента за глава, како и очила за сонце. Уште еднаш, нејзиниот изглед беше главна тема, а на никој не му е јасно како е можно оваа жена да е во својата осма деценија.
Вера Ванг често е пример за тоа како возраста не може да биде пречка, и тоа не само кога станува збор за модата.
Таа ја започна својата кариера како дизајнерка на венчаници на 40-годишна возраст, иако дотогаш веќе беше многу успешна. Соработуваше со Ралф Лорен, пред да одлучи да стане независна.
Таа сè уште не ја открила тајната на својот младешки изглед, како што еднаш рекла, не прави ништо посебно и се однесува сосема нормално, па засега сè уште мора да веруваме дека „главниот виновник“ е генетиката и обичниот живот.
Забава
(Видео) „Никој освен тебе” – нова песна и спот на Нокаут

Популарниот македонски бенд Нокаут ја промовираше својата најнова песна „Никој освен тебе“.
Музиката, текстот и аранжманот се на фронтменот Никола Перевски – Пере.
Забава
(Видео) Бред Пит „разочарува“ во кујната, но жените сепак го обожаваат

Бред Пит едноставно цвета од кога почна да се забавува со Инес де Рамон, која е речиси три децении помлада од него.
Познатиот холивудски актер Бред Пит моментално е една од главните теми, особено по објавувањето на новиот филм „Ф1“. Тој блескаше на премиерата со својата девојка Инес Де Рамон.
Долго време потоа се пишуваше дека актерот страда од „криза на средни години“, со оглед на тоа што драстично го променил својот изглед и стил на облекување откако почнал да излегува со помлада убавица.
Како и да е, тој е сè уште ненадминлив.
Овој пат, се најде во кујнско видео каде ги покажува сите свои вештини.
Тој се снимаше заедно со готвачите Роберто Моралес и Исајас Еспиноза, како и некои од неговите колеги од филмот. Тие заедно подготвуваа мексиканска храна и очигледно се забавуваа одлично.
Сите пробаа некои мексикански додатоци, а интересен детаљ беше кога Бред го сечеше месото кое речиси му излета од рака. Иако целта беше да се натпреваруваат, на крајот одлучија дека сите такос се одлични и дека нема победник.
Секако, видеото привлече големо внимание најмногу поради Бред Пит, но и затоа што не сме навикнати да го гледаме во вакви изданија.