Забава
Oбјавени детали од пукањето во кое Болдвин ја уби снимателката
Режисерот Џоел Соуза ѝ рекол на полицијата дека Алек Болдвин вежбал да го извлекува пиштолот кога бил испукан куршумот, пренесува Си-ен-ен, додавајќи дека актерите и снимателската екипа на филмот Rust штотуку се вратиле од ручек кога тоа се случило.
„Во еден момент актерот Алек Болдвин и уште неколкумина вежбаа сцена во црква на филмски сет за вестерн што требаше да личи на Канзас од 80-тите. Во друг момент две лица крвавеа од прострелни рани, од кои едното фатално“, се наведува во исказ на сведоците.
Си-ен-ен дава преглед за тоа како се случила трагедијата, во која камерманката директорка на фотографија, Халина Хачинс, го загуби животот врз основа на записникот поднесен по претресот и повикот на 991.

Вестернот се снимаше минатиот четврток на ранчот Bonanza Creek во близина на Санта Фе, Ново Мексико. Болдвин во филмот глуми седокос одметник, кој бега од власта со својот 13-годишен внук.
„Утрата на филмскиот сет обично почнуваа со појадок во 6.30 часот, но тој ден доцнеа. Шестчлена екипа сниматели го напушти сетот непосредно пред трагедијата поради поплаки за плата и сместување. Донесена е нова екипа. Дури и со доцнење поради тоа, се чинеше дека снимањето продолжува без проблем“, им изјави режисерот Џоел Соуза на заменик-шерифите на округот Санта Фе.
„Болдвин и членовите на тимот почнаа да ја вежбаат сцената во разурнатата црква, паузираа на ручек, а потоа се враќаа на сетот. Болдвин, во облека што ја гледаме на вестерн, беше во близина на Соуза, Хачинс и уште неколку луѓе. Беше поставена една камера, но сцената само се вежбаше, ништо не беше снимено“.
„Помошникот на режија Дејв Холс донесе пиштол реквизит пред црквата и извика ‘ладен пиштол’! сакајќи да каже дека не е наполнет. Потоа му го даде на Болдвин, кој седеше на клупата пред црквата и гледаше во камерата и екипата зад неа“.
„Болдвин демонстрира т.н. вкрстено извлекување. Тој го извлече пиштолот од футролата на спротивната страна на телото од раката. Сцената бара од него да го впери пиштолот кон камерата… беше околу 13.50 часот“.
Соуза на полицијата ѝ изјавил дека ја гледал сцената преку камерата и блиските монитори кога слушнал „нешто што звучело како удар со камшик, а потоа и силен бум. Хачинс паднала на земјата држејќи се за стомакот и рекла дека не си ги чувствува нозете. Соуза, кој стоел до неа, забележал крв на своето рамо.
„Одеднаш настана хаос. Снимателската екипа веднаш реагира, докторот се обиде да го спречи крвавењето на Хачинс, а други избезумено повикуваа брза помош…“
Шест дена по трагедијата, многу прашања остануваат неодговорени. Филмската индустрија ја оплакува Хачинс, срцето на Болдвин е скршено.

Ранчот Bonanza Creek, кој се користеше за снимање на повеќе вестерни и ТВ-серии, сега е затворен. Продукцијата најави дека снимањето на филмот Rust ќе биде стопирано, барем додека не заврши истрагата за инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Брз трик за чистење: Бањата може да блесне за 12 минути
Бањата е место каде брзо се собираат каменец, влага и траги од сапун, но со правилен редослед може да се исчисти за околу 12 минути. Клучното правило е чистењето секогаш да оди од горе кон долу, за да не ја повторувате истата работа.
1 минута – Подготовка
Отворете прозорец или вклучете вентилација, тргнете ги крпите и ситниците и напрскајте ги тоалетната школка, мијалникот и тушот со средство за чистење.
2–4 минута – Полици и огледало
Избришете ги горните полици и ормарчиња, а огледалото исчистете го со средство за стакло или вода со оцет.
5–7 минута – Туш или када
Со сунѓер исчистете ги плочките и славините, а потоа исплакнете со топла вода.
8–9 минута – WC-школка
Исчистете ја внатрешноста со четка, а надворешноста пребришете ја со дезинфекциска крпа.
10 минута – Мијалник и славини
Отстранете ги трагите од паста и сапун, а славините избришете ги со сува крпа за да заблескаат.
11–12 минута – Подот
На крај избришете го подот со топла вода и средство за чистење или малку оцет.
Со ваква кратка рутина, бањата може брзо да изгледа чисто и свежо – за помалку време отколку што трае една епизода од серија.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Селена Гомез му ги бакна стапалата на Бени Бланко во неговиот подкаст, бројни реакции
Пејачката и актерка Селена Гомез предизвика реакции на социјалните мрежи откако во најновата епизода од подкастот „Friends Keep Secrets“ му бакна стапало на својот сопруг, музичкиот продуцент Бени Бланко.
Во текот на разговорот, Гомез седела на подот во дневната соба, додека Бланко бил на каучот со ногата потпрена на масата. Во еден момент таа се наведнала и му го бакнала прстот на ногата.
Бланко се пошегувал со водителите и рекол дека му се допаднал гестот, додавајќи дека го разубавил неговиот ден.
Снимката предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците ја нарекоа „одвратна“ и „непријатна“.
Контроверзијата се појави и поради претходна епизода од подкастот, во која Бланко ги покажал своите стапала, кои дел од гледачите ги оценија како нечисти. Тој подоцна во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ се бранеше дека има „одлични стапала“.
Селена Гомез и Бени Бланко се во врска од 2023 година, а се венчаа во 2025 година.
Забава
Хејли Бибер: Докторката ме советуваше да не останам бремена, но јас останав
Манекенката Хејли Бибер откри дека нејзината прва бременост со синот Џек Блуз, кого го има со сопругот Џастин Бибер, била целосно неочекувана.
Во подкастот „SHE MD“ таа раскажа дека лекарите претходно ја предупредиле дека поради септум на матката може да има проблеми со забременување и дека можеби ќе биде потребна мала операција пред да планира деца.
„Реков дека не размислувам за бременост во тој момент, а потоа – како по чудо – останав бремена“, изјавила 29-годишната манекенка.
View this post on Instagram
Лекарката објаснила дека септумот е вродена аномалија при која ткиво ја дели матката, што може да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување.
И покрај ризиците, бременоста поминала добро.
View this post on Instagram
На крајот, Хејли и Џастин, кои се во брак од 2018 година, добиле здраво дете, а манекенката вели дека најмногу ужива во времето поминато со својот син.
Фото: depositphotos

