Контакт

Забава

Oперската дива Марија Калас доби свој музеј во Атина

Објавено пред

Во Атина денес се отвора музеј посветен на славната сопранистка Марија Калас, која важи за најголема оперска дива во светот.

dobivaj vesti na viber

Сместен во трикатна неокласична зграда во срцето на грчката престолнина, музејот ги отвора своите врати во пресрет на стогодишнината од нејзиниот роденден.

Четирикатницата од 20-тите, лоцирана на централниот плоштад Синтагма, некогаш била хотел.

Посетителите во музејот ќе може да видат над 1.300 експонати – од нејзините оперски фустани, вклучително и синиот кадифен фустан што го носеше по незаборавната изведба на „Травијата“ на Верди во миланската Скала, до училишни тетратки, партитури и фотографии, па дури и судбоносното мени на забавата во Венеција во 1957 година, каде што се запозна со грчкиот тајкун Аристотел Оназис, соопштија организаторите.

На вториот кат од музејот посетителите ќе може да слушаат делови од нејзините препознатливи изведби.

„Големата дива Марија Калас се враќа дома. Се гордееме на овој музеј, кој прв ги комбинира технологијата и доживеаното искуство“, изјави градоначалникот на Атина, Костас Бакојани.

Реновирањето на објектот и неговата преобразба во музеј траеше повеќе од една деценија, со трошоци од 1,5 милион евра. Некои од изложените предмети беа донирани од миланската Скала, њујоршката Метрополитен опера, театарот „Ла Фениче“ во Венеција и Арената во Верона, каде што Калас дебитира во Италија во 1947 година.

Марија Ана Сесилија Софија Калогеропулос, оперска дива со грчки корени, позната во светот како Марија Калас, е родена во Њујорк во декември 1923 година. Таа почина во 1977 година од срцев удар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Не се грижат за вашите чувства и само сакаат да доминираат: најсуровите мажи се родени во три хороскопски знаци

Објавено пред

Иако секоја личност е различна, одредени особини почесто се поврзуваат со мажите родени под одредени хороскопски знаци.

dobivaj vesti na viber

Кога темата е суровост, не станува збор нужно за насилство, туку за емоционална студенило, манипулација и недостаток на сочувство во врските.

На таквите мажи честопати не им е грижа за чувствата на другите луѓе, тешко е да преземат одговорност за своите постапки и имаат потреба да доминираат. Според ѕвездите, три хороскопски знаци се издвојуваат по овие особини.

Шкорпија
Мажите родени под знакот на Шкорпија може да изгледаат привлечни и мистериозни, но под површината често постои интензивна потреба за контрола. Кога се чувствуваат загрозени или предадени, тие се склони кон манипулација и емоционално казнување.

Тие не простуваат лесно и можат да бидат многу груби со своите зборови. Нивната емоционална сила може брзо да стане оружје, особено ако сакаат да наметнат моќ над партнерот или околината.

Јарец
Мажите родени под овој знак ретко покажуваат чувства и тешко им е да изразат емпатија. Во врските, тие често изгледаат далечни и авторитетни, а во конфликтите им е поважно да бидат во право отколку да бидат искрени.

Тие можат да изгледаат ладни и нечувствителни затоа што нивните емоции не се на прво место. Ако почувствуваат дека некој им стои на патот кон постигнување на нивната цел, тие не се двоумат да користат груби зборови или ладна тишина како начин да ги казнат.

Близнаци
Навидум шармантни и духовити, мажите Близнаци можат да имаат две страни – едната што ја сака забавата и другата што не се грижи за туѓите емоции. Кога ќе го изгубат интересот, можат да станат целосно нечувствителни, да исчезнат без објаснување или да ја игнорираат личноста со која биле блиски.

Тие често ги користат зборовите како оружје во расправиите и се способни да повредат без да го признаат тоа. Нивната непредвидливост често создава чувство на несигурност кај нивните партнери.

Прикажи повеќе...

Забава

Убавата студентка по право ќе ја претставува Македонија на „Мис на светот“

Објавено пред

Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Навзати (20), ќе ја претставува Северна Македонија на најпрестижниот избор на убавина – „Мис на светот“ во Телангана, Индија.

dobivaj vesti na viber

Изборот ќе трае до 31 мај.

„Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот за мис на светот 2025 година во Телангана, Индија, од 7 до 31 мај 2025 година – ‘Убавина со цел’. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата „Мис Северна Македонија“ да ги претставам прекрасната култура и наследството на Северна Македонија на глобалната сцена“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charna Nevzati (@nevzaticharna)

Во декември 2023 Навзати победи на ораторската вечер „Иво Пухан“, која се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на тема „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charna Nevzati (@nevzaticharna)

Прикажи повеќе...

Забава

Утврдено кој ќе управува со наследството на починатиот Лијам Пејн

Објавено пред

Имотот на Лијам Пејн е назначен. Шерил, мајката на осумгодишниот Бер, син на покојниот член на „Уан дајрекшн“, ќе управува со неговиот имот.

dobivaj vesti na viber

Според судските документи до кои дојде списанието „Пипл“, во тоа ќе биде заедно со адвокатот Ричард Марк Бреј бидејќи Пејн почина без тестамент. Според извештајот, вредноста на средствата на Пејн во Обединетото Кралство, по одбивањето на долговите и трошоците, е приближно 32,2 милиона американски долари.

Сепак, според судските документи во кои увид имал Би-би-си, Шерил и Бреј засега имаат само ограничени овластувања да управуваат со парите додека не се издаде општ сертификат за наследување.

Во меѓувреме, на Шерил и адвокатот не им е дозволено да распределуваат ниеден дел од имотот.

Пејн почина во октомври, на 31-годишна возраст, при падна од балкон од третиот кат во хотел во Аргентина.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Пукање во Штип, едно лице е повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...

Свет11 часа

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија13 часа

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...

Македонија14 часа

Порака на Гаши од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата во посета на Италиjа имаше средба со сенаторката Ема Паванели, која е и...

Македонија16 часа

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус...

Топ17 часа

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6...

Македонија18 часа

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во...

Економија18 часа

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку Државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите по укинувањето на...

Македонија18 часа

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција. „Од моментот на влез во политиката до...

Македонија18 часа

Апасиев од Москва: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз“

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов, претседателот на Левицата, Димитар Апасиев, заедно со...

Македонија19 часа

Филипче за можната коалиција со ДУИ и со Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Лидерот на опозицискиот Социјадемократски сојуз (СДСМ) не ја исклучи можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со...

Македонија20 часа

30-годишник призна вина за ширење омраза: коментирал објави за Парадата на гордоста во Скопје и повикувал на насилство

Постапувајќи по поднесен обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно...

Топ21 час

Изгоре стан во Кичево, загина жена

Жена загина синоќа во пожар во својот стан. Пожарот избил на улицата 4 Јули во Кичево, а починатата е 72-годишна...

Македонија21 час

„Влен“: Таравари украде пратенички мандати на граѓаните во име на промената, а сега се обидува да ги фрли во казанот на ДУИ

ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција. Токму во тој...

Македонија23 часа

ДУИ разочарана: Преку самопонижување албанските партнери од коалицијата „Влен“ ги понижија сите Албанци

„Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ЛЕН во власта. На јавна сцена...

Свет23 часа

(Видео) Речиси 80 студенти уапсени на пропалестински протест во САД

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на колеџот...

Регион23 часа

Вучиќ објасни по кој пат стигнал во Русија: Наместо да ја разберат позицијата на Србија, некои западни претставници испраќаат закани

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера пристигна во Москва. Вучиќ утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во руската...

Свет24 часа

„Њујорк тајмс“: Трамп денес ќе го објави трговскиот договор со Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавија...

Европа1 ден

Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по...

Свет1 ден

Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека 21 заложник се живи, за тројца постои сомнеж

Израел со сигурност знае дека 21 заложник што ги држи Хамас во Појасот Газа се живи, објави израелскиот премиер Бенјамин...