Забава
One Two Three-суплементи на „Хемофарм“: клучот за нов почеток, силен имунитет и квалитетен сон

Линијата „One Two Three“ од Хемофарм не е само колекција додатоци во исхраната, туку вистински партнер во грижата за вашето здравје. Со неа ќе го почувствувате свежиот почеток на секој ден, силната одбрана на вашиот имунолошки систем и мирниот сон. Вашето здравје го заслужува најдоброто!
Во динамичниот и брз ритам на современиот живот, одржувањето на здравјето и виталноста е поважно од кога било. Со секојдневните обврски, стресови и недостаток на квалитетен одмор, телото испраќа сигнали дека му е потребна дополнителна поддршка. Хемофарм, водечка фармацевтска компанија во регионот, ја лансираше својата прва интегрирана линија додатоци во исхраната под брендот „One Two Three“, иновативен концепт кој обезбедува сѐ што му е потребно на телото за енергија, силен имунитет и квалитетен сон.
„One Two Three“ не е само суплемент – тоа е ваш сојузник во секојдневниот живот. Со него, денот започнува со сила, продолжува со отпорност и завршува со мир. Разликата во вашето здравје ја прави само една капсула дневно
Кога бараме производи без додадени шеќери, лактоза, глутен и засладувачи, кои се погодни за вегани, а активните состојки се во форми што овозможуваат одлична апсорпција и искористување од организмот, тогаш изборот е јасен – „One Two Three“ линијата на Хемофарм. Петте различни сегменти на овие препарати се препознаваат по боите: мир и сон – сина, енергија – црвена, убавина – виолетова, имунитет – портокалова и благосостојба – зелена, и сите се пакуваат во стаклени шишиња за максимална заштита на квалитетот.
Во свет каде што темпото на живот е сѐ побрзо, а стресот и исцрпеноста се секојдневие, „One Two Three“ нуди научно формулирани решенија кои ја поддржуваат виталноста и благосостојбата на организмот
Додатоците на Хемофарм се повеќе од пилула. „One Two Three“ е цела филозофија за здравје, добри навики, витално тело и здрав ум, заснована на идејата дека доброто здравје се одржува преку баланс во:
1. правилна исхрана и енергија,
2. физичка активност и отпорност,
3. одмор, сон и ментален мир.
Овие три аспекти се распоредени преку три дела од денот – утро, пладне и вечер – следејќи го природниот биоритам на телото. Секој производ во линијата е дизајниран да делува во соодветна фаза од денот, поддржувајќи го организмот со прецизно избрани витамини, минерали и активни супстанци.
Секојдневен старт со енергија
Енергијата е основата за сè – без неа, ниту телото ниту умот не можат да функционираат на највисоко ниво. Линијата „One Two Three“ содржи внимателно избрани витамини од групата B, магнезиум, коензим Q10 и други активни состојки кои го поддржуваат метаболизмот и создавањето енергија во клетките. Со само една капсула дневно, добивате оптимална доза нутриенти кои го подобруваат расположението, го намалуваат уморот и го зајакнуваат физичкиот и менталниот потенцијал.
Силна одбрана преку имунитетот
Силниот имунитет е нашиот најдобар сојузник во борбата против вирусите и бактериите, а линијата „One Two Three“ го поддржува со четири прецизно формулирани производи: Triple C носи 1 000 mg витамин C од три извори (натриум аскорбат, аскорбинска киселина и природен C од ацерола) за максимална биорасположивост, Zinc Active содржи 15 mg цинк-пиколинат по капсула, обезбедувајќи оптимална апсорпција и силен имун одговор, Imunocink во форма на таблети за џвакање со вкус на портокал комбинира 10 mg цинк оксид и 300 mg витамин C за поддршка на имунитетот кај возрасни, додека верзијата за деца (Imunocink за деца) над три години нуди 5 mg цинк (50 % од дневните потреби) и 60 mg витамин C (75 % од дневните потреби) во едноставна дневна доза од една таблетa. Овие суплементи активираат природен одбранбен механизам, помагајќи ви да останете здрави и отпорни, особено во периоди на зголемен ризик од инфекции.
Квалитетен сон за подобро здравје
Сонот е клучен фактор за обновување на телото и умот. Линијата „One Two Three“ нуди формулации со ашваганда или индиски жен шен, магнезиум и витамин B6, кои смируваат и го релаксираат нервниот систем, со што го подобруваат квалитетот на спиењето. Со нивна помош, телото полесно се опушта, а умот се подготвува за мирен и обновувачки одмор, што резултира со појак имунитет и зголемена енергија во текот на денот.
Едноставност и практичност во секоја капсула
Она што ја прави линијата „One Two Three“ посебна е нејзината едноставност. Само една капсула дневно комбинира широк спектар на витамини, минерали и екстракти кои го поддржуваат организмот на повеќе фронтови. Ова ја прави идеална за сите кои сакаат да го одржуваат своето здравје без да земаат голем број различни суплементи.
За кого е наменета линијата?
Линијата „One Two Three“ е посветена на сите кои бараат начини да го подобрат своето здравје и е совршен избор за сите возрасти и стилови на живот, особено за оние кои:
· Често се изложени на стрес и умор;
· Сакаат да ја одржат својата отпорност и да спречат болести;
· Имаат проблеми со квалитетен сон или сакаат да го подобрат;
· Водат активен живот и сакаат целосна поддршка за телото и умот.
Линијата „One Two Three“ од Хемофарм не е само колекција додатоци во исхраната, туку вистински партнер во грижата за вашето здравје. Со неа ќе го почувствувате свежиот почеток на секој ден, силната одбрана на вашиот имунолошки систем и мирниот сон што го заслужувате. Изберете „One Two Three“ како ваш клуч за виталност и добро здравје – енергија, имунитет и сон, во една практична капсула. Вашето здравје го заслужува најдоброто!
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Љубовен хороскоп за јуни: Доаѓа тест за Стрелецот, длабоки чувства за Вагата, а eден знак ќе биде магнет за сродните души

Јуни 2025 година носи драма и длабоки емоции – некој ќе сака мир, некој ќе сака огномет, а некој ќе ги сака и двете во исто време.
Овен
Во вас ќе се разбуди оган кој одамна не сте го почувствувале. Срцето ќе сака повеќе, не само физички контакт, туку автентична врска. Во врската ќе треба да изберете помеѓу држење на дистанца и храброст да бидете ранливи. Ако се отворите, ќе доживеете нешто подлабоко од минливо задоволство. Слободниот Овен ќе биде магнет за внимание, но запрашајте се дали ве привлекува личноста или чувството дека сте посакувани? Јуни ќе ви покаже колку сте подготвени за љубов без игри.
Бик
На прв поглед ќе копнеете по сигурност, но длабоко вашето срце ќе сака возбуда и разбудени страсти. Во долгите врски ќе чувствувате дека нешто недостасува и ќе дојде време за искрен разговор. Што навистина ви треба за да се чувствувате сакано?
Слободниот Бик ќе се колеба помеѓу удобноста и нешто непознато, но возбудливо. Јуни е совршен момент да излезете од кутијата и да му дадете шанса на некој кој можеби нема да ве привлече на прв поглед, но крие цел свет вреден да се открие во себе.
Близнаци
Вашиот ум ќе биде немирен, но вашето срце ќе сака поддршка. Љубовните врски ќе бидат полни со промени и духовити, но понекогаш и иритирачки размени. Разговорите ќе стануваат се повеќе лични, напнати, полни со неискажани, но силно присутни чувства.
Ако сте во врска, подгответе се за емотивен скок. Дали сте навистина присутни или зборувате од навика? Слободните Близнаци ќе бидат привлечени од духовитост, но личноста која ќе им го привлече вниманието ќе сака повеќе од игра со зборови. Дали сте подготвени?
Рак
Овој месец ќе бидете особено чувствителни. Љубовта ќе ви стане засолниште од светот. Сепак, емоционалната сигурност нема да биде доволна доколку нема вистинска блискост. Ако сте во врска, ќе има моменти кога ќе треба да ја кажете вистината, не онаа која смирува, туку вистината која лекува.
Ако сте слободни, може одеднаш да сретнете некој кој ве гледа низ нежност. Јуни ќе ве изненади и ќе ве допре длабоко.
Лав
Љубовта ќе биде како театарска претстава, полна со светла и емоции. Сепак, нешто повеќе ќе се открие под рефлекторите, потребата за вистинска блискост. Во врската ќе сфатите дека вниманието повеќе не ви е доволно, сакате да ве гледаат, а не само да ве обожаваат.
Слободните Лавови ќе избираат помеѓу минливо задоволство и подлабока поврзаност. Вистинскиот одговор нема да биде оној кој привлекува најмногу погледи, туку оној што останува кога светлата ќе се изгаснат.
Девица
Љубовта овој пат нема да биде совршена, но ќе биде длабоко сензуална. Ќе ги забележите ситниците во врската кои добиваат поголемо значење. Зборовите што претходно сте ги занемарувале сега ќе резонираат посилно.
Ако сте слободни, ќе сакате некој кој ќе ви дозволи да бидете ранливи, без анализа и заштита. Јуни ќе ве покани да ја оставите контролата и да му верувате на стомакот. И токму таму каде што сè изгледа недовршено, ќе се роди нешто ново.
Вага
Ќе чувствувате внатрешна потреба за рамнотежа, но љубовта во јуни нема да биде мирна, туку страсна. Во врската ќе треба да ви биде јасно што ви треба. Убавината повеќе нема да биде доволна, ќе ви треба искрена размена на чувства.
Слободните Ваги ќе запознаат личност која ќе ги предизвика на неочекувани начини. Овој месец ве учи дека нема хармонија без вистина, дури и кога боли. Ако ја издржите напнатоста, од неа може да излезе нешто трајно.
Шкорпија
Сè во врската ќе биде на работ, или ќе се продлабочи или ќе стане далечено. За слободните ќе бидете неодоливи, но не само физички, некој ќе сака повеќе.
Ако се отворите, без игри и манипулации, за прв пат по долго време ќе почувствувате мир. И тоа е она што потајно го сакате.
Стрелец
Јуни ќе го тестира вашиот концепт за слобода. Љубовта ќе биде возбудлива, но и напорна. Во врската ќе мора да ја балансирате потребата за личен простор и желбата за заеднички пат.
Слободните Стрелци ќе имаат можност за нова авантура, но запрашајте се, дали бегате од длабока точка или сте подготвени да останете кога работите ќе станат сериозни? Храброста е да останеш кога нешто навистина те допира.
Јарец
Дури и ако долго време ги криете своите емоции зад успехот и површината, јуни ќе биде моментот кога сето тоа ќе се сруши. Во врската ќе треба да покажете повеќе од одговорност, ќе треба да покажете чувства.
Ако сте слободни, ќе ве привлекуваат оние кои бараат стабилност, но животот ќе ве изненади со личност која ви го нарушува редот. Можеби токму тој хаос носи емоционален раст.
Водолија
Обично сте независни, но јуни носи емотивна врска на која нема да можете да и одолеете. Врската ќе покаже колку навистина давате од себе.
Ќе сретнете личност која ќе ве открива слој по слој. Иако ќе бидете во искушение да се дистанцирате, обидете се да останете. Има убавина во отворањето.
Риба
Љубовта ќе биде силна, речиси филмска. Но, ова не е време за илузии, Јуни бара од вас емотивна јасност. Во врската ќе мора да излезете од улогата на спасител и да си признаете што ви треба.
Слободните Риби ќе бидат магнет за сродни души, но само една личност ќе има моќ да ви покаже дел од себе што не сте го знаеле. Дозволете си да чувствувате, не со глава, туку со душа.
Забава
Сабја на Наполеон продадена на аукција за повеќе од 4,6 милиони евра

Сабја која му припаѓала на Наполеон Бонапарта е продадена на аукција во Париз за 4,66 милиони евра. Ова значи дека оружјето речиси го постигнало светскиот рекорд за артефакт на Наполеон, соопшти во петокот аукциската куќа Друо. Според аукциската куќа, сегашниот рекорд е 4,8 милиони евра, постигнат за наполеонова сабја од битката кај Маренго.
Оружјето првично беше проценето на меѓу 700.000 и еден милион евра. Сабјата била произведена помеѓу 1802 и 1803 година од Николас-Ноел Буте, директор на кралската фабрика за оружје во Версај за Бонапарта.
Наполеон (1769 – 1821) подоцна ја подарил сабјата на својот близок соработник Емануел де Гручи, кого го назначил за последен Маршал на Империјата. Оттогаш, сабјата била во сопственост на семејството на Гручи.
Забава
Џенифер Лопез е тужена затоа што објавила фотографии од себе

Џенифер Лопез се соочува со тужба откако објави фотографии од себе од холивудска забава на социјалните мрежи, а фотографот и папарацо агенцијата тврдат дека немала дозвола за тоа.
Пејачката и актерка сподели фотографии од нејзиното пристигнување на забавата на Amazon MGM Studios и Vanity Fair во Лос Анџелес, ноќта пред овогодинешните Златни глобуси во јануари. Фотографот Едвин Бланко и агенцијата „Бекгрид“, за која работел, поднесоа одделни тужби тврдејќи дека ги поседуваат авторските права за две од фотографиите.
Во тужбата се тврди дека фотографиите биле користени за промоција на јавните појавувања на пејачката Лопез, зголемување на ангажманот на корисниците на социјалните медиуми и создавање кредибилитет за нејзината брендирана содржина. „Бекгрид“ и Бланко бараат отштета до 150.000 американски долари по фотографија.
@bbcnews J-Lo has faced legal action before – in 2019 and again in 2020 – for sharing photos taken of her by others. #JLo #JenniferLopez #LosAngeles #Amazon #VanityFair #GoldenGlobes #Paparazzi #EntertainmentNews #US #BBCNews ♬ original sound – BBC News
На фотографиите, Лопез е прикажана во бел фустан и бело палто од вештачко крзно пред хотелот „Шато Мармонт“. Таа ги објави на Инстаграм и Икс со натпис GG Weekend Glamour, по што беа споделени од бројни обожаватели.
„Неовластеното користење на фотографиите од страна на г-ѓа Лопез има комерцијална цел и е наменето за самопромоција“, се наведува во тужбите. „На пример, Лопез ги искористи фотографиите за да ги истакне дизајнерите на нејзината облека и накит, користејќи го медиумското внимание на настанот за да ги промовира своите модни врски и соработки со брендови.“
Важно е да се напомене дека лицето на фотографијата не ги поседува автоматски авторските права – овие права обично му припаѓаат на фотографот или на компанијата за која работи, и тие одлучуваат кој може да ги користи фотографиите и по која цена. Во правните документи се наведува дека „Бекгрид“ и Бланко контактирале со претставниците на Лопез откако биле објавени фотографиите и се согласиле за хонорар, но дека таа сè уште не го потпишала тој договор.
Лопез и претходно беше тужена – во 2019 година и повторно во 2020 година – за споделување фотографии направени од други фотографи.