Забава
Tаткото на Бритни Спирс ја нарече суспензијата „загуба за Бритни“
Судијата донесе одлука на рочиште минатата среда Џејми Спирс повеќе да нема главен збор за финансиите на неговата ќерка бидејќи таквиот мандат е неодржлив и тој треба да биде заменет со сметководителот Џон Зејбл.
Иако Џејми се согласи да се повлече од конзерваторскиот надзор, тој сега вели дека неговото отстранување е „погрешна одлука“.
Во изјава што ја објави неговата адвокатка Вивијан Торин стои: „Господинот Спирс ја сака својата ќерка Бритни безусловно. Веќе 13 години тој се обидува да го направи она што е во нејзин најдобар интерес, без разлика дали е конзерватор или нејзин татко.“
„Ова почна со негова согласност да служи како нејзин чувар кога доброволно се вклучи во овој надзор со кој требаше да ѝ се помогне да ја оживее кариерата и повторно да воспостави врска со нејзините деца. За секој кој се обидел да му помогне на член на семејството кој има проблеми со менталното здравје тие треба да ја ценат огромната количина на секојдневна грижа и работа во рамки на тој процес.“
Адвокатката, исто така, ги истакнува „лажните, шпекулативни и неосновани напади“ против него во врска со спорното старателство кое му беше доделено од судот во Лос Анџелес во 2008 година.
„И покрај суспензијата, Спирс ќе продолжи да внимава на најдобрите интереси на својата ќерка и ќе работи со добра волја кон позитивно решавање на сите прашања“, стои во изјавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Остри критики за настапот на Мараја Кери на отворањето на ЗОИ: Ја уништи церемонијата, очигледно пее на плејбек
Настапот на Мараја Кери на отворањето на Зимските олимписки игри 2026 предизвика бројни критики, а многу гледачи ѝ забележаа на пејачката за „очигледен недостаток на ентузијазам“. Церемонијата со која официјално беа отворени Игрите се одржа синоќа на историската арена „Сан Сиро“ во Милано.
56-годишната пејачка излезе на сцената во сребрено-бела облека. Таа изведе верзија на популарниот класик на Доменико Модуњо од 1950-тите, а отпеа и нејзина песна.
На социјалните мрежи не сопираат критиките за нејзиниот настап. Многумина прашуваат зошто пејачка родена во Њујорк била избрана да настапи во Италија, има такви кои прашаа дали пеела на плејбек поради впечатокот дека не се труди да ги достигне високите тонови.
The #OpeningCeremony of the #WinterOlympics is the most French version of an Italian-based Olympics opening I’ve ever seen. Italy has also clearly assimilated American culture using Mariah Carey over a native singer. But, Mariah has always been operatic.
— Greg Brian (@Gregoriancant) February 7, 2026
“Има ли Мараја Кери италијанско потекло? Не сум сигурен зошто таму е американска пејачка, освен ако не е, можеби, исклучително популарна во Италија?”, прашуваат на социјалните мрежи со забелешка дека “обично земјата-домаќин претставува само свои таленти. Велика Британија имала Боуви, Ени Ленокс и други… не се сеќавам на ниту еден американски пејач”.
Дел од публиката пак, го анализира начинот на кој Кери го движела лицето за време на пеењето, па прашуваат дали пеела плејбек.
“Кога последен пат Мараја Кери настапи во живо? Пеењето на плејбек на италијански е нов пресврт. А има толку пејачи кои можеле да понудат нешто поавтентично “, стои во една објава на „X“.
Mariah Carey is an insanely talented singer with a long track record of success.
Today at the Olympics, however, she made a mistake.
A mistake you can learn from as you build your personal brand.
During the opening ceremony, Mariah seemed to lip sync (very lazily) her…
— Anthony Gaenzle (@AnthonyGaenzle) February 7, 2026
“Мараја Кери толку очигледно пее на плејбек. Ни најмалку не се обиде да го сокрие тоа. Ја уништи церемонијата на отворање која до тогаш беше сосема пристојна”, стои во објавите на „X“.
Забава
Заборавените предмети добиваат нов живот: Еко-свест организира Еко трампа „На ти го, дај ми го“
Организацијата Еко-свест ја најавува следната Еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, која ќе се одржи на 14 февруари (сабота) во Бистро Комедија, од 12 до 15 часот.
Во свет во кој доминира брзата потрошувачка, овој настан им нуди на граѓаните алтернативен и свесен начин на размислување. Наместо купување нови производи, Еко трампата поттикнува кружна економија и заедница базирана на споделување и грижа за околината.
Зошто да бидете дел од Еко трампата? Настанот е дизајниран за секој кој сака да направи позитивна промена. Учесниците ќе имаат можност:
● Да го победат конзумеризмот: Наместо трошење пари, се користи размена.
● Да го растеретат домот: Ослободете се од предмети кои долго не сте ги користеле.
● Да израдуваат некој друг: Вашиот стар предмет може да биде нечие ново „богатство“.
● Да се поврзат: Запознајте истомисленици кои се грижат за одржлива иднина.
Како функционира процесот? Системот на размена е едноставен и фер:
1. Секој учесник може да донесе до 5 предмети (облека, книги, модни додатоци, ситни апарати и слично).
2. За секој донесен предмет се добива купон за размена.
3. Со купонот, учесникот избира „нов“ предмет од понудата донесена од другите учесници.
Како дополнителен мотив за дружење, секој учесник ќе добие бесплатно кафе, овозможувајќи простор за пријатен разговор и размена на идеи во опуштена атмосфера.
„Многу сум среќна што во мојот град има толку многу луѓе што ја препознаа целта на Еко-трампата. Покажавме дека убавата енергија и дружбата можат да се остварат преку добри одржливи еко практики избегнувајќи го конзумеризмот и отварајќи се за наша поубава иднина. Првата Еко-трампа ми ги надмина очекувањата, се надевам така ќе биде и со оваа“, вели Милијана Богданоска, правник за животна средина во Еко-свест.
Таа ги покани сите граѓани да се придружат, да ја негуваат културата на повторна употреба и заедно да направиме нешто добро за нашата планета и нашето општество.
Забава
(Видео) Хали Бери ја потврди веста за свршувачката: Подготвена е за четврти брак
Актерката Хали Бери откри дека се свршила за време на гостувањето во емисијата „The Tonight Show“ на Џими Фалон. Големото прашање го постави нејзиниот долгогодишен партнер, музичарот Ван Хант.
„Имаше одредена конфузија околу тоа дали тој ми предложил брак и дали јас го одбив“, рече 59-годишната актерка. „Не, тоа не е вистина. Не реков не. Само сè уште немаме закажано датум.“
По кратка пауза, фановите ширум светот добија јасен одговор – потврда!
„Но, секако дека се согласив да се омажам за него! Ми стави ‘прстен’ на раката“, рече таа хумористично.
Хали се мажеше три пати, а сега отворено проговори за тоа како се чувствувала по третиот развод.
„По третиот развод, луѓето почнаа да велат: Што не е во ред со неа? Таа е луда. Не може да задржи маж“, се присети актерката. „Затоа избегнував да давам интервјуа речиси десет години бидејќи ми здодеа истата приказна. Секогаш се сведуваше на: Кутрата Хали, повторно нема среќа во љубовта.“

