Забава
Tом Круз им се закани со откази на екипата на „Невозможна мисија 7“

Том Круз негодуваше поради очигледно кршење на безбедносните протоколи за Ковид-19 за време на снимањето во Лондон на новиот филм „Мисија: Невозможно“, кажувајќи им на членовите на екипажот дека ќе бидат отпуштени доколку не ги почитуваат правилата, објави во вторникот британскиот весник „Сан“.
Во експлицитните забелешки снимени на аудиолента што ја доби „Сан“, ѕвездата и продуцент на акциониот филм ја искритикува екипата за пропусти во социјалното дистанцирање и други правила што дозволуваат снимање филмови во време на пандемија на коронавирусот.
Извор близок до продукцијата рече дека лентата е автентична. Претставник на Круз одби да даде коментар.
„Секоја вечер сум на телефон со студија, осигурителни компании, продуценти и тие нè гледаат и нè користат за да ги снимаат своите филмови“, им рече Круз на членовите на екипата додека се снимаше една сцена во Лондон.
„Дали ја разбирате одговорноста што ја имате? Затоа што ќе се позанимавам со вашиот разум. И, ако не можете да бидете разумни и ако не можам да се справам со вашата логика, вие ќе бидете отпуштени“, додава тој во снимката.
„Сан“ не прецизира кога се случил инцидентот, но филмаџиите пристигнаа во Лондон на почетокот на декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Досадата им е неприфатлива: хороскопските знаци со неисцрпна енергија

Додека некои луѓе уживаат во бавно темпо на живот, други се секогаш во движење. Овие знаци имаат неисцрпна количина на енергија и ретко стојат во место. Нивната постојана потреба за активност и предизвик ги води напред, а нивната страст за животот често ги инспирира оние околу нив.
Близнаци
Близнаците се вистински виор на енергија. Нивниот мозок работи со полна брзина, а нивните тела често се обидуваат да го задржат тоа темпо. Им е тешко да седат на едно место повеќе од неколку минути, па често прават неколку работи одеднаш. Постојано се во движење, полни со идеи и постојано бараат нова авантура. Ако барате некој кој никогаш не вели „не“ на состанок во последен момент, Близнаците се првиот избор.
Овен
Овенот едноставно не може да запре. Енергијата му е заразна и кога нешто ќе му падне в рака, ја вложува целата своја сила во тоа. Досадата му е неприфатлива, па постојано бара нови предизвици и возбудувања. Неговата способност да донесува брзи одлуки значи дека тој ретко размислува двапати пред да преземе акција, што често го доведува во неверојатни ситуации.
Лав
Лавовите се полни со живот и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Нивната енергија доаѓа од нивната потреба за интеракција со другите и нивната желба секогаш да бидат вклучени во некоја возбудлива активност. Без разлика дали се работи за социјални настани, деловни проекти или спортски предизвици, Лавовите секогаш даваат се од себе и никогаш не се откажуваат.
Забава
Како изгледаа Јелена Розга, Северина и Даниела Мартиновиќ во 2006 година: се појавија стари фотографии

Додека трае хрватскиот фестивал Дора, во медиумите се појавија стари фотографии од познати пејачки кои настапувале во 2006 година.
Јелена Розга, Северина и Даниела Мартиновиќ им позираа на фотографите со насмевки, а интересно е што една од нив направи преседан таа година.
Според најавите, групата Магазин требало да настапи со нова пејачка, но не успеале да ја најдат, па наместо неа настапила тогашната пејачка на групата, Јелена Розга. Но, Розга се натпреваруваше и самостојно, со песната „Не ме викај Марија“, па настапи двапати.
Таа година настапија и бројни познати имиња од хрватската музичка сцена како Данијела Мартиновиќ, Петар Грашо, Масимо Савиќ, Маја Шупут, а победи Северина со песната „Моја штикла“.
Забава
„Ова е морничаво“: фотографијата на Трамп додека Маск го гледа од заднина стана вирална

Фотографија на која Доналд Трамп држи макета од најбрзиот патнички авион на светот стана вирална, но од сосема неочекувана причина.
Насмеаниот Трамп на X беше објавен од основачот и извршен директор на Boom Technology, Блејк Шол, кој посочи дека претседателскиот авион набргу ќе биде заменет со летало што тој го дизајнирал. Неколку коментари под објавата беа поврзани со нивните бизнис-планови, но повеќето корисници на „Икс“ забележаа, како што кажаа, бизарен детаљ зад Трамп.
На ѕидот се наоѓаат фотографии од поранешни претседатели, антички мебел, знамиња, но ако зумирате зад увото на претседателот, можете да го видите Илон Маск како ве гледа низ огледало.
— Roope Rainisto (@rainisto) February 25, 2025
Едно лице зумирало и го објавило под првичната објава, а набргу стотици други реагирале на изненадувачкиот изглед на извршниот директор на „Тесла“. Некои отидоа дотаму што присуството на милијардерот во заднина го нарекоа злобно.
— 🪷🐝 Sharone Wellington-deAnda🖖🏾 (@DeandaSharone) February 25, 2025