Забава
„Варајети“: Продуцентот на Џејмс Бонд ја исклучи можноста за жена агент 007
Следниот Џејмс Бонд нема да биде жена, рече продуцентот на филмовите за британскиот таен агент во интервју, а шпекулациите во таблоидите за тоа кој би можел да го замени Даниел Крег како легендарниот 007 не стивнуваат.
Даниел (51) потврди дека улогата во филмот No Time to Die („Не е време да се умре“) е последна што ќе ја оствари во филмовите за Бонд. Тој воедно и порача дека е среќен што го потпишал последниот договор за оваа франшиза.
Има многу шпекулации за тоа кој би можел да го замени и дали следниот Бонд ќе биде жена, но продуцентот Барбара Броколи за „Варајети“ изјави дека 007, дефинитивно, ќе биде маж.

„Може да биде од која било боја, но тој е маж“, рече Броколи, која заедно со Мајкл Вилсон ги продуцираат филмовте за агентот 007.
Бонд-франшизата е една од најпрофитабилните во светот на филмот – „Спектре“ во 2015 година заработи 880 милиони долари на киноблагајните во светот, а „Скајфол“ во 2012 година заработи повеќе од една милијарда американски долари на глобално ниво.

Броколи рече дека верува во создавање силни женски ликови, но додаде: „Јас не сум заинтересирана да ангажираме жена да игра машки лик. Мислам дека жените се далеку поинтересни како женски ликови“.
No Time to Die, чие прикажување е закажано за април, е 25. филм од серијалот за британскиот суперагент и последен со Даниел Крег во главната улога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ѕвездата од Бриџертон ја открива непријатната вистина зад 18+ сцената на скалите
Ѕвездата од „Бриџертон“, Јерин Ха, ја откри не толку гламурозната вистина за снимањето на страсната сцена со скалите што привлече толку големо внимание од гледачите.
Додека обожавателите го очекуваат вториот дел од 4. сезона на серијата, која ќе се појави на Нетфликс на 26 февруари, актерската екипа открива детали зад сцената.
Најновата сезона го следи Бенедикт Бриџертон, игран од Лук Томпсон, и неговата потрага по мистериозната „дама во сребрено“, односно досетливата слугинка Софи Бек, играна од Ха. Нивната приказна кулминира во експлицитна сцена на скали, но снимањето, вели актерката, било сè друго освен романтично.
Сцената со скалите се одвива во четвртата епизода и прикажува страсен момент помеѓу Бенедикт и Софи на скалите од куќата Бриџертон.
Иако сè изгледа беспрекорно на екранот, Ха откри дека и таа и Томпсон биле болни пред снимањето. „Бевме малку ментално исцрпени и нервозни, па затоа мојот имунитет беше опаднат“, рече таа.
@netflixanz The staircase scene…omg #Bridgerton #WhatToWatch ♬ original sound – Netflix Australia & NZ
Ха и Томпсон зборуваа и за делот од сцената што започнува многу интензивно, а потоа нагло запира кога Бенедикт ја замолува Софи да му биде љубовница. „Беше како некој да ме удрил“, рече Ха, објаснувајќи дека во тој момент нејзиниот лик како да се вратил во реалноста и сфатил дека се „од два различни света“.
Томпсон додаде дека Бенедикт бил изненаден од нејзината реакција и дека искрено верувал дека нуди нешто што ќе „функционира“. Тој вели дека тоа покажува поанксиозна и ранлива страна од него што публиката не ја видела до тој степен порано.
Забава
(Видео) Најдобрата тенисерка критикувана за рекламата за Оземпик: нејзиниот одговор на хејтерите е – танцување на шипка
Познатата тенисерка Серена Вилијамс (44) секојдневно ги инспирира коментаторите на социјалните мрежи, на многу различни начини. Нејзиниот изглед е секогаш тема на медиумите, како и нејзината видлива трансформација на телото, а потоа привлече негативни коментари кога учествуваше во реклама за лек за слабеење.
Рекламата што ги налути дури и оние што ја сакаат беше емитувана за време на Супербоул, а станува збор за лекови за слабеење што самата Серена ги истакна како тие ѝ помогнале во процесот на трансформација.
„Најдобрата тенисерка на сите времиња дојде да го рекламира Оземпиќ“, разочарано коментираа на мрежите.
Сите овие реакции веројатно стигнаа до Вилијамс, која сними видео за кое велат дека е одговор на хејтерите.
Во нејзиното видео на TikTok, Серена вежба танцување на шипка, pole dance, и сето тоа со кратка порака.
@serena I’m back to training on my 2 favorite devices.
„Се враќам на тренинг со моите две омилени парчиња опрема.“
Серена Вилијамс никогаш не криела дека се мачела со својата тежина, а работите станале уште полоши по второто раѓање. Пред две години, кога престана да дои, таа го започна процесот на слабеење и успеа да ослабе 14 килограми.
Забава
(Видео) Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скопје
„Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 17 години.
Оваа песна доаѓа откако Јован се врати на сцената, прво со ремиксот на култната „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и дуетот „Адреналин“ што го испеа заедно со Елвир Мекиќ.
„Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован – тој ги напиша музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната.
„Среќен сум што после толку години направив песна која се надевам ќе им се допадне на оние што растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време. И сигурен сум дека заедно ќе ја пееме песната на концертот во јуни“, вели Јованов.
Нашиот пејач веќе некое време е фокусиран на големиот концерт што заедно со Елвир Мекиќ ќе го одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни.

