Забава
Чадот од цигари и никотинот не секогаш одат заедно
Познат е фактот дека пушењето цигари е штетно и може да предизвика болести поврзани со пушењето. Но не секој разбира зошто е тоа така.
Кога пушачот пали цигара, почнува високотемпературна реакција позната како горење или согорување. При согорувањето на тутунот настанува сложена смеса, која се нарекува чад, што пушачот ја вовлекува и воедно истиот чад се шири во околината.
Чадот од цигарите, покрај неговиот карактеристичен силен мирис и вкус, содржи никотин што постои природно во листовите од тутун, но и многубројни штетни елементи што се создаваат токму при горењето, како јаглероден моноксид, катран, ацеталдехид, формалдехид, 1,3 бутадиен и многу други. Меѓутоа, истиот тој процес на согорување при кој се ослободуваат аромата на тутун и никотинот, што ја задоволуваат потребата за цигари кај пушачите и воедно е причината за зависност, произведува и над 6.000 соединенија, од кои 100-ина се идентификувани како причини или потенцијални причини за болестите поврзани со пушењето, како што се ракот на белите дробови, кардиоваскуларни заболувања и емфизем.
Со оглед на тоа што согорувањето на тутунот создава толку штетни хемикалии, научниците пронајдоа и други помалку штетни начини за испорака на никотин за актуелните пушачи. Во текот на долгогодишните истражување и развој компанијата „Филип Морис интернешнал“ разви нова класа производи што не се потпираат на принципот на согорување и за кои е докажано дека се многу подобар избор од продолжување со пушењето.
Бидејќи ниту еден од овие производи не го согорува тутунот, тие не достигнуваат високи температури над 600 степени целзиусови. Наместо тоа, откриени се неколку начини за производство на аеросол што содржи никотин, кој потрошувачот може да го вдише, но кој има значително пониско ниво штетни хемикалии од цигарите. Ова овозможува возрасните пушачи да ја задоволат потребата за никотин, со слично сензорно искуство како пушењето цигари, но без вдишување на чад кој се јавува кај класичните цигари, кој е докажано штетен и за пушачите и за оние кои се во нивна непосредна близина. Со новите производи кои не испуштаат чад туку аеросол, веќе нема зачадени простории, ниту силна непријатна миризба токму поради самиот недостаток на процесот на согорување и неговиот производ, чадот.
Кога телото е изложено на никотин, индивидуата доживува стимул. Ова делумно е предизвикано од ефектот што никотинот го има на надбубрежните жлезди, што резултира со ослободување на адреналин. Овој наплив на адреналин го стимулира телото. Индиректно, никотинот предизвикува ослободување на допамин во областите за задоволство и мотивација на мозокот. Конзумирањето предизвикува чувство на задоволство што всушност ја предизвикува зависноста од истиот. Се разбира, ова не значи дека пушењето е добро и дека луѓето треба да пушат. Научниците се согласни дека никотинот е високо зависна супстанца и во никој случај не е без ризик, но
дефинитивно не е примарна причина за болести поврзани со пушењето и не е канцероген. Најдобар избор за сите пушачи е целосно да се откажат од употреба на тутун и никотин.
IQOS е иновативно решение во начинот на конзумирање на тутун, развиено врз база на научни докази и е помалку штетна алтернатива на цигарите, што го загрева наместо да го согорува тутунот, која може да игра важна улога во намалување на преваленцата на докажано најштетниот начин за внесување на никотин, пушењето цигари. Досега повеќе од 14 милиони возрасни пушачи ширум светот веќе се откажаа од цигарите и преминаа на новиот производ.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нова ера на „Фрајле“
По 17 години успешна кариера, бројни хитови и концерти ширум регионот, Фрајле влегуваат во ново поглавје од својата музичка приказна. Бендот продолжува понатаму со освежен состав и нова енергија, но со истата љубов кон музиката и публиката која ги следи од самиот почеток.
Во овој период дојде и до промена во составот на бендот – Наташа Михајловиќ привремено се повлекува од Фрајле за да се посвети на својот авторски труд, а на нејзино место доаѓа уметницата, актерка и пејачка Славица Љујиќ.
Славица Љујиќ, актерка која публиката веќе ја познава од домашните телевизиски серии како „Игра судбине“ и „Ургентни центар“, како и од популарниот хумористичен интернет проект „Цаца и Уки“, носи нова енергија во составот на Фрајле. Нејзината повеќеслојна уметничка кариера, која опфаќа глума, пишување и сценски настап, природно се вклопува во автентичниот уметнички израз на бендот.
„Најважен ни е човечкиот фактор, бидејќи отсекогаш сме биле тим и семејство. Од љубов го создадовме сето ова и од љубов продолжуваме понатаму. Оваа промена за нас е нов почеток и нова енергија“, порачуваат Фрајле Невена и Јелена.
Новата постава веќе од почетокот на март започнува со снимања на емисии, гостувања и концерти, а публиката наскоро ја очекуваат и нови песни. Фрајле веќе работат во студио на нов сингл, кој авторски го потпишува Невена, а во подготовка е и специјална регионална соработка со една голема музичка ѕвезда.
Исто така, на 16 март Фрајле ќе настапат во Сава Центар на хуманитарниот концерт „За ангелите“.
Покрај концертите и новите изданија, бендот продолжува да развива и други проекти – од Едукативниот центар Фрајла, преку работилници за глас, сценски настап и јавно говорење, до нови креативни проекти, меѓу кои е и проектот „Фрајле Боем“.
Боемската турнеја започна со концерт во Концертната сала „Лисински“ во Загреб, каде Фрајле добија и специјално признание од издавачката куќа Croatia Records за „Исклучителен придонес во музичката уметност и регионалната дискографија“.
Турнејата продолжува во текот на целата година, а наскоро ќе биде објавена и листа на нови градови во кои публиката ќе има можност да ги слушне во новиот состав.
„Енергијата ни е како на почетокот на кариерата, но сега на едно поинакво ниво. Сè уште ја имаме истата страст кон музиката, концертите и публиката – и додека срцето така чука, знаеме дека сме на вистинскиот пат“, велат Фрајле.
Забава
Со паста за заби против дамки и замаглени огледала
Иако најчесто се користи за одржување на оралната хигиена, пастата за заби може да има и неочекувана примена во чистењето на домот.
Поради благите абразивни состојки и средствата за избелување, таа може да помогне при отстранување дамки, спречување замаглување на стакло и чистење на фуги меѓу плочките.
Отстранување дамки
Пастата може да помогне при свежи дамки на теписи или мебел. Се нанесува мала количина врз дамката, се остава да се исуши, а потоа се брише со влажна крпа.
Исто така може да помогне при дамки од кафе или чај на шолји – доволно е да се нанесе на влажен сунѓер, да се истријат шолјите и потоа добро да се исплакнат.
Против замаглување на огледала
Мала количина паста нанесена на огледалото пред туширање може да создаде тенок заштитен слој што спречува кондензација и замаглување. Потоа огледалото се пребришува со мека крпа.
Чистење на фуги
Фугите меѓу плочките во кујната или бањата често собираат нечистотија. Експертите советуваат мала количина паста да се нанесе на стара четка за заби и со неа да се исчистат споевите.
Белата паста со благи абразивни својства може да ги осветли фугите без да ги оштети плочките.
Фото: Depositphotos
Забава
Борис Бекер призна: Ја изневерив додека беше во болница пред пораѓање, но доби „убав чек“
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер во ново интервју проговори за скандалите што го следеа неговиот брак и развод со поранешната сопруга Барбара Фелтус.
Бекер беше критикуван со години поради гласините дека ја изневерил сопругата додека таа се пораѓала со нивниот син Елијас. Во разговор во подкастот на Луис Теру, тој рече дека таа приказна не е целосно точна.
„Тоа не е точно, не беше во породилни болки. Беше во болница, но породувањето не беше почнато“, изјави Бекер.
Boris Becker opens up on cheating scandal while his wife was giving birth in hospital, Diddy’s infamous parties lasting ‘days’ and his ‘s*** time’ in jail in tell-all Louis Theroux interview https://t.co/ckDKbEJbyV
— Daily Mail (@DailyMail) March 3, 2026
Сепак, тој призна дека ја изневерил.
„Да продолжиме понатаму – ја изневерив, во тоа нема сомнеж. Успеавме да изградиме однос заснован на почит“, рече поранешниот тенисер.
Тој додаде дека по разводот имало тензии, но дека Барбара на крајот добила значителна финансиска компензација.
„Таа имаше моќ бидејќи јас бев негативецот. Доби убав чек и добар месечен надоместок“, изјави Бекер.
Денес Бекер живее во Милано со сопругата Лилијан, која е 22 години помлада од него, и нивната ќерка Зои. Од претходни врски и бракови има уште четири деца.

