Забава
(Видео) Тамара Тодевска со емоционална преработка на стариот евергрин – „Време за плачење“

Некои песни се безвременски… Остануваат засекогаш, како сведоци на времето во кое се создадени, носејќи во себе универзална порака за сите времиња. Најмногу кога душата искината на парчиња непреболно тагува. Тогаш кога емоциите го надвладуваат разумот, кога болката го гушнала траорот, а молкот царува во прегратките на тишината, тогаш веројатно најсилно одекнува песната која во себе носи стихови кои имаат само едно значење… „Време (е) за плачење“.
Ако оригиналната латино верзија на овој безвременски макфестовски евергрин го направи своето во таа 1992 година кога во изведба на Игор Џамбазов ја разбранува не само музичката јавност, денес ја добивме нејзината кавер верзија во една сосема поинаква форма. И музичка и аранжманска и изведбена, онака како што само Тамара Тодевска знае и умее вокално да ја донесе и испее, а Роберт Билбилов аранжмански и продукциски спакува.
„Време за плачење“ како симболика на мигот во кој се најдовме, во времето кое и после толку години никако да покаже каде (по)греши(в)ме, за најскапата цена се’ уште да ја плаќаме.
Овојпат, песната добива сосема поинаков сензибилитет преку аранжманот на Роберт Билбилов, кој како долгогодишен соработник и пријател на Тамара, со сенс за чувствителност и почит кон оригиналот, успева на песната да ѝ даде нова емоционална и аранжманска нота. Онаква, која совршено се впива во амбиентот на времето и деновите кои денес ги живееме, „Време за плачење“.
Нова верзија на старата латино тема трансформирана во клавирска анплагд балада, во која маестралната изведба на Тамара со сета нејзина вокална експресија и вдахнува нова душа на песната, изведба која во исто време и ја кине душата на парчиња, навирајќи ви солзи на очите додека ја слушате. Со автентична емоција и зрелост во изразот, со чувство кое ви предизвикува грутка во грлото и оловна тежина во градите, пренесувајќи ја нејзината безвременска порака за љубов, болка и лекување.
„Преку оваа песна им оддаваме почит на емоциите што ги носиме во себе, без разлика на времето што минува“ – како што вели Тамара.
Музиката и текстот на оригиналот на песната се дело на Томислав Которчевиќ, а новата верзија е издадена преку светски познатата музичка етикета Cafe De Anatolia, носејќи ја приказната на “Време за плачење” пред новите генерации слушатели.
Визуелниот идентитет на проектот е заокружен со впечатлив cover art изработен од Љубан Стамениќ, додека едноставното но, мошне ефектно црно-бело видео, кое дополнително ја пренесува емоционалната изведба на песната, е во режија на Зоран Зонде Стојановски.
Новата верзија на “Време за плачење” е достапна на сите дигитални платформи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Никој не се грижи за својот изглед како луѓето родени во пет хороскопски знаци

Астролозите тврдат дека овие хороскопски знаци владеат кога станува збор за визуелен впечаток и шминка.
Во светот на хороскопите, некои знаци едноставно се раѓаат со чувство за естетика, стил и желба да се претстават во најдобро светло – буквално и фигуративно.
Без разлика дали станува збор за совршена шминка, гламурозни комбинации или внимателно одбрани филтри за Инстаграм, овие пет хороскопски знаци владеат кога станува збор за визуелен впечаток и шминка.
Лав
Лавот е неоспорен владетел на изгледот. Овој огнен знак сака да биде во центарот на вниманието и точно знае како да го постигне тоа – со сјаен тен, коса достојна за црвен тепих и самодоверба што зрачи од секоја пора.
Лавовите не носат шминка само за да изгледаат убаво, туку за да светат како ѕвезди.
Вага
Вагите се вљубени во убавината – сопствената и туѓата. Нивниот владетел е Венера, планетата на љубовта, уметноста и естетиката. Тие сакаат симетрија, меки тонови и перфекционизам во секој детаљ.
Вагите знаат како да се разубават себеси, но и другите, и нема да ја напуштат куќата сè додека секој детаљ не е совршен.
Бик
Биковите уживаат во сè убаво – храна, допир, мириси и, секако, изглед. Нивната шминка не е нужно впечатлива, но секогаш е беспрекорна. Тие го ценат квалитетот повеќе од квантитетот – скапите производи, богатите текстури и сензуалниот финиш се нивната зона на удобност.
Бикот не прави компромис кога е во прашање убавината.
Близнаци
Близнаците се креативни, променливи и секогаш бараат нешто ново. Нивниот стил е разновиден – еден ден носат неонски нијанси, следниот се во издание без шминка.
Шминката е алатка за нив да го изразат своето расположение и идентитет. Тие си играат со шминка како што си играат со зборови – спонтано, хумористично и ефективно.
Шкорпија
Шкорпиите ја користат шминката како средство за заведување и контрола. Нивниот стил е потемен, интензивен, сензуален. Тие не се плашат од пригушени нијанси, продорен поглед или ефектот на „фатален заводник“.
Сè што прават – го прават со намера, и така го планираат својот изглед. Тие се одлични и многу успешни заводници.
Забава
Познатата актерка призна: „Среќна сум затоа што немам деца“

Американската актерка Хедер Греам во ново интервју изјави дека не жали за својата одлука да нема деца. Покрај тоа, го пофали и фактот дека сè повеќе жени одлучуваат да го направат истиот чекор.
„Имаше моменти кога се прашував каков би ми бил животот ако родев. Сепак, можам да кажам дека 80 проценти од времето сум среќна што немам деца – се чувствувам слободно и добро поради тоа, а 20 проценти од времето размислувам за тоа каков би ми бил животот. Мора да го цениш животот што го имаш“, изјави таа за „Гардијан“.
Греам исто така истакна дека е среќна што сè повеќе жени отворено зборуваат за тоа дека не сакаат деца.
„Општеството те принудува да имаш деца, но зошто? Ако не си личност што постојано им угодува на другите, што, всушност, сакаш?“, праша таа.
Греам исто така откри дека поголемиот дел од нејзиниот живот бил фокусиран на исполнување на очекувањата на другите, но дека во четириесеттите години почнала да го менува својот поглед на животот и врските.
„Сфатив дека, едноставно, можам да се прашам што сакам и како да се направам среќна“, заклучи таа.
Греам е позната по своите улоги во многубројни филмски хитови во 90-тите и во 2000-тите.
Таа доби поширока популарност со улогата во филмот „Буги најтс“ (1997), каде што играше порноактерка, а потоа се појави во комедијата „Остин Пауерс: Шпионот што ме обзеде“ (1999), како и во хорор-трилогијата „Вресок 2“ (1997).
Забава
Почнува како филмска романса, а потоа доаѓа шокот: парови осудени на неуспех

Некои хороскопски парови, едноставно, не се предодредени да опстојат од самиот почеток, некои ќе плачат, а некои ќе исчезнат без трага…
Некои хороскопски парови „кликнуваат“ веднаш, а други „кликнуваат“ како расипана запалка, понекогаш функционира, но најчесто само заискрува и останувате разочарани.
И додека ѕвездите честопати се наклонети кон романтични средби, постојат некои состаноци, кои, едноставно, не може да ја преживеат реалноста. Овие три хороскопски пара можеби почнуваат со оган, но честопати завршуваат со пепел.
Овен и Рак
На прв поглед, сè мириса на филмска романса. Овенот влегува во животот на Ракот како бура: самоуверен, страстен и полн со иницијатива. Ракот, од друга страна, обезбедува топлина, внимание и емоционална длабочина.
Сепак, по почетната хемија, доаѓа шок. Овенот трча со главата напред низ ѕидот, а Ракот само сака нежно да биде прегрнат и прашан како му поминал денот. Овенот мисли дека Ракот е пречувствителен, Ракот мисли дека Овенот е робот без душа.
На кратко, некој ќе плаче, некој ќе исчезне. Погоди кој.
Лав и Јарец
Лавот сака внимание, аплауз и селфиња од секој агол. Јарец? Јарецот има план за пензионирање, распоред за штедење и три плана за иднината. Лавот мисли дека Јарецот е досаден, а Јарецот мисли дека Лавот е економски неодржлив.
Кога Лавот бара да му се восхитуваат затоа што прави кафе, Јарецот го гледа како да бара медал за дишење.
Понекогаш тие функционираат, ако Јарецот случајно стане менаџер за кариера на Лавот.
Близнаци и Риби
Оваа комбинација е како комбинација од ветер и бранови, никогаш не знаете каде ќе заврши, но знаете дека ќе биде збунувачка. Близнаците постојано ги менуваат своите мислења, а Рибите своите чувства.
Близнаците сакаат да зборуваат за теории на заговор, Рибите за соништата што ги сонувале утрово. Рибите лесно се повлекуваат кога ќе почувствуваат хаос, а Близнаците, пак, тие се тој хаос.
Додека трае, забавно е, но кога треба да се донесат одлуки, едниот од нив (или двајцата) исчезнува без трага.