Забава
Ким Кардашијан на суд во Париз, првпат се соочи со напаѓачите

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан денес сведочеше на судењето во Париз во случајот со грабежот од 2016 година, во кој ѝ беше украден накит вреден шест милиони долари.
Грабежот се случи во Париз за време на „Фешн вик“, а беше украден нејзиниот накит, вклучувајќи и дијамантски прстен од 4 милиони долари што ѝ го дал поранешниот сопруг Канје Вест.
Кардашијан, повремено во солзи, рече дека дошла во француската престолнина за Модната недела и дека Париз е место што отсекогаш го сакала и каде што се чувствувала безбедно, објави Ројтерс.
„Се разбудив околу три часот наутро и слушнав чекори по скалите. Ја повикав сестра ми и еден пријател, но никој не се јави“, рекла таа, додавајќи дека неколку луѓе во полициски униформи влегле во нејзината спална соба.
Кардашијан рекла дека била многу збунета и зашеметена, обидувајќи се да сфати што се случува, а потоа еден од мажите рекол на англиски со акцент – „Ринг, прстен!“
„Бев во шок и на почетокот помислив дека е некаков терористички напад, и не сфатив веднаш дека го сакаат мојот накит“, рекла таа.
Таа додаде дека напаѓачите потоа ја фрлиле на креветот, дека била многу исплашена и хистерична, и постојано велела дека мора да се врати дома кај своите деца.
Според неа, еден од нив вперил пиштол кон неа и ја повлекол кон себе, па во тој момент помислила дека ќе ја силува, но за среќа само ја врзал.
Ова е прв пат Кардашијан да се соочи со осомничените за нападот и грабежот. Осомничените се на возраст меѓу 60 и 70 години, објави АП.
Судењето започна минатиот месец и во него учествуваат десет обвинети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Таа не облече „гол фустан“, но не носеше ништо под него: Бела Хадид брутално возврати на новиот дрес-код во Кан

Организаторите на фестивалот јавно го окарактеризираа како лош пример. Правилникот беше ажуриран поради неа, со пораката – не се облекувајте како Бела Хадид. И таа им одговори на единствениот начин што го знае: со доминација.
Кралицата на црвениот тепих повторно напаѓа – овој пат со повеќе стил од кога било, и помалку облека отколку што сакаа организаторите.
Бела Хадид пристигна – и не тивко. На првиот ден од Канскиот филмски фестивал, моделот прошета по црвениот тепих во фустан како знак на став. Без потреба од голотија, а сепак — нема ништо под него. Црн фустан од модната куќа „Сен Лоран“, со прорези кои повеќе откриваат отколку што покриваат, беше нејзината софистицирана шлаканица во лицето на новиот, построг дрес-код на фестивалот.
Пред почетокот на фестивалот во 2025 година, организаторите јасно ставија до знаење: „Заради пристојност, голотијата е забранета“. Правилникот дури сугерира дека ѕвездите „не треба да се облекуваат како Бела Хадид“. И како таа одговори? Со појавување во фустан кој ги крши сите правила.
Асиметричен, длабоки резови, драматичен крој — фустан како протест и порака: стилот не познава забрани.
Забава
(Фото) Најубавата жена на светот помина во редовите на фатални русокоси

78-от Кански филмски фестивал, како и секоја година досега, ќе собере голем број познати ѕвезди од различни сфери на уметноста. Организаторите на овој престижен настан одлучија да воведат големи промени за црвениот тепих оваа година.
Јавните личности ќе мора внимателно да ги избираат своите облеки, бидејќи голотијата ќе биде строго забранета.
Сепак, ова правило не се чини дека важи за гостите кои полека се собираат. Најубавата жена на светот, Бела Хадид, неодамна беше фотографирана пред хотелот каде што ќе престојува до крајот на фестивалот. Моделот ја изненади јавноста со својот аутфит, но и со драстичната промена на имиџот.
Таа ги замени своите темни прамени со малку посветла боја – со други зборови, таа одлучи да се придружи на редовите на фаталните русокоси.
Иако организаторите на настанот јасно нагласија дека нема да има голотија, тоа не ја спречи Бела да ја покаже својата завидна фигура на друг, малку поскриен начин.
Папараците ја фотографираа во бела облека – од глава до пети. Таа носеше корсет и панталони, а едвај видливите златни додатоци го надополнуваа овој минималистички стил.
Таа ги поздрави љубопитните фотографи пред хотелот со блескава насмевка, заработувајќи ја нивната симпатија.
Забава
Со своите фотографии во бикини воодушевува, а нејзиното прекрасно лице ве остава без здив дури и на 56 години

Познатата Хелена Кристенсен (56), едно од најпознатите лица во светот на модата, останува вечна муза на фотографите и дизајнерите ширум светот.
Со богата кариера која вклучува безброј насловни страници на најпрестижните списанија, модни писти и кампањи за водечките светски брендови, оваа данска убавица и поранешен ангел на „Викторијас Сикрет“ ги открива своите ритуали за нега кои зрачат со природност и луксуз во исто време.
„Сакам да спијам до последен момент и често станувам само половина час пред работа. Ако имам снимање, едноставно одам во студио и го оставам тоа во рацете на врвни шминкери“, признава Хелена. Кога е во природа, таа оди до блиската река каде што ја ексфолира кожата со шеќер или сол, потоа се капе во ледено ладна вода и нанесува глина, по целото тело, што ја наоѓа по должината на брегот.
„Седење на сонце, слушање на птиците и чувство на ветерот – тоа е мојата лична форма на медитација“, вели таа. Откако глината ќе се исуши, таа се враќа во водата за да ја исплакне, а потоа го храни своето тело со кокосово масло – единствениот производ што го користи додека е во природа.
Во зимските вечери, Хелена обожава да се опушта во кадата со маска за лице, која ја хидрира кожата исушена од честите летови. „После тоа, користам нежно средство за чистење, го прскам лицето со тоник, нанесувам серум, масло, а потоа хидратантна крема за лицето и очите. Понекогаш спијам со маска за ноќ – не е одлична за перницата, но е одлична за кожата“, вели таа.
„Имам среќа – косата ми е густа, брзо расте и иако е виткана и непослушна, никогаш не ми била пречка. Напротив“, истакнува супермоделот. Во својата секојдневна рутина, таа користи негувачки балсами и маски, како и природни состојки како глина, кал и кокосово масло.
Често носи празен сад со себе за да земе глина од реката и да ја користи подоцна дома. Таа, исто така, прави свои мешавини за убавина, како што се мед или комбинација од вотка и сок од лимон за природни прамени што ги „активира“ со сончање – она што ќе остане, вели таа, го претвора во коктел!
Никаде без црвен кармин! Хелена го користи на усните, образите како руменило, па дури и на очните капаци – каде што потоа го премачкува со вазелин за дополнителен сјај.
Со години е во рацете на познатата холивудска експертка за нега на кожа, Џоана Варгас, а за црвениот тепих користи третмани со златни маски кои „прават чуда“. Таа редовно го посетува и естетичарот Фабрицио Ормонде, како и дерматологот д-р Анета Решко – особено кога станува збор за ласерско отстранување на хиперпигментација. Иако ги обожава своите пеги, таа признава дека понекогаш тие стануваат премногу интензивни и се спојуваат во поголема дамка.
„Водата е моја опсесија. Без разлика дали пливам или само нуркам, ладната вода е откритие за мене во последниве години. Стана неопходен дел од мојот живот, каде и да сум“, вели Хелена. Таа додава дека се обидува да си легне рано, да се храни здраво, а тренира две децении – претежно бокс, кој го сака уште од 35-годишна возраст.
Хелена Кристенсен останува олицетворение на природната елеганција – жена која ја негува убавината одвнатре и однадвор, спојувајќи ги суровите елементи на природата со современа грижа и безвременски стил.