Забава
Кои беа најпребаруваните 18+ прашања на „Гугл“ во 2024 година
Крајот на годината вообичаено е време за објавување на различни статистички резултати, а „Гугл“ објави интересни податоци за прашањата што луѓето најмногу ги пребарувале поврзани со сексот во текот на 2024 година.
Овие шест прашања се најдоа на врвот на листата:
Што е автосексуалност?
Дали е нормално да се крвари после секс?
Дали мастурбацијата е грев?
Што е оргазам?
Колку долго после царски рез можете да имате секс?
Колку често брачните парови имаат секс?
Дали сте љубопитни што е автосексуалност?
Концептот на автосексуалност првпат се појави во медиумите кога Кортни Кардашијан го спомна на својот блог во 2020 година.
“Дали сте автосексуални? Накратко – да, најверојатно. Всушност, сите сме, барем малку“, напишала таа.
Терапевтот и автор Кејси Танер зборуваше за автосексуалноста за страницата на Кортни и откри дека тоа е особина каде што личноста е привлечена од сопственото тело.
„Иакао мастурбацијата е пример, автосексуалноста може да се прошири подалеку од сексуалното однесување, вклучително чувство на копнеж или желба за себе. Тоа може да биде и способност да се почувствува сексуална желба преку визуелизирање, допирање или мирис на себеси“, рече Танер.
Таа додаде дека автосексуалноста е широк спектар и дека повеќето луѓе се некаде на тој спектар.
„Некои се исклучиво автосексуални и тоа е нивната сексуална ориентација, додека повеќето ја комбинираат со секс со партнерот“, објаснила таа тогаш.
„Тоа би можело да значи да носите секси долна облека. Тоа може да значи дека ќе ја направите вашата коса и шминка само за да се чувствувате добро, дури и кога сте во долготрајна моногамна врска и другата личност едвај забележува“, објасни таа.
„Многу луѓе се спротивставуваат на автосексуалноста, плашејќи се дека таа е нарцисоидна или дека може да го наруши партнерскиот секс. Во реалноста, автосексуалноста може да биде здрав, дури и вреден дел од вашиот сексуален живот“, нагласи таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Лука Модриќ одмара во Дубаи, ја посети зоолошката градина и хранеше тигар
Лука Модриќ моментално се наоѓа во Дубаи на пауза од фудбалот, а слободното време реши да го искористи за да ја посети приватната зоолошка градина Famepark во сопственост на милијардерот Др. Саиф Белхас.
„Ми беше голема чест да бидам домаќин на легендата“, напиша милијардерот покрај фотографиите на кои позираат заедно.
На едната фудбалерот храни тигар, додека на другата позираше со питон.
Забава
Хали Бери: Не можам да се одлучам дали сакам да бидам лоша или добра
Хали Бери објави серија фотографии на Инстаграм на кои покажува како ги поминува празниците во Мексико. 58-годишната актерка покажа фотографија во костим за капење, а со порака ги насмеа обожавателите.
„Не можам да одлучам дали сакам да бидам злобница или добра овој Божиќ, но одлично се забавувам“, напиша таа покрај објавата во која позира во едноделен костим за капење, додека на другата носеше маица со Гринч.
Забава
Ева Лонгорија објави фотографии во бикини, како ужива во Шпанија со сопругот и синот
Ева Лонгорија, 49-годишна актерка со латиноамериканско потекло, се одмара со сопругот Хозе Бастон и 6-годишниот син Сантијаго во Марбела, Шпанија, каде што имаат голем имот.
На Инстаграм покажа фотографија во темно сини бикини, а сподели и неколку семејни сцени.
„Надвор од канцеларија“, напиша накратко во описот.
„Боже мој, каква убава жена“, „Убаво семејство“, „Ти завидувам како го поминуваш Божиќ“, „Уживај, заслужуваш“, ѝ напишаа обожавателите.