Контакт

Забава

Кралици на одлучноста: најтврдоглавите жени се родени во овој знак

Објавено пред

Некои жени едноставно не попуштаат. Нивната одлучност е неверојатна, а обидите да се убедат во спротивното обично се залудни.

dobivaj vesti na viber

Откако ќе донесат одлука, жените родени во овој хороскопски знак се држат до својата позиција без оглед на расправиите, околностите или туѓото мислење. Нивната тврдоглавост не е мана, туку сила – ги прави непоколебливи и постојани во сè што прават.

Ако некогаш сте се обиделе да наговорите некого да направи нешто, а тој само ве погледнал мирно и продолжил по својот пат, големи се шансите да се родени во знакот Бик.

Тврдоглавата кралица на решителноста
Жените родени во знакот Бик се познати по својата непоколеблива волја. Тие не носат одлуки набрзина, но штом ќе го направат тоа, речиси е невозможно да ги убедите во спротивното.

Ако сакаат нешто, ќе се борат за тоа до крај, без разлика на пречките. Без разлика дали се работи за кариера, љубов или секојдневни одлуки, жените Бикови ќе се држат до својот пат и нема да скршнуваат под ничиј притисок.

Нејзината тврдоглавост може да биде предизвик за оние кои се обидуваат да преговараат со неа, но во исто време токму оваа особина ја прави непобедлива во остварувањето на нејзините цели.

Ништо не прави на половина пат, кога ќе се одлучи за нешто оди до крај.

Ако сакате доказ дека е во право, ќе мора прецизно да го расправате секој детал, па дури и тогаш не сте сигурни дека ќе успеете.

Но, и покрај нивната тврдоглавост, жените родени во знакот Бик се неверојатно сигурни, лојални и стабилни.

Можеби ќе ве полудат со тоа што секогаш мораат да бидат во право, но ако те сакаат, ќе се борат за тебе исто толку тешко како и за сопственото мислење.

Со нив никогаш не е досадно, а едно е сигурно – ако мислите дека лесно ќе ги убедите да направат нешто што не сакаат, подобро размислете уште еднаш.

Забава

Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа истражување

Објавено пред

Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа полско истражување.

dobivaj vesti na viber

Истражувањето кое ќе биде претставено на Европскиот конгрес за дебелина во Шпанија во мај, било спроведено на 1.200 парови во Полска и покажало дека ризикот од прекумерна тежина во бракот е зголемен за двата пола, но ситуацијата е особено акутна кај мажите.

Истражувачите заклучија дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак.

Оженетите мажи имаат 3,2 пати поголема веројатност да бидат дебели од слободните мажи, а таква разлика не е забележана меѓу мажените и слободните жени.

Ова потенцијално се објаснува со културните разлики во ставовите кон дебелината меѓу двата пола, се вели во истражувањето.

Студијата заклучи дека ризикот од дебелина исто така се зголемува со возраста. Секоја година, заканата од прекумерна тежина се зголемува за три проценти кај мажите и четири проценти кај жените. Ризикот од дебелина, сепак, се зголемува за четири отсто кај мажите и шест отсто кај жените, пренесува агенцијата ДПА.

Дебелината се дефинира како индекс на телесна маса од 30 или повеќе, а прекумерната тежина се дефинира како индекс од 25 до 29,99.

Истражувањето го водеше лекарот Алича Цича-Миколајчик од Националниот институт за кардиологија во Варшава.

„Возраста и брачниот статус имаат непобитно влијание врз прекумерната тежина или дебелината во зрелоста, без разлика на полот“, заклучува студијата.

Прикажи повеќе...

Забава

Скарлет Јохансон не сака да се фотографира со обожавателите на улица, ја откри и причината

Објавено пред

Актерката Скарлет Јохансон (40) објасни зошто не и е удобно да се фотографира со обожавателите кои ја среќаваат во јавност. Говорејќи на оваа тема додека го промовираше нејзиниот претстоен филм Jurassic World: Rebirth, Јохансон изјави за InStyle дека не сака да биде „идентификувана“ во одредено време и место. „Тоа навистина навредува многу луѓе“, призна таа.

dobivaj vesti na viber

„Секако дека ценам што луѓето се мои обожаватели и среќни што ме гледаат. Но, секогаш им велам: Не сум на работа. А тоа значи дека не сакам никој да ме „сними“ како некој што бил со нив во тој момент и на тоа место. Јас правам нешто свое“, додала таа.

Актерката нагласи и колку и е важно да ја зачува анонимноста на нејзините деца.

„Мислам дека анонимноста треба да се зачува што е можно подолго, барем додека самите деца не одлучат поинаку. Тоа е одлука што ја донесов за нив“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Српска инфлуенсерка го привлече вниманието на ревијата на Валентино во Париз

Објавено пред

Тамара Калиниќ е една од најпознатите модни инфлуенсерки во регионот, чии модни избори секогаш се следат со голем интерес.

dobivaj vesti na viber

Оваа српска блогерка со постојана адреса во Лондон со години инспирира со своите елегантни, префинети и луксузни модни комбинации, а нејзиниот Инстаграм профил го следат речиси два милиони луѓе, кои секојдневно бараат инспирација во нејзиниот моден избор.

Сепак, нејзиното последно модно издание на ревијата на Валентино во Париз, одржана на 9 март 2025 година, предизвика различни реакции.

Тамара за оваа пригода беше облечена од глава до пети во парчиња на Валентино. Таа избра елегантен црн фустан со суптилни бели детали на ракавите од најновата колекција на брендот. Изгледот го комплетираше со црни хулахопки со дезен, салонки со црвен ремен околу глужд, црни очила за сонце и црна чанта.

Сепак, највпечатлив дел од нејзиното издание, што предизвика дискусија во коментарите, беше накитот за уста во форма на метална декорација што оди преку усните.

@tamara @Valentino ♬ original sound – Tamara Kalinic

„Ова е првпат да не ми се допадне ништо друго освен твојата убавина“, „Накитот за усни е ужасен. Веќе има доволно жени замолчени на овој свет за доброволно да носиш такво нешто во името на модата“, беа некои од критиките.

Но, за некои тој детаљ беше омилен дел од нејзината облека. „Накитот за усни ми е омилен!“, „Го сакам! Толку храбар и поларизирачки, тоа е она што го прави стилот одличен!“, „Секогаш најшик“, „Конечно вистинска мода! Накитот за усни совршено ја раскажува приказната за целата облека. Веројатно вашето најдобро издание досега!“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Левицата предложи 18 месеци платено породилно отсуство: Овој закон ќе ја подобри положбата на мајките и семејството и ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство,...

Македонија4 часа

ДУИ: Секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на Северна Македонија

„Денес ја одбележуваме четвртата годишнина од потпишувањето на Законот за употреба на јазиците – моментот кога беше заокружен легислативниот дел...

Македонија4 часа

„Судскиот совет не е приватен дуќан на кадрите на Заев и Груби – разрешените членови мора да заминат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да ја узурпираат институцијата, спротивно на волјата на Собранието...

Македонија5 часа

„Имаме најскапи патарини во регионот, а ужасни патишта: пратениците да гласаат за нашиот предлог за 50 отсто поевтини патарини“, бара партијата Левица

„На 19 март, во Собранието ќе се гласа за предлог-законот на пратеничката група на Левица, кој предвидува намалување на патарините...

Македонија5 часа

СДСМ: Милиони во омилени фирми на власта, до кога ќе молчи Јавното обвинителство за тендерските шеми на ДПМНЕ?

СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ? „Случаите со милионските зделки...

Свет5 часа

Венс: Би бил шокиран доколку Трамп сака да го премести нуклеарното оружје подалеку на исток во Европа

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс рече дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп сака нуклеарното оружје да го...

Македонија5 часа

„Огромен интерес и внимание за македонската делегација на глобалниот самит во Баку“: Сиљановска и Божиновска во центарот на глобалните дискусии

Огромен интерес за македонската делегација на XII Global Baku Forum – присуството на македонската делегација, официјалните и неформалните средби на...

Европа6 часа

(Видео) Погодена рафинерија во Русија, гори огромен резервоар за гас

Украинците во текот на ноќта со беспилотни летала ја нападнаа руската рафинерија Туапсе во Краснодарската територија. Според руските канали на...

Свет6 часа

(Видео) Џеј-Ди Венс исвиркан на концертот на Националниот симфониски оркестар во Вашингтон

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс беше пречекан со свирежи и негодувања од публиката по пристигнувањето на концертот на Националниот симфониски...

Свет7 часа

Кина, Иран и Русија почнаа разговори за иранските нуклеарни прашања

Високи дипломати од Иран, Русија и Кина се собраа денеска во Пекинг на разговори за нуклеарните прашања на Техеран, објави...

Свет7 часа

(Видео) Патниците бегаа преку крилото на авионот: се запали моторот на „боинг“ во Денвер

Млазен мотор на Американ ерлајнс се запалил откако авионот принудно слетал во Денвер, принудувајќи ги патниците да се евакуираат користејќи...

Свет18 часа

Разговаравме за деловите од Украина што ќе се задржат и за оние што ќе бидат изгубени, вклучена е и електрана, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп даде изјава во Белата куќа во која ги коментираше преговорите со Русија за ставање крај на...

Македонија20 часа

Сиљановска-Давкова во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето...

Свет20 часа

Путин: Ние сме за примирје, но многу прашања прво треба да бидат одговорени

Рускиот претседател, Владимир Путин, изрази подготвеност за примирје во Украина, но нагласи дека е неопходно да се решат клучните прашања...

Македонија23 часа

Јаневски: Да сме набавеле нови автобуси, па вие и овие што ги имате не можете да ги сервисирате

Дали вие знаете дека минатата година Град Скопје за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие одвои 685 милиони денари, 11 милиони...

Македонија24 часа

МНР со реакција на бугарското министерство: Политиката на условувања создава непотребни тензии, кои не одговараат на европскиот дух на соработка

Со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз...

Македонија1 ден

Дел од сегашните судии и обвинители е последниот штит на криминалот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка...

Македонија1 ден

Институтот интерпелација во никој случај не може да се примени за уставните судии, тоа е упад во самостојноста велат од Уставниот суд

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, судот информира дека Уставот...

Македонија1 ден

Жртвите на сексуално насилство ќе може да побараат помош и без да пријават во полиција силување или обид за силување

Сервисите за помош и поддршка на жртвите на сексуално насилство, кои сега се достапни само за жртвите откога ќе го...

Свет1 ден

Скандал го тресе Брисел: корупција во Европскиот парламент

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент. Обвинителите соопштија...