Забава
Руски продуцент откри колку заработува Милош Биковиќ за еден ден снимање

Рускиот продуцент Сергеј Дворцов зборуваше за хонорарите на 37-годишниот српски актер Милош Биковиќ, познат по бројните серии и филмови кои уриваат рекорди на гледаност во Русија. Тој рече дека Милош во моментов е еден од најбараните и најуспешните актери во руската кинематографија.
Сергеј изјави дека за еден ден снимање, Милош Биковиќ добива од 3 до 4 милиони рубљи (од 33.000 до 44.000 евра). Тој додаде дека актерот многу заработува и од реклами, но смета дека неговиот финансиски успех е сосема оправдан.
Руските медиуми пишуваат дека популарноста на Биковиќ во таа земја е толку голема што веќе напишаните сценарија ги менуваат за да се прилагодат на него и актерот да прифати улога во нив.
Милош Биковиќ е роден на 13 јануари 1988 година во Белград. Кариерата ја започна во тинејџерски серии, но на пошироката публика и стана познат по улогата на Александар Тирнаниќ во филмот „Монтевидео, Бог те видео“ во режија на Драган Бјелогрлиќ, што му донесе голема популарност во регионот.
Потоа продолжи со забележителна кариера во Русија, каде глумеше во серија успешни филмови и стана едно од најбараните имиња во руската филмска индустрија. Течно зборува руски и често соработува со руски режисери и актери. Покрај актерството, тој е активен и како продуцент преку сопствената продуцентска куќа.
Според многумина, најзгодниот српски актер е во врска со Ивана Малиќ, млада адвокатка од Црна Гора, со која на почетокот на минатата година доби син.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Сидни Свини фотографирана со Глен Пауел, се проширија гласини за нова врска

Меѓу растечките гласини дека ја откажала венчавката со свршеникот Џонатан Давино, Сидни Свини ги поттикна гласините за нова врска со едно излегување.
Имено, на социјалните мрежи почнаа да се шират фотографии од Свини направени во ресторанот Joe Leo Fine Tex Mex. Во истиот ресторан е снимен и Глен Пауел, со кого Сидни глумеше во филмот од 2023 година, „Секој освен тебе“.
Фотографиите наводно се направени на пробна вечера за венчавката на сестрата на Глен, Лесли, која исто така работела на филмот.
Сепак, добро информиран извор демантираше дека актерите се заедно. „Нема ништо романтично помеѓу Глен и Сидни. Тие се само пријатели. Сидни е блиска со целото семејство“, изјавил извор за Us Weekly.
Да потсетиме, Сидни Свини (27) и нејзиниот вереник Џонатан Давино (41) ја откажаа својата венчавка затоа што се соочуваат со „големи проблеми во врската“, изјави извор за Us Weekly.
Забава
Кревањето тегови игра голема улога во процесот на слабеење: ги согорува мастите и ги зајакнува коските

Популарноста на кревањето тегови се зголемува, а поради неговата ефикасност, овој вид на вежбање се смета за еден од најздравите кои придонесуваат за брзо слабеење.
Кревањето тегови ги согорува мастите, а исто така придонесува за намалување на крвниот притисок, холестеролот, стабилизирање на шеќерот во крвта, зајакнување на коските, силата и брзината, а помага и за намалување на поткожното масно ткиво и зголемување на мускулната маса.
Доколку сакате да ослабете додека правите вежби со тежина, корисно е движењата да ги изведувате од почеток до крај и да не ги прекинувате нагло.
Дополнително, треба да ги дефинирате вежбите и бројот на серии со кои со текот на времето ќе го зголемувате бројот на повторувања и тежината на теговите, а корисно е да правите кратки паузи помеѓу сериите.
Се советува да не претерувате со тежината.
Ако вашата цел е да го намалите вишокот килограми, корисно е да знаете дека континуитетот е поважен од тежината на тегови.
Кревањето тегови го забрзува метаболизмот и согорува калории, бидејќи мускулите бараат повеќе калории за одржување на нормалната телесна тежина отколку маснотиите.
За да ја изберете идеалната тежина за вашите тегови, препорачливо е да изберете тежина што можете да ја кренете 20 пати. Кога ја изведувате оваа вежба, важно е да го предизвикате вашето тело, но во рамките на вашите можности.
Според тоа, корисно е да се постават умерени, но остварливи цели.
Ако вашата цел е да изгубите тежина додека градите мускули, треба да ја прилагодите вашата исхрана.
Треба да се храните здраво, да јадете доволно протеини, зеленчук и овошје. Намалете го внесот на масна храна и висококалорична храна.
Се препорачува да пиете само вода или незасладени пијалоци, а избегнувајте енергетски пијалоци кои се богати со шеќер.
Забава
Шакира го коментираше раскинувањето со Пике: Тоа е рана која никогаш нема да зарасне

Колумбиската пејачка Шакира го коментираше раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике во неодамнешното интервју за мексиканскиот канал N+.
„Процесите на заздравување траат многу години. Научив дека можете да чувствувате радост додека истовремено носите болка – додека живеете со рана што нема да зарасне. Тоа е како кога сте на забава и ве болат нозете, но сепак продолжувате да танцувате“, вели таа.
„Имаше моменти кога се чувствував мала и безвредна. Тогаш ви помагаат пријателите, семејството и вистинските луѓе – ве потсетуваат на вашата вредност и дека сте способни за повеќе отколку што мислите”, додала Шакира.
Пејачката и фудбалерот се запознале во 2010 година додека ја снимале нејзината песна Waka Waka, химна на тогашното Светско првенство. Тие ја потврдија врската една година подоцна. Првиот син го добија во 2013 година, а вториот во 2015 година.
Седум години подоцна ја изненадија јавноста објавувајќи го нивното раскинување, додека траеја гласините дека поранешниот фудбалер бил неверен.