Забава
Со своите фотографии во бикини воодушевува, а нејзиното прекрасно лице ве остава без здив, дури и на 56 години

Познатата Хелена Кристенсен (56), едно од најпознатите лица во светот на модата, останува вечна муза на фотографите и дизајнерите ширум светот.
Со богата кариера која вклучува безброј насловни страници на најпрестижните списанија, модни писти и кампањи за водечките светски брендови, оваа данска убавица и поранешен ангел на „Викторијас Сикрет“ ги открива своите ритуали за нега кои зрачат со природност и луксуз во исто време.
„Сакам да спијам до последен момент и често станувам само половина час пред работа. Ако имам снимање, едноставно одам во студио и го оставам тоа во рацете на врвни шминкери“, признава Хелена. Кога е во природа, таа оди до блиската река каде што ја ексфолира кожата со шеќер или сол, потоа се капе во ледено ладна вода и нанесува глина, по целото тело, што ја наоѓа по должината на брегот.
„Седење на сонце, слушање на птиците и чувство на ветерот – тоа е мојата лична форма на медитација“, вели таа. Откако глината ќе се исуши, таа се враќа во водата за да ја исплакне, а потоа го храни своето тело со кокосово масло – единствениот производ што го користи додека е во природа.
Во зимските вечери, Хелена обожава да се опушта во кадата со маска за лице, која ја хидрира кожата исушена од честите летови. „После тоа, користам нежно средство за чистење, го прскам лицето со тоник, нанесувам серум, масло, а потоа хидратантна крема за лицето и очите. Понекогаш спијам со маска за ноќ – не е одлична за перницата, но е одлична за кожата“, вели таа.
„Имам среќа – косата ми е густа, брзо расте и иако е виткана и непослушна, никогаш не ми била пречка. Напротив“, истакнува супермоделот. Во својата секојдневна рутина, таа користи негувачки балсами и маски, како и природни состојки како глина, кал и кокосово масло.
Често носи празен сад со себе за да земе глина од реката и да ја користи подоцна дома. Таа, исто така, прави свои мешавини за убавина, како што се мед или комбинација од вотка и сок од лимон за природни прамени што ги „активира“ со сончање – она што ќе остане, вели таа, го претвора во коктел!
Никаде без црвен кармин! Хелена го користи на усните, образите како руменило, па дури и на очните капаци – каде што потоа го премачкува со вазелин за дополнителен сјај.
Со години е во рацете на познатата холивудска експертка за нега на кожа, Џоана Варгас, а за црвениот тепих користи третмани со златни маски кои „прават чуда“. Таа редовно го посетува и естетичарот Фабрицио Ормонде, како и дерматологот д-р Анета Решко – особено кога станува збор за ласерско отстранување на хиперпигментација. Иако ги обожава своите пеги, таа признава дека понекогаш тие стануваат премногу интензивни и се спојуваат во поголема дамка.
„Водата е моја опсесија. Без разлика дали пливам или само нуркам, ладната вода е откритие за мене во последниве години. Стана неопходен дел од мојот живот, каде и да сум“, вели Хелена. Таа додава дека се обидува да си легне рано, да се храни здраво, а тренира две децении – претежно бокс, кој го сака уште од 35-годишна возраст.
Хелена Кристенсен останува олицетворение на природната елеганција – жена која ја негува убавината одвнатре и однадвор, спојувајќи ги суровите елементи на природата со современа грижа и безвременски стил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ретко покажуваат кога им е тешко: три хороскопски знаци кои држат во себе

Додека некои веднаш кажуваат кога нешто им тежи или пречи, има хороскопски знаци кои сè доживуваат длабоко, но тивко. Не сакаат да се отвораат, не бараат помош и не сакаат да покажуваат слабост. Наместо да плачат или да се жалат, тие чуваат сè внатре, надевајќи се дека непријатните чувства едноставно ќе поминат.
Ова се трите знаци кои најчесто ги носат своите грижи сами, за никој да не забележи колку навистина им е тешко.
Јарец
Јарецот е симбол на сила, контрола и одговорност. Кога му е тешко, нема да го покажува тоа бидејќи мисли дека мора да остане цврст и да не ги оптоварува другите со своите проблеми. Неговата болка често е тивка и се крие зад зафатеност, работа и реченици од типот „се е во ред“. Јарците веруваат дека емоциите треба да се решаваат сами, во тишина, па дури и ако можат да користат поддршка.
Девица
Девиците анализираат сè, вклучително и сопствените емоции, но ретко зборуваат за нив. Наместо да се жалат, тие се обидуваат да си објаснат зошто се чувствуваат така и каде згрешиле. Често делуваат мирно и присебно, додека внатре се борат со анксиозност и несигурност. Девицата ќе ви помогне во се, но ќе и биде тешко да признае дека и треба помош.
Шкорпија
Иако се познати по своите интензивни емоции, Шкорпиите ретко ги откриваат своите слабости. Нивната болка е длабока. Тие не сакаат да ги гледаат како ранливи и претпочитаат да држат сè под контрола. Кога тие страдаат, обично нема да знаете освен ако не ги знаете многу добро. Тие ќе се повлечат, ќе молчат и ќе размислуваат, но ретко ќе ги отворат своите срца ако не сте ја стекнале нивната целосна доверба.
Забава
Хали Бери: Морав да го сменам фустанот поради строгите правила на Кан

Организторите на Канскиот филмски фестивал годинава воведоа строги кодекси на облекување до кои славните мора да се придржуваат.
Забрането е носење фустани со голем волумен, фустан што се влече по земја зад грбот, како и разголени фустани за да се обезбеди поголема пристојност.
Кинеската актерка Ван Ќенхуи ги прекрши правилата со излегувањето на црвениот тепих, но актерката Хали Бери не препушти ништо на случајноста и откри дека поради новите правила во последен момент се одлучила за поинаков фустан.
„Имав одличен фустан за вечерва, но не можев да го облечам бидејќи задниот шлеп е преголем. Морав да го сменам. Но делот за голотија е веројатно добро правило”, рече таа на прес-конференцијата.
58-годишната Бери оваа година е член на жирито на фестивалот, а за разлика од неодамнешното предизвикувачко издание со кое го привлече вниманието, таа во Кан се појави во долг фустан со црно-бели риги, а со тоа ги избегна строгите казни кои ги најавија организаторите.
„Целта не е нужно да се регулира облеката, туку да се забрани целосната голотија на црвениот тепих, во согласност со институционалната рамка на настанот и француските закони“, велат организаторите.
„Фестивалот го задржува правото да го оневозможи пристапот на лица чија облека може да го попречи движењето на другите гости или да го отежне распоредот на седење во салите за прикажување“, додаваат тие.
Забава
(Видео) Претставниците на Албанија на Евровизија ја освоија публиката

Албанија ги воодушеви гледачите на Евровизија со својот настап во првата полуфинална вечер, што се одржа синоќа во Базел.
Дуото „Шкодра електронике“ ја изведе песната „Зерм“ и се пласира во финалето. Тие моментно се на деветтото место за победа во обложувачниците за Евровизија.
Видеото од нивниот настап собра 144.000 прегледи на „Јутјуб“ за 10 часа од објавувањето, со позитивни коментари подолу.
„Шкодра електронике“ е италијанско-албанско фолктроничко дуо формирано во 2019 година во Скадар, град во северозападна Албанија, и го сочинуваат членовите Коле Лаца и Беатриче Ѓерѓи. Тие се албански имигранти, кои пораснале во Италија.
Музиката на „Шкодра електроник“ се карактеризира со фузија на жанрови, како што се електронска музика, поп и традиционална албанска музика. Нивните текстови често се занимаваат со теми, како што се љубовта и секојдневниот живот.