Забава
Три хороскопски знаци што ќе имаат најдобро лето

Летото 2025 година ќе биде особено добро за три хороскопски знаци, но и четврти знак би можел да се најде на списокот со среќници.
Луѓето родени под хороскопските знаци означени подолу ќе уживаат во претстојниот период. Ѕвездите им носат изобилство од љубов, енергија, патувања и нови можности што ќе ги поттикнат напред во сите аспекти од животот.
Лав
Хороскопските лавови ќе бидат владетели на летната сезона.
Како знак управуван од Сонцето, Лавот природно станува силен во ова време од годината, а дополнително е поддржан од поволните аспекти на Јупитер и Венера.
Затоа, Лавовите ќе зрачат со самодоверба и шарм ова лето, привлекувајќи внимание каде и да се појават и чувствувајќи како светот да им лежи пред нозете.
За многу Лавови, ова ќе биде лето на романтично исполнување – без разлика дали преку огнени летни авантури или преку продлабочување на постојните врски. Покрај тоа што сè ќе им оди добро на љубовниот фронт, Лавовите ќе блеснат и на социјални настани, патувања и на работни места што вклучуваат креативност и јавно говорење.
Близнаци
Она што им оди во прилог на Близнаците ова лето е фактот што Јупитер, планетата на експанзијата и среќата, престојува во нивниот знак поголемиот дел од најтоплата сезона.
Ова значи дека ова ќе биде сезона на одлични можности, возбудливи познанства и брз развој на идеи.
Близнаците ќе бидат во свој елемент – комуникативни, љубопитни и недостижни – и токму оваа треперлива енергија ќе им донесе најмногу можности.
Летото ќе им донесе на Близнаците серија средби, флертувања и можности за нова, стимулирачка љубовна приказна. Оние кои се занимаваат со пишување, образование, маркетинг или технологија можат да очекуваат неочекувани успеси и можности за проширување на своето деловно влијание.
Стрелец
Како и секогаш, Стрелецот ќе го дочека летото со незаситен апетит за слобода, авантура и нови искуства. Но, овој пат ѕвездите се особено на нивна страна.
Марс им дава дополнителна доза на енергија и решителност, додека поволните огнени аспекти ги поддржуваат во сè што ќе започнат.
Летото ќе биде динамично за Стрелецот, исполнето со патувања, фестивали, спорт и духовни активности.
Кога станува збор за љубовни можности, тие ќе доаѓаат од најнеочекуваните насоки – можно е да се заљубат додека патуваат или во личност која доаѓа од сосема поинаков свет.
Покрај романсата, летото ќе биде и силен период за личен развој за Стрелецот – идеален за учење, проширување на хоризонтите и истражување на нови филозофии.
Трите означени знаци ќе имаат лето кое нема да биде само уште една топла сезона, туку и лето на успех, љубов и исполнетост кое ќе се памети долго време.
Дополнителен знак – Вага
Конечно, друг знак лесно би можел да стане четвртиот знак на листата на знаци што ќе имаат најдобро лето. Тоа е Вагата.
Хороскопските Ваги ќе почувствуваат бран на хармонична и нежна енергија во одреден момент од летото.
Венера ќе биде таа што ќе им донесе можност да пронајдат љубовен мир, да ги обноват врските и да уживаат во хармонијата што долго ја посакувале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Кејт Мидлтон зборуваше за борбата со ракот: Создавате еден вид храброст за време на третманот

Не сте во можност нормално да функционирате дома како што можеби сте биле навикнати, рече принцезата Кејт Мидлотон говорејќи за борбата со ракот.
Принцезата Кејт Мидлтон (43) ја посети болницата „Колчестер“ во Есекс и откри некои непознати детали за својата борба страшната болест.
Кејт објави во март минатата година дека ќе мора да се подложи на хемотерапија кога тестовите извршени по големата операција на абдоменот покажаа дека е присутна неодредена форма на рак.
A very candid moment for the Princess of Wales who is so used to weathering her storms in private:
“You put on a sort of brave face and stoicism through treatment… the treatment is finished ‘it’s like: “I can crack on, get back to normal,” but actually the phase afterwards is… pic.twitter.com/HCijiwO1lA— Canellecitadelle (@Canellelabelle) July 2, 2025
Таа ја заврши терапијата во септември минатата година и сега е во ремисија.
„Создавате еден вид храброст, стоицизам за време на третманот, третманот е завршен, потоа мислите: Можам да продолжам, да се вратам во нормала, но всушност фазата по тоа е навистина… тешка“, рече Мидлтон, како што објави „Ројтерс“.
Обраќајќи се пред персоналот, пациентите и волонтерите во болницата, британската принцеза ја нагласи важноста на поддршката по третманот истакнувајќи дека иако пациентите можеби повеќе не се под клиничка нега, тие честопати сè уште се борат да функционираат нормално.
Кејт ги опиша дијагнозата и третманот на ракот како огромна животна промена и за пациентите и за нивните најблиски.
„Ова е ролеркостер, не е млазен авион“.
Принцезата постепено им се враќаше на своите кралски должности, но минатиот месец ја пропушти коњската трка Ројал Аскот, а кралски извор ја наведе нејзината потреба за одмор по третманот за рак.
„Понекогаш не го препознавате тоа, не мора нужно, особено кога е првпат, да сфатите колку големо влијание ќе има. Мора да ја пронајдете вашата нова нормалност… Но, реалноста е дека не е така, поминувате низ тежок период“, рече принцезата Кејт за време на разговор со пациенти со рак.
За време на посетата на болницата, Кејт посети и градина во која се одгледуваат некои од растенијата што им помагаат на пациентите со рак да ја поминат хемотерапијата и опиша колку природата ѝ значи велејќи: „Тоа беше мое засолниште, мој извор на сила за време на закрепнувањето“.
Забава
(Видео) Шарлиз Терон призна: „Имав секс со 26-годишник, беше неверојатно“

Актерката Шарлиз Терон отворено проговори за својот сексуален живот и за врската од една вечер што ја имала со помлад маж.
Терон се појави во поткастот Call Her Daddy, каде што ѝ кажа на водителката дека таа ноќ ќе ја памети долго време.
View this post on Instagram
„Имав можеби три авантури за една ноќ во целиот мој живот, но неодамна имав секс со 26-годишник. Беше неверојатно. Никогаш порано не сум го направила тоа. Си реков: О, ова е одлично“, рече таа.
Шарлиз исто така рече дека стекнала новооткриена самодоверба кога станува збор за секс во последната деценија, но дека сè уште верува оти е последната личност на која може некој да ѝ се обрати за совет за сексуални врски.
Забава
Пејачката Даниела Мартиновиќ среќно вљубена во новиот партнер

Даниела Мартиновиќ објави фотографии со својот партнер Јосип Плавиќ на „Инстаграм“.
Таа стави емотикон во облик на срце во описот на објавата. Многумина напишаа во коментарите дека Даниела и Јосип се прекрасен пар и дека им посакуваат многу среќа.
Врската на Даниела и Јосип стана позната на почетокот на 2023 година. Даниела тогаш изјави дека го запознала Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел пријава за кражба на идентитетот преку интернет во 2022 година. Полицијата бргу го решила случајот, а Даниела и Јосип продолжиле да се дружат. Сега градат куќа заедно.
Ова е првата јавна врска на Даниела Мартиновиќ по завршувањето на 24-годишната врска со Петар Грашo во 2021 година.
Јосип, патем, ѝ се врати на музиката на почетокот на минатата година. Тој ја напушти полицијата и повторно го обедини својот стар бенд „Изван закона“.