Забава
Тројца мажи поднесоа граѓански тужби против Кевин Спејси во Лондон
Американскиот актер Кевин Спејси ќе се соочува со ново судење во Британија во октомври 2026 година, овојпат во граѓанска постапка, по обвиненијата за сексуални напади поднесени од тројца мажи, објави во средата Високиот суд во Лондон. Спејси во 2023 година беше ослободен од обвиненијата за сексуален напад врз четворица мажи, по кривична постапка што траеше неколку недели.
Двајца од нив сега го гонат во граѓанска постапка, а им се придружи и третиот тужител, британскиот актер Руарии Кенон. Кевин Спејси, добитник на Оскар за „Американска убавина“ и „Booбичаените осомничени“, тврди дека е невин.
На прелиминарното рочиште во средата, судијката Кристина Ламберт привремено го одреди октомври 2026 како термин за разгледување на трите тужби. До тогаш ќе се одржат дополнителни рочишта за да се утврди дали тужбите ќе се водат заедно или одделно. Настаните од тужбите се случиле меѓу 2004 и 2015 година, кога Спејси бил уметнички директор на театарот Old Vic во Лондон. Двајца од тужителите тогаш биле млади актери, според судските документи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Елтон Џон откри дека целосно го изгубил видот на едното око, но верува во медицински напредок
Британскиот музичар, Елтон Џон, неодамна откри дека, и покрај тоа што го губи видот на десното око, не ја губи вербата во медицинскиот напредок.
Во интервју за списанието „Варајати“, 78-годишниот уметник проговори за својата кариера и секојдневниот живот откако целосно го изгуби видот на тоа око во 2024 година.
Како што раскажа, последните 15 месеци биле исклучително тешки:
„Беше катастрофално. Бидејќи го изгубив видот на десното око, а левото не е во добра состојба, не можев да гледам, читам или да видам ништо јасно.“
За време на летниот одмор во Франција истата година, Џон доби инфекција која ги зафати двете очи. Сепак, и покрај сериозните заболувања, тој се обидува да го одржи оптимизмот.
„Имав неверојатен живот и има надеж. Морам да бидам трпелив и да верувам дека науката ќе ми помогне еден ден. Не смееме да се откажеме, мора да бидеме силни, стоички и постојано да се обидуваме да најдеме начин да ги подобриме работите“, рече тој.
Тој изрази благодарност што сè уште може да пее, да свири и да се потпре на силниот систем на поддршка што ги вклучува сопругот Дејвид Фурниш, нивните синови Закари (14) и Елајџа (12), како и блиски пријатели.
„Понекогаш целиот овој товар ме обесхрабрува, но на крајот, имам прекрасно семејство, одлични деца и него“, додаде тој.
Забава
(Фото) Толку моќно и толку модерно: модно парче што ќе биде хит оваа сезона
Моделот Роузи Хантингтон-Вајтли неодамна присуствуваше на вечерна забава во Лондон, а за таа пригода донесе модни парчиња кои воопшто не одговараат на нејзината палета на бои, ниту на нејзиниот стил.
За разлика од неутралните нијанси кои често се составен дел од нејзините комбинации, овој пат се одлучи за драматични тонови, но и за едно шик парче облека – кожен капут.
Таа носеше бордо капут со кариран комбинезон одоздола. Облеката е дел од есенската колекција 2025 на брендот Burberry, а совршено изгледа на познатата манекенка.
Својот стил го комплетираше со минимална шминка во нежни тонови и брановидна фризура која му даде тој природен, не премногу сериозен изглед.
фото: епа
Забава
(Видео) Модниот спектакл на Меланија Трамп: Никој не го очекуваше овој спој
Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп се појавија во Белата куќа за традиционалното помилување мисирки, а во таа прилика модното издание на Меланија повторно беше во центарот на вниманието.
Откако целиот моден свет зборуваше за нејзините чевли што ги избра за да ја пречека новогодишната елка, Меланија се потруди да го надмине претходното издание и повторно да покаже која е кралицата на елеганцијата и софистицираноста.
Кафеавата боја е вистинскиот избор кога станува збор за есен и зима, а оваа сезона е особено модерна, па Меланија донесе тесна здолниште токму во таа боја, која ја комбинираше со едноставна ролка од истата нијанса.
Првата дама не сакаше да отстапи од оваа боја, па чевлите беа исто така кафеави и сето тоа заедно беше вистинско монохроматско модно совршенство.
А потоа дојде бомбер јакната, малку неочекувана, но сепак се покажа како хит. Меланија ги комбинираше лежерните и елегантните комбинации и покажа дека можеби малку необичните комбинации можат да изгледаат одлично, ако само знаете како да ги извлечете.

President Donald Trump (R) and First Lady Melania Trump (L) arrive to pardon a turkey named Gobble in the Rose Garden of the White House in Washington, DC, USA, 25 November 2025. The annual White House tradition of pardoning a Thanksgiving turkey dates back to 1989, when President George H.W. Bush pardoned a turkey in the Rose Garden. EPA/JIM LO SCALZO / POOL
Меланија Трамп дефинитивно го знае тоа. Уште еднаш, таа му ги покажа на светот своите модни вештини и беспрекорен стил директно од модната писта.
фото: епа

