Забава
Турските медиуми шпекулираат дека бракот на Сулејман и Шехерезад е на стаклени нозе
Актерката Бергузар Корел, позната во нашите простори како Шехерезад од ТВ-серијата „Илјада и една ноќ“, во март го доби второто дете со 49-годишниот актер Халит Ергенч кого го паметиме по улогата Сулејман Величествениот.
Иако сите мислеа дека во нивниот меѓусебен однос нема никаков сигнал за проблеми и дека синот Хан ја дополни семејната идила, се чини дека не е така.
Според некои турски медиуми, сопружниците се на чекор до одлука за развод.
Не се сложуваат за многу работи. Најлошо е што Халит не сакал второ дете бидејќи сметал дека е престар, а неговата сопруга го наговарала на тоа речиси две години. Кога останала трудна, тој бил пресреќен, но по породувањето, таа целосно му се посветила на детето и тој сега се чувствува запоставен.
Медиумите цитираат извор близок до парот, кој открива дека тие решиле да се раздвојат на неколку месеци, а потоа да разговараат дали разделбата ќе биде засекогаш.
Наводно, 50-годишниот актер веќе почнал да се допишува со друга жена за која локалните медиуми пишуваат дека е многу популарна и е една од најголемите актерски надежи на Турција.
Му недостигаат страст и жар, а сопругата го одбива. Едноставно, хемијата исчезна, а таа воопшто не се труди да направи нешто. Тој има потреби како и сите други луѓе, додава изворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Развод на хоризонтот: Џенифер Лопез ужива во Италија додека Бен го поминува времето со својот син
Додека светските медиуми не престанат да пишуваат за нејзиниот наводен неодамнешен развод, пејачката Џенифер Лопез реши да отпатува во Италија со своите пријатели, оставајќи го дома својот нерасположен сопруг Бен Афлек.
Афлек е фотографиран од папараците како оди без бурма на раката и го поминува слободното време во Лос Анџелес дружејќи се со својот син Семјуел, кого го однел на возење со електричен мотор.
За тоа време Џеј Ло ужива со пријателите во Позитано, Италија, каде е фотографирана како се релаксира на јахта во светло жолт комбинезон.
„На Џени и е доста од се и навистина се обидуваше околу бракот, но не може повеќе. Не станува ништо подобро, само се влошува. Бен е секогаш мрзлив и несреќен, едноставно е невозможно да се живее со него“, рече извор од музичката индустрија за Дејли Мејл и откри дека се откажала од својата турнеја за да го спаси бракот.
Сепак, бракот очигледно не се подобрува, а сега е предоцна за турнејата, па Џеј Ло реши деновите да ги помине во друштво на луѓе кои ќе и го подигнат расположението.
„Тоа е најпаметното нешто што можела да го направи“, „Нејзините постапки треба да ни бидат пример на сите. Таа не треба да трпи никого, дури ни со сопругот“, „Уживајте, кралице“, „Значи, вака изгледа тоа нејзиното ‘ќе поминувам повеќе време со семејството’“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Забава
Зошто Роналдо секогаш има црн лак на нозете: постои добра причина
Кристијано Роналдо објави фотографија на Инстаграм на која позира со својот 13-годишен син Кристијано Џуниор во домашната теретана, а еден детаљ им падна во очи на навивачите. Имено, забележале дека има црн лак на нозете, а за тоа има добра причина.
Роналдо нанесе заштитен слој од специјален лак за да ја намали можноста за појава на габи или бактерии на неговите нокти.
Познатиот фудбалер не е единствениот кој ги бои ноктите на нозете. ММА борците, тркачите и боксерите нанесуваат слој заштитен лак на нозете, но фудбалерите се особено подложни на габични инфекции околу ноктите на нозете бидејќи секојдневно поминуваат часови и часови потејќи се во копачки и се повеќе склони кон повреди на прстите.
Забава
Српскиот херој на мечот против Словенија од трибините го бодреше најубавата Србинка
Натпреварот меѓу Србија и Словенија го следеше најпознатата српска жена на фудбалер, Софија Милошевиќ. Партнерката на фудбалерот Лука Јовиќ покажа фотографии од стадионот каде пристигна облечена во неговиот дрес.
Софија многумина ја нарекуваат најубава Србинка, долги години се занимава со манекенство, а денес е сопственичка на моден бренд. Двојката е заедно до 2019 година, а имаат два сина: Теодор и Алексеј. Јовиќ има уште еден син од врската со Анѓела Маниташевиќ.
И токму Јовиќ ги спаси Србите од пораз со гол во последните секунди од играта, со што се израмни на 1:1, па заврши нерешено.