Забава
Финансиските тешкотии се нивно второ име: хороскопски знаци кои немаат среќа со парите

Според астрологијата, некои луѓе имаат поголема веројатност да западнат во финансиски тешкотии, не затоа што не заработуваат доволно, туку затоа што трошат импулсивно, преземаат ризици без план или едноставно не размислуваат за долгорочните последици.
Некои имаат тенденција да ги игнорираат предупредувањата, други премногу се потпираат на среќа, а трети пак имаат тешкотии да разликуваат желби од потреби. Таквите луѓе често се раѓаат во следните хороскопски знаци.
Стрелец
Луѓето родени во знакот на Стрелец ја сакаат слободата и авантурата, а тоа често се гледа во нивниот став кон парите. Наместо да штедат, тие би сакале да трошат на патувања, искуства или подароци – честопати без да размислуваат за последиците.
Нивниот оптимизам ги тера да веруваат дека ситуацијата секогаш ќе се реши некако. Но, овој став може да доведе до долгови или зависност од други кога работите ќе тргнат наопаку. На Стрелецот му треба малку повеќе планирање и помалку импулсивно трошење.
Риби
Рибите се емотивни и често трошат пари за да го подигнат расположението или да им помогнат на другите, дури и кога не можат да си го дозволат тоа. Тие не сакаат да се замараат со бројки и честопати избегнуваат да размислуваат за фактичкото салдо на нивната сметка.
Поради нивната чувствителност, тие се способни да преземат финансиска одговорност за другите, што може да ги доведе во незавидни ситуации. Иако имаат добра интуиција, ретко ја користат кога станува збор за финансии. Дисциплиниран пристап кон парите би можел многу да им го олесни животот.
Близнаци
Близнаците се љубопитни и склони кон чести промени, што често се одразува на нивните пари. Тие се привлечени од нови идеи, трендови и импулсивни купувања, поради што лесно ја губат контролата врз својот буџет. Тешко им е да останат доследни на долгорочните финансиски цели бидејќи нивните приоритети брзо се менуваат.
Тие можат да заработат многу пари, но исто така можат брзо да потрошат сè што имаат. Кога ќе научат како да се справат со сопствената неодлучност и ќе создадат рутина, можат да избегнат многу финансиски тешкотии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Инспирирани од вистинска љубовна приказна, Антониа Гиговска и Роберт Билбилов ја создадоа „Аман“

Инспирирани од една вистинска животна приказна, познатиот продуцент Роберт Билбилов, заедно со Антониа Гиговска создадоа музичко ремек-дело.
Насловот на новата нумера е „Аман“, а доаѓа како инспирација од една смс-порака која гласела: „Мислев ти си ми таман, ама испадна АМАН“.
Токму оваа порака била доволна за продуцентот Билбилов ја направи оваа композиција.
Песната беше објавена вчера на сите музички платформи.
„Аман се случи многу спонтано… Тоа е песна која зборува за однос кој веќе е скршен и никогаш повеќе не може да биде ист. Некогаш премногу очекуваме, па се разочаруваме. Пресреќна сум што ова е моја прва соработка со Роберт, а за мене веќе е успешна. Коментарите од луѓето се сите позитивни, што за песната што за изгледот, а и за спотот кој го режираше маестралниот Даниел Јовески. Се надевам дека “Аман” ќе допре до сите!“, вели Антониа.
„Аман“ е првата песна од вториот студиски албум на Антониа, „Жена“.
Инаку за новата песна уште пред повеќе од еден месец беше снимен и видеоспот во далечниот Египет, каде Антониа со својот тим од соработници отпатуваа на неколку дена.
Забава
Никол Шерцингер не престанува да провоцира, и овојпат во бикини

Популарната пејачка Никол Шерцингер не престанува да провоцира со своите разни појавувања во бикини. Веќе некое време на нејзиниот профил нема објави освен оние од плажа, па овој пат беше слично.
Но, не стануваше збор за одмор, сега Никол снимаше реклама во која носеше бикини и го покажуваше своето затегнато тело.
Никол позираше во црно и во маслинесто бикини кои ги истакнуваа сите нејзини облини, а косата ѝ беше стилизирана во бранови и имаше лесна шминка.
Bikini-clad Nicole Scherzinger shows off her fit figure in glamorous photo shoot https://t.co/m988K7JHWv pic.twitter.com/M6YxsHxOnz
— Page Six (@PageSix) May 3, 2025
Не недостасуваа коментари за нејзиниот совршен изглед, а никој не е јасен што точно направила оваа жена за да изгледа вака на 46 години.
Никол неодамна беше прогласена за една од највлијателните личности на годината.
Никол напорно тренира за да изгледа совршено, а исто така обрнува многу внимание и на исхраната.
„Јадете квалитетна храна, вежбајте и слушајте музика што ќе ви го подобри расположението. Најдете време за молитва и медитација и одвојте време за себе – подгответе купка, одете на масажа“, рече таа еднаш.
Забава
(Видео) Метју Меконахи и неговата сопруга без панталони и без срам

Познатиот актер Метју Меконахи овој пат е во центарот на вниманието со сопругата Камила Алвес.
Тие го лансираа својот бренд пред две години, а сега ја снимија рекламата.
„Pantalones Organic Tequila“ е името на брендот, а во еден момент од рекламата, двојката остана без панталоните. Милиони следбеници беа воодушевени, но и изненадени, а едно од прашањата што се поставуваат е дали нивната текила навистина делува на тој начин.
Иако во рекламата имаше „заматен“ дел од нивните тела кога наводно беа без панталони, со оглед на тоа што актерот објави и за настаните за време на снимањето, јасно беше видливо дека двајцата носеа шорцеви во боја на кожа.