Забава
(Фото) Вампирската фризура неочекуван хит за 2026 година
Ако мислевте дека сме виделе сè кога станува збор за враќањето на естетиката од минатите децении, 2026 година носи едно изненадување: вампирската фризура.
Секогаш сме подготвени за нови трендови и нова фризура, но изгледот на вампирската кос, дефинитивно, не беше она што го очекувавме. Сепак, според податоците на „Пинтерест“, интересот за вампирската фризура е зголемен за 40 %, што јасно покажува дека ова е тренд кој штотуку влегува во својот полн ек. Сè се вклопува во поширока естетика, што платформата ја нарече вампир-романса – темна, сензуална и малку носталгична убавина, што излегува од сенките во 2026 година.
View this post on Instagram
Според предвидувањата на „Пинтерест“, кој веќе се занимава со модните трендови за 2026 година, миленијалците и генерацијата Z целосно ќе се свртат кон естетиката по темнината. Црните нокти, романтичните готски фризури и размачканите зачадени очи стануваат новиот хит за убавина. Бројките се импресивни: пребарувањата за темна романтична шминка се зголемени за 160 %, т.н. вампирска убавина за 90 %, кармила-естетиката за 60 %, а готските coffin-нокти се зголемени за 180 %. Јасно е дека темното расположение не е ограничено само на шминката, туку сè повеќе се пробива и кај косата.
View this post on Instagram
Иако може да изгледа како новина, замислената темна убавина веќе некое време ги гради своите следбеници. Минатата година сирената со темна, влажна шминка доминира на модните писти и на „Тик-ток“, но за 2026 година вампирското јадро се враќа со посебна доза носталгија – да, мислиме на ерата на „Самрак“ од 2000-тите – но во помодерна, лична верзија. Денешната верзија не е костимирана или буквална; таа е посуптилна, приспособлива и исклучително индивидуална.
View this post on Instagram
Брзиот поглед на терминот вампирската фризура открива дека не постои универзален изглед. Тука лежи неговата привлечност. Трендот се манифестира преку пократки блокови или т.н. скршени кркми, кои изгледаат како сами да паднале на место, неуредна текстура, која изгледа како да се имале немирна ноќ, но и преку мазни, малку извиткани боб фризури и миди фризури кои потсетуваат на пософистицирана верзија на естетиката на Дракула. Сè заедно, тоа носи доза на острина и таа привлечна, малку бунтовна DGAF енергија.
Фризерите потврдуваат дека трендот веќе пристигна во салоните. Сè повеќе клиенти бараат пократки, потекстурирани шишки инспирирани од Џејн Биркин, но во потемна, помалку романтична верзија. Ваквите кркми често се комбинираат со воздушести, непотстрижени слоеви, кои се приспособуваат на обликот на лицето и на природната текстура на косата. За оние што не се подготвени за драстично потсрижување, постои и помека верзија – неколку меки прамни околу носот или јаболкцата, кои даваат чувство на вамп-естетика, без целосно да се потопат во трендот.
View this post on Instagram
Кога станува збор за стилизирање, тука целта не е совршенството – всушност, пожелна е мала несовршеност. Природна текстура, тапи основни линии и разбушавени кркми се суштината на овој изглед. Текстурирачките спрејови играат клучна улога бидејќи ѝ го даваат на косата тој малку неуреден изглед што трае цел ден. Алтернативно, измазнетите, намастени прамни повлечени наназад создаваат силен графички ефект, што изгледа модерно и малку опасно, без потреба од совршени краеви.
Вампирската фризура за 2026 година не е тренд што се наметнува – таа се адаптира. Може да биде драматична или суптилна, остра или мека, но секогаш носи доза темна романса и самоуверен став.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џенифер Кулиџ: Спиев со речиси 200 мажи поради улогата на мајката на Стифлер во „Американска пита“
Актерката Џенифер Кулиџ, најпозната по улогата на мајката на Стифлер во култната комедија „Американска пита“, откри дека таа улога ѝ донела неочекувани придобивки во приватниот живот. Таа тврди дека, благодарение на статусот на МИЛФ-икона, спиела со речиси 200 мажи, со кои, како што вели, инаку немало да има можност да спие, пишува „ЛАД бајбл“.
„Американска пита“, тинејџерска комедија што го обележа крајот на деведесеттите години, на светот му го претстави ликот на Стифлер, незаборавната сцена со питата од јаболка и, секако, мајката на Стифлер. Улогата на Џанин Стифлер, привлечна постара жена, која заведува пријател на својот син, ја лансира тогаш 38-годишната Кулиџ меѓу холивудските ѕвезди и ја претвори во мејнстрим секс-симбол.
Актерката во интервју за „Варајети“ во 2022 година отворено зборуваше за тоа како ја искористила славата што ѝ ја донела оваа улога.
„Улогата на МИЛФ ми донесе огромна популарност. Благодарение на ‘Американска пита’ имав многу сексуална активност“, изјави Кулиџ.
„Имаше толку многу придобивки од снимањето на тој филм. Мислам, спиев со приближно 200 луѓе, со кои инаку немаше да имам можност да спијам“.
Кулиџ го толкуваше овој легендарен лик дури четирипати во популарната франшиза – во филмовите „Американска пита“, „Американска пита 2“, „Американска пита: Венчавка“ и „Американска пита: Обединување“.
Сепак, во истото интервју Кулиџ призна дека славата имала и своја цена. По улогите на мајката на Стифлер и на Полет во филмовите „Русокоса од Харвард“, таа се чувствувала заробена во ист тип улоги верувајќи дека никој во Холивуд не ја доживува како сериозна актерка.
„Ако не добивам одлични улоги, доаѓам до заклучок дека луѓето мислат оти сум неспособна за такви улоги. А потоа донесувам одлука дека навистина сум неспособна. Мора да имате режисер како Мајк Вајт, кој ќе ви каже: ‘Мислам дека ти тоа го можеш’“, објасни таа.
Токму улогата на Тања Меквојд во популарната серија на Ејч-би-о, „Белиот лотос“, зад која стои режисерот Мајк Вајт, ѝ донесе препород на кариерата. Таа улога ѝ го подигна статусот во индустријата и ѝ ја обезбеди првата номинација за престижната награда „Еми“ потврдувајќи го нејзиниот актерски опсег и отворајќи ѝ врата за нови проекти.
Забава
„Се плашев да заспијам“: Кејт Винслет за славата по „Титаник“
Филмот „Титаник“ ја претвори Кејт Винслет во светска ѕвезда, но славата имала и своја мрачна страна. Актерката, која тогаш имала 22 години, откри дека по излегувањето на филмот, се соочила со ужасно нарушување на приватноста, што вклучувало прислушување телефонски разговори и пребарување по нејзиното ѓубре поради што се плашела дури и да заспие. За овој бурен период од својот живот таа зборуваше во неодамнешно интервју, пишува „Ентертејнмент викли“.
Улогата на Роуз де Вит Букатер во блокбастерот на Џејмс Камерон од 1997 година ја лансира Винслет во ѕвездените височини поради што морала бргу да се приспособи на животот под лупа на јавноста. Филмот дебитира на првото место и таму остана неверојатни 15 недели, а таа и Леонардо ди Каприо станаа цел на таблоидите и папараците, кои ги следеле на секој чекор.
„Не бев подготвена за тој свет“, призна Винслет во интервју за „Би-би-си радио 4“.
Опишувајќи го тој период, Винслет рече: „Беше ужасно. Луѓето ми го прислушуваа телефонот. Беа насекаде. А јас бев сама. Ме ужасуваше помислата на спиење“.
Особено ја вознемирувал фактот што луѓе ѝ ги пребарувале кантите за ѓубре обидувајќи се да откријат што јаде. Таа додаде дека по огромната популарност на филмот, своето лице почнала да го гледа на насловните страници на списанија и весници, често придружено со „ужасни, страшни, всушност навредливи прекари“.
Единствениот начин на кој се справувала со притисокот, откри таа, биле едноставните нешта – разговори со пријателите и добра храна. Заклучи: „Животот е многу подобар поради тие работи“.
Актерката раскажа дека навлегувањето во нејзината приватност повторно се засилило десетина години подоцна кога во 2010 година се разведувала од својот втор сопруг, режисерот Сем Мендес.
„Папараците ме следеа во Њујорк со моите две мали деца затоа што, секако, сакаа да знаат зошто Сем и јас се разделивме“, сподели таа.
На прашањето како тогаш се справувала со ситуацијата, одговори: „Едноставно, ја држиш устата затворена, ја спушташ главата и продолжуваш да одиш. И се обидуваш да им ги покриеш ушите на своите деца. Се потпираш на пријателите и, едноставно, продолжуваш понатаму“.
Притоа им се заблагодари на пријателите за поддршката спомнувајќи ги соседите, кои ѝ оставале „чинија топла тестенини и мала чаша црвено вино“ на ѕидот меѓу нивните домови.
Забава
(Фото) Вистинска убавица: минијатурното бикини ги откри сите нејзини атрибути
Пејачката Дуа Липа ужива во заслужен одмор, но и во друштво на својот сакан Калум Тарнер. Пејачката неодамна ја заврши музичкта турнеја во Мексико, а сега одлучи да се посвети на својата благосостојба.
Таа објави компилација од фотографии на „Инстаграм“, на кои се гледаат нереалните кадри од природата, како и нејзината завидна фигура. Може да се заклучи дека снимките од нејзиното згодно тело привлекоа внимание бидејќи предизвикаа и лавина коментари на интернет.
Дуа позира во минијатурно бикини во леопард-принт, кое ги нагласуваше нејзината завидна фигура и обликуваното тело.
Коментарите од обожавателите беа секако забележливи, а многумина ја пофалија за нејзината убавина.
View this post on Instagram
„Прекрасна природа, но сепак си поубава“, „Те обожавам, девојко“, „Какво тело и каков глас…“, се само неколку.
Дуа Липа, според неодамнешното истражување на PlayersTime, поседува карактеристики на вистинска убавица. Тие исто така споменаа кои физички карактеристики ја красат:
„Имињата може да се менуваат, трендовите може да се менуваат, но одредени особини остануваат: елеганција, раскошна коса, самоуверено присуство и таа недостижна мешавина од младост и софистицираност“, објаснија тие.

