Црна хроника
Фатен ограбувач на аптеки, го откриле камерите
Полицијата го фатила ограбувачот на аптеки во неколку скопски населби. Станува збор за 40-годишниот С.Х. од Скопје за кој е поднесена кривична пријава за две разбојништва. Тој кражбите ги извршил минатата недела во вечерните часови во аптеки во Аеродром и во Ѓорче Петров. Разбојништвата ги извршил на тој начин што откако ќе се уверел дека нема да биде забележан од никого, влегувал во аптеките со пиштол во рака и со закана по животот кон вработените од регистер касите одземал пари и други производи од сталажите, по што го напуштал местото на настанот.
Според МВР, тој од аптеките украл околу 31.330 денари. Завчера, врз основа на претходно добиена наредба од Основен суд Скопје 1, бил извршен претрес на дом и други простории кај скопјанецот. Исто така, извршен е и предглед на видео материјалот од безбедносните камери на двете аптеки. Покрај ова, истиот ден во просториите на ПСОН Карпош извршено е препознавање од страна на вработените, кои со сигурност го посочиле дека ги извршил разбојништвата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.