Регион
(Видео) Вонредна ситуација на грчкиот остров Евија, огнот се шири
Локалните власти наредија масовна евакуација на грчкиот остров Евија, поради ширењето на шумскиот пожар што изби вчера, а прогласена е и вонредна ситуација.
Веќе се евакуирани две села и манастир.
Главниот пат од 180 километри што води кон островот е стопиран за сообраќај во областа што е во близина на пожарот, соопшти полицијата која ги повика луѓето да ги користат траектите за од островот да дојдат до Атина. Траектите ќе сообраќајaт и во текот на целата ноќ, пренесе „АП“.
#BREAKING
???? Wildfire rages on Greek island of Evia, villages evacuatedSun Aug 12 15:00:07 2018
➡️ https://t.co/BjC17yhWAf#greece #wildfire #wildfires #athens #Kontodespoti #Stavros #footage #newskali #Evia #video@NewsKali
Kali Yuga | Apocalyptic News – Aug 2018 pic.twitter.com/flEbadHqem
— Kali Yuga | Apocalyptic News (@NewsKali) 12 August 2018
Противпожарникарната бригада соопшти дека жителите на селата Контодеспоти и Ставрос во централните делови на Евија, околу 70 километри од Атина се евакуирани.
„Огнот зафати големо подрачје“, изјави претставник на општината во која припаѓаат двете села. Пожарот, како што вели, зафатил борова шума и се движи кон Псахни. Тој додаде дека огнот се шири поради силниот ветер.
#Greek authorities order mass evacuations as #fires rage on #Evia island https://t.co/wnvABznvwu pic.twitter.com/bDBZfyZPBN
— Sputnik (@SputnikInt) 13 August 2018
#Greece #Evia #Εύβοια it Seems under control now #canadair pic.twitter.com/QL1Hp3vqDK
— Antonio Pires (@cinepires) 12 August 2018
Пожарот го гасат 62 пожарникари со 28 возила, а во секое време се очекува да стигне и засилување од централна Грција.
Our pure forests in #Evia #Euboea #Ευβοια #greece in jeopardy hope all ppl are safe and our heroes @pyrosvestiki fire fighters ,would give their best efforts as always ?? pic.twitter.com/9pxj7DZNyF
— Δημήτριος ܕܝܡܝܬܪܝܘܣ (@Jim_Pana) 12 August 2018
Во пожарите што минатиот месец го зафатија селото Мати, недалеку од Атина настрадаа 94 лица, по што премиерот Алексис Ципрас ги промени министерот за цивилна заштита и раководителите на противпожарната бригата и полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ
Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во изминатата година, додека другите земји-кандидатки ќе мора да инвестираат повеќе, изјави денес комесарката за проширување Марта Кос.
„Значителниот напредок постигнат досега од Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина на нивниот пат кон ЕУ покажува дека реформите се исплатуваат. Ова треба да послужи како силна мотивација за сите земји вклучени во процесот“, рече Кос, презентирајќи го извештајот за напредокот на земјите-кандидатки и потенцијални кандидатки пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
Кос нагласи дека проширувањето на Европската Унија би можело да стане реална можност со оглед на забрзаното темпо на конвергенција на некои земји. За да се случи проширувањето, земјите-кандидатки треба да се подготват да ги преземат одговорностите за членство, додека Европската Унија треба да се подготви за проширување, додаде Кос.
Кос нагласува дека следната година ќе биде „момент на вистината“ за сите земји-кандидатки, особено за оние со амбициозни планови за завршување на преговорите.
Фото: принтскрин
Регион
Едно лице убиено, две повредени на грчкиот остров Евија
Дваесетгодишен маж беше избоден до смрт, а уште две лица беа повредени во два одделни инцидента на грчкиот остров Евија, соопшти полицијата.
Службениците изјавија дека случаите би можеле да бидат поврзани со насилство на фудбалски натпревари, објави „Ројтерс“.
Пет лица се уапсени, вклучувајќи двајца повредени мажи, а најмалку осум лица наводно биле вклучени во насилството, изјави портпаролката на полицијата, Константина Димоглида, за грчката телевизија „Скај“.
Полицијата истражува дали инцидентите биле мотивирани од конфликт меѓу навивачи на два сопернички фудбалски тима.
Податоците на полицијата покажуваат дека бројот на насилни инциденти поврзани со спортот се удвоил, од речиси 300 случаи во 2020 година на 700 годишно, а службените лица исто така истакнуваат дека постои можна врска меѓу хулиганите и криминалните банди.
Фото: принтскрин
Регион
Вонредна ситуација во нуклеарната централа „Козлодуј“ во Бугарија
Во нуклеарната централа „Козлодуј“ избувнал пожар во енергетската просторија на безбедносниот систем на петтиот блок, што предизвикало итна реакција на работниците на електраната, објави порталот „Новините“.
Поради густиот чад во просторијата, повикана е противпожарна служба, а се преземаат мерки за замена на оштетената опрема, јавува „Танјуг“.
Официјално е објавено дека ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за луѓето. Работниците во електраната остануваат во готовност додека инцидентот не се реши целосно.
Фото: принтскрин

