Контакт

Крвав четврток

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

Објавено пред

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на судот, Иван Џолев, донел решение со кое го одбива барањето на адвокатот на Јохан Тарчуловски за нејзино изземање бидејќи, како што соопшти, никој од поканетите на рочиштето не се сослушува во својство на оштетен, туку само како сведок.

Пратеникот Ферид Мухиќ во сведочењето рече дека имал блиска средба со еден од напаѓачите во Собранието на 27 април 2017 година. „Го фрли тркалото од ногалката од металното столче, јас се наведнав и тркалото се распадна во ѕидот“, сведочеше Мухиќ. Пратеникот рече дека напаѓачот бил неверојатно силен и прецизен како атлета и го гледал со омраза иако почувствувал дека нема ништо лично против него.

„Добив впечаток дека станува збор за команден штаб, бидејќи разговараа хиерархиски со наредби“, се присети Мухиќ. Според него, присутните прашувале што станало со Зијадин Села и откако добиле одговор дека е готов, некој прашал: „Што е со останатите?“

Сведокот Мухиќ рече дека еден од гласовите извикал: „Излези, доаѓаат Шиптарите. Ако треба да им дадеме оружје на луѓето“.

По него во судот на предлог на Обвинителството треба да сведочат градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, и новинарката Душица Мрѓа.

Крвав четврток

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Објавено пред

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од страна на одредени полициски и обвинителски структури добил понуда да биде заштитен сведок за крвавиот четврток, а наместо тоа да не биде обвинет за случајот.

„Ми дадоа понуда, односно бев уценет да бидам заштитен сведок во замена да немам кривична пријава. Требаше да читам лист хартија што ми беше даден. Одговорот мој беше и 100 години да ме судат немам намера лажно да сведочам ниту, пак, да местам луѓе. Тогаш ми рекоа ќе зажалиш. По 1 месец ме уапсија“, рече Ченто.

Покрај другото, тој истакна дека обвинителството товари погрешни луѓе за настаните во Собранието и дека вистинските виновници не се на обвинителна клупа. Ченто побара судот да донесе ослободителна пресуда, што би била единствена праведна одлука.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Дурловски: Доколку сум знаел за вакво сценарио за 27, осудете ме

Објавено пред

Доколку најдете доказ за какво било мое учество, планирање, намера да бидам дел од некакво сценарио за 27 април, осудете ме. Не барав амнестија затоа што сум смел, туку дека не сум виновен, изјави оперскиот пејач Игор Дурловски на завршните зборови за крвавиот четврток.

Дурловски истакна дека на 27 април 2017 ја испеал химната на Република Македонија и заминал со неговиот син да гледа ракомет во спортската сала „Јане Сандански“. Откако видел на интернет дека граѓаните влегуваат во Собранието, Дурловски се вратил.

„Ако за тоа што сум бил во Собранието заслужувам казна како што вели обвинителството, тогаш осудете ме. Освен мое присуство таму, друго нема што да утврдите“, вели Дурловски.

Оперскиот пејач е обвинет дека за време на протестите на „За заедничка Македонија” држел потпалувачки говори и протестирал за материјална корист. Дурловски пред судот го негираше ова велејќи дека е навреден од обвиненијата и дека се обични лаги и невистини.

„Колку што ова ме навредува, колку што сакам на цел глас да викнам дека се лаги и измислици и колку е непоимливо, гротескно она што го говорат за мене дека ме плаќаат да протестирам, во името на правдата, а не на мојата повредена личност, ве замолувам да се прашате дали сум имал намера или водел разговори за насилство на 27 април. Дури и да сум најнеморалната личност, дека сум измамувал десетици илјади луѓе, прашајте се дали постои 1 доказ дека сум знаел што ќе се случува на 27 април. Јас верував и сè уште верувам во кауза. Се плашев за иднината на мојата земја и сè уште се плашам дека државата ми ја украде татковината. Може да ви се гадам, но не може поради тоа да ме осудите“, рече Дурловски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Објавено пред

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна дека не е дел од никакво терористичко загрозување и дека снимките кои беа презентирани во процесот покажуваат дека не извршил физички напад врз никој.

„Не сум дел од никакво терористичко здружение. Во Собрание бев службено. Не сум нападнал никого. Тоа може да се види од снимката дека мојата гардероба и обувки не се совпаѓаат со лицето кое напаѓа пратеник“, рече Пепиќ.

Тој истакна дека во Собранието помагал на повредените во нивното извлекување, што можело да се утврди и од исказите на сведоците во процесот. Пепиќ кажа и дека влегол во прес-центарот на Собранието, каде крвнички беше нападнат Зијадин Села, но со цел да ја информира службата за она што се случува внатре.

„Се повлеков кога проценив дека завршив со активностите поврзани со работата. На 27 бев со службени обврски во агенција за разузнавање. Во врска со службата влегов во Собранието. Сè додека во Собранието имаше луѓе ја информирав службата за сè што се случува таму. За информирањето на службата пријдов и во просторијата каде беше нападнат Села. Но не преземав ниту едно насилно дејствие. Верувам дека сето ова го виде и судечкиот совет, дека немам сторено никакво кривично дело“, додаде Пепиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Македонија2 часа

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија3 часа

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија3 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија4 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток4 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток5 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ5 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет6 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија6 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет7 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет7 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Свет8 часа

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци близу познатиот туристички пазар во Каиро

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци, а тројца други беа повредени додека го следеле во близина на туристичкиот пазар Кан ел-Калили во...

Свет9 часа

Пожарникарите се борат со стотици подметнати пожари во Северна Шпанија

Регионалните власти во Северна Шпанија во моментов се борат со околу 50 пожари, од кои дел се намерно подметнати, пренесува „Локал“....

Топ19 часа

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Македонија20 часа

Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на вашите функционери

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев изјави дека...

Македонија21 час

Се бара притвор за девет лица што изработувале и продавале огнено оружје

Надлежниот јавен обвинител до судот ќе достави предлог за определување мерка притвор за учесниците во криминалната група која изразботувала и...

Македонија23 часа

„Макфакс“ и Групацијата Клип медија не планираат никаква соработка со Бојан Јовановски

Редакцијата на „Макфакс“ и Групацијата Клип медија целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во...

Македонија23 часа

ССНМ со осуда за заканите на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро го осудува односот на де факто сопственикот на „1ТВ“, Бојан...

Македонија23 часа

Ванковска: Јавноста не го разбра зборот иронија, сега ми се закануваат со линч

Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај...

Досие